Во делчевското село Тработивиште одржана првата ,,Зелкаријада" - Канал 5

Во делчевското село Тработивиште одржана првата ,,Зелкаријада"

 Во делчевското село Тработивиште одржана првата ,,Зелкаријада” манифестација посветена на најзастапениот земјоделски производ кој се одгледува на ова подрачје. 

Во делчевското село Тработивиште одржана првата ,,Зелкаријада"

Сузана Стоименова која денес ја имаше улогата на готвач истакна дека зелката како незаменлив производ на трпезата во Пијанец заслужува да има свое обележје во рамки на манифестација која би прераснала во традиционална.

-Зелкаријадата ја правиме бидејки надалеку Тработивишката зелка е препознатлива како вкусна, ,,реава” и незаменлива како производ и затоа решивме да направиме нешто како традиција. Ова е прва година, а се надеваме дека со тек на годините ќе се продолжи таа традиција, рече Стојменовска.

Тработивишката зелка како производ редовно е присутна на пазарите во пошироката околина на Источна Македонија, во моментот со активно производство на зелка се занимаваат 20-тина семејства од ова делчевско село.

-Во овој период многу е барана, немаме доволно залихи да одговориме на побарувачката. Зелката обично ја садиме од старо семе од дедоовци и баби штоцни останало во наследство. Имаме и увозни сорти, за да видиме дали ќе успеат, но околу 90 проценти е домашно семе, додаде Стојменовска.

Покрај презентацијата на храна од зелка денешниот настан како што додаде некогашниот угостител Фиданчо Цинцовски е луѓето да се потсетат на некогашната дружба која ја имале во село Тработивиште.

-Денешниот специјалитет е зелка со телешко месо со додатоци од зачини како и за други јадења. Ова е прва ваква манифестација задоволни сме од посетеноста, следната година планираме да ја збогатиме и со други локални производи од храна.

Во рамки на првата Зелкаријада беше отворена изложба на традиционални земјоделски производи карактеристични за Пијанечкиот рефион кои во комбинација со зелката му дадоа посебен шмек на овој натпревар. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хрватската пејачка Жанамари повторно „ги запали“ мрежите

Атрактивната хрватска пејачка Жанамари повторно го привлече вниманието на своите следбеници на Инстаграм, објавувајќи провокативни фотографии од плажа.

Хрватската пејачка Жанамари повторно „ги запали“ мрежите

На фотографиите таа позира во бикини додека излегува од морето, а со објавата сподели и кратка, духовита порака:

„Тој ми ги испрати овие. Јас реков – Ти благодарам.

Тој рече – Ти благодарам ТЕБЕ! Како се вика?“

Заедно со објавата, таа ги додаде хаштаговите #beachbody, #bikini и #papped, алудирајќи дека фотографиите се направени спонтано, како папарацо фотографии.

За кратко време, објавата собра повеќе од две илјади лајкови и бројни комплименти во коментарите, каде што следбениците редеа емотикони од оган, срца и аплауз, фалејќи го нејзиниот изглед.

Жанамари успеа да привлече многу внимание и претходно со своите објави за костим за капење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Поранешната кралица на филмовите за возрасни без филтер

Поранешната кралица на филмовите за возрасни, Џена Џејмисон, ги изненади своите следбеници на Инстаграм со фотографија без филтер, што го симболизира нејзиниот нов почеток во животот.

Фото: Поранешната кралица на филмовите за возрасни без филтер

Провокативната Џена Џејмисон, поранешната ѕвезда на порно индустријата, ги изненади своите следбеници објавувајќи фотографија без никакви корекции на Инстаграм.

На фотографијата, направена од близу и од висок агол, Џејмисон лежи во кревет и гледа директно во камерата со неутрален израз на лицето. Русата коса ѝ е врзана во висока, разбушавена пунџа со голема ластичка со леопард-дезен.

Носи тенка маичка со цветен дезен, а на лицето и деколтето јасно ѝ се гледаат пегите, додека доаѓаат до израз и бројните тетоважи на нејзините рамења. Во описот, таа кратко и јасно напиша: „Без филтри, како противтежа на мојата огромна љубов кон уредувањето фотографии“.

Оваа објава не е само уште едно селфи по ред, туку се чувствува како силна порака што одговара на нејзините неодамнешни животни пресврти. Џејмисон, која изгради империја како една од најпознатите ѕвезди во индустријата за возрасни, а подоцна и како успешна бизнисменка, се соочи со големи предизвици во последните години.

Нејзината јавна борба со мистериозна болест што ја остави привремено неподвижна во 2022 година и бурниот приватен живот што кулминираше со развод од сопругата Џеси Лолес во февруари 2025 година ја поттикнаа да направи длабока интроспекција.

По разделбата, Џејмисон јавно го објави своето враќање во христијанската вера, зборувајќи за патот на „раст и искупување“. Затоа, нејзината одлука да го покаже своето вистинско лице, без дигитални подобрувања, делува како симболичен чекор на патот кон самоприфаќање и нов почеток.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мистериозни „вселенски топки“ исфрлени на плажа: Научниците го истражуваат потеклото и опасните хемикалии

Шест мистериозни предмети пронајдени на плажите во Австралија би можеле да бидат делови од вселенски ракети и да содржат опасни хемикалии, поради што властите го утврдуваат нивното потекло и состав.

Мистериозни „вселенски топки“ исфрлени на плажа: Научниците го истражуваат потеклото и опасните хемикалии

Шест мистериозни објекти што се појавија на плажите во северен Квинсленд би можеле да бидат таканаречени „вселенски топки“, делови од ракети што често се оставаат по лансирањето и можат да содржат токсично ракетно гориво, предупредуваат експертите.

Австралиската вселенска агенција потврди дека работи на утврдување на потеклото на објектите, пишува Гардијан.

Австралиската вселенска агенција потврди дека соработува со полицијата и Националната агенција за управување со вонредни состојби за да ја утврди природата и потеклото на мистериозните објекти. Полицијата претходно соопшти дека се сомнева дека содржат опасни хемикалии.

Предметите, опишани како големи сфери, беа пронајдени на плажите во областа Форест Бич во близина на Таунсвил.

Противпожарната служба на Квинсленд соопшти дека се пронајдени вкупно шест предмети. Тие предупредија дека „во наредните денови може да се најдат повеќе остатоци во областа“.

Иако нагласија дека во моментов нема опасност за локалната заедница, ги повикаа жителите да ја следат Австралиската вселенска агенција за новости.

Доценката Алис Горман, вселенски археолог на Универзитетот Флиндерс и експерт за вселенски остатоци, ги прегледа снимките и забележа дека предметите не покажуваат знаци на горење или тлеење.

„Ова сугерира дека тие можеби потекнуваат од ракетен степен - можеби прва или втора - ракетен степен кој се вратил на Земјата додека остатокот од ракетата продолжил да испорачува товар во вселената“, рече таа, додавајќи:

„Тие изгледаат како делови од систем за гориво. Тие се резервоари за гориво под притисок направени од легури на титаниум со многу висока точка на топење. Всушност, тие се познати како вселенски топки и можат да се најдат години по лансирањето. Можно е никој дури и да не ги видел како паѓаат“, објасни Горман.

Таа рече дека ако навистина станува збор за вселенски топки, тие би можеле да содржат траги од хидразин, високо токсично ракетно гориво. Таа шпекулира дека тие би можеле да потекнуваат од руската ракета Фрегат, која користи слични резервоари под притисок.

„Вселенските топки“ се најчестиот вид вселенски отпад и се наоѓаат низ целиот свет, изјави Горман. Се проценува дека околу нашата планета кружат повеќе од 30.000 парчиња отпад – од функционални сателити до неисправни делови од ракети.

„Вселенскиот отпад обично паѓа во морето, но Австралија е огромна копнена површина, па затоа значително количество од него завршува овде“, рече таа. Горман истакна дека вселенскиот отпад претставува сè поголем проблем поради брзиот пораст на бројот на лансирања во вселената.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер