Аларм на Алпите: Научник предупредува дека се случува нешто невидено - Канал 5

Аларм на Алпите: Научник предупредува дека се случува нешто невидено

Глечерите на Алпите се топат со забрзано темпо и би можеле целосно да исчезнат за неколку децении, покажува најновото истражување на италијанската еколошка организација „Легамбиенте“.

Аларм на Алпите: Научник предупредува дека се случува нешто невидено

Од 2000 година, површината на глечерот е намалена за 39 отсто, што се вели дека придонело за глобалното затоплување.

Тотално исчезнување до 2050 година?

Секое лето, организацијата „Легамбиенте“ ги истражува најважните глечери на Алпите, а како што истакна Ванда Бонардо, патеките кои порано минувале преку мразот, сега делумно минуваат низ карпестиот терен.

Според неа, на други места водата тече над области кои не така одамна биле целосно замрзнати, а се појавиле и длабоки пукнатини што некои тури ги прави крајно опасни.

Исто така, се тврди дека е можно сите алпски глечери под 3.500 метри да исчезнат до 2050 година.

„Се распадна на парчиња“

Глечерот Форни во близина на Бормио во Ломбардија покажува колку брзо пејзажот може да се промени, а глациологот Клаудио Смираља, кој го набљудува 65 години, вели дека она што го доживеал летово било нешто што досега не го видел во целата негова кариера - глечерот се распаднал на неколку делови, пишува Кронен Цајтунг.

Неговата површина на многу места изгледа сиво и црно, а во исто време глечерот губи мраз.

Светската служба за следење на глечерите тврди дека од 2000 година годишно исчезнуваат во просек 273 милијарди тони мраз, а до 2025 година тој број веќе достигна 408 милијарди тони.

Исклучителна топлина во планините

Процесот би можел да биде особено брз на Алпите.

Екстремната топлина во планините игра значајна улога во ова - во лето нивото на замрзнување често беше помеѓу 4.000 и 5.000 метри, што значи дека дури и на височини каде што обично останува снег, сега може да биде премногу топло на долги периоди.

Се вели дека е „двојно проблематично“ за глечерите бидејќи снежната покривка обично делува како заштитен слој и го спречува сонцето директно да го загрее мразот, но, кога овој снег се топи, мразот останува незаштитен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Асоцијација на специјализанти: Успехот, а не возраста беше пресуден за конкурсот

Наметнувањето на возраста како причина за неизбор за вработување на медицинскиот факултет МЕП физиологија не е поткрепено со конкурсните критериуми и создава нецелосна слика за постапката пред јавноста и не е во нечив интерес,.

Асоцијација на специјализанти: Успехот, а не возраста беше пресуден за конкурсот

Наметнувањето на возрста како причина за неизбор за вработување на медицинскиот факултет МЕП физиологија не е поткрепено со конкурсните критериуми и создава нецелосна слика за постпаката пред јавноста и не е во нечив интерес, соопштија од Асоцијацијата на специјализанти кои имале комуникација со медицинскиот факултет. Според критериумите според бодирањето успехот на кандидаите биле 9,29 и 9,21 а успехот на Василевски бил 8,20. Од асоцијацијата информираат дека тој бил вработен во ПЗУ „Медикус Хелп“ скоро 10 години.

„Неговата приватна специјализација по спортска медицина била финансирана од страна на тогашниот работодавач, ПЗУ „Медикус Хелп“. По престанокот на работниот однос во приватната установа престанало и финансирањето на приватната специјализација. Поради пролонгирање, односно незавршување на специјализацијата во рокот предвиден со Правилникот за специјализации, специјализацијата во септември 2026 година му била прекината согласно важечките прописи, согласно критериумите и бодирањето на последниот конкурс, избраните кандидати биле подобро рангирани “-„Асоцијација на специјализанти“.

Дарко Василевски продолжува со штрајкот глад и не се откажува од барањата да се ревидира изборот.

„Јас ја доплатив специјализацијата и обрзложив на факултет за моето доцнење“, изјави Дарко Василевски.

Од Медицинскиот факултет посочија дека изборот бил направен според сите критерируми и дека еднаш му било одговорно на Василевски дека наводите се паушлни и неосновани и дека враљвотувањето е според условите кои ги исполниле кандидатите. Министерот Клековски посочи дека има конкурси за работа и Василевски може да се пријави во друга здравствена институција.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонските домаќинства фрлаат по 86 килограми храна годишно што е над европскиот просек

Додека секој денар за храна внимателно се пресметува, значително количество од купеното сепак завршува во канта.

Македонските домаќинства фрлаат по 86 килограми храна годишно што е над европскиот просек

Според Индексот за отпад од храна на Програмата на ОН за животна средина, македонските домаќинства создаваат околу 86 килограми отпад од храна по жител годишно – 17 килограми повеќе од просекот на домаќинствата во Европската Унија.

Колкава е навистина навиката на македонските семејства да фрлаат храна, објаснува претседателот на Банката за храна на Македонија, Душко Христов, повикувајќи се на нивните истражувања.

,,Секое семејство нека стави прст на чело да разбере дека на дневна основа фрла негде по едно евро, месечно 30 евра,годишно 360 евра и ако одиме со математиката дека сме 100 илјади семејства тоа значи над 36-40 милиони евра вредност се фрла на храна во нашите ѓубришта...На прво место фрлаат леб и лиснати, на второ сувомеснати, на трето место овошје и зеленчук..,, – Душко Христов ,претседател на Банка за храна Македонија.

Дали и колку често храната завршува во канта, прашавме и дел од граѓаните.Некои од нив велат дека најчесто се фрлаат производи што се расипале или им истекол рокот.

Во време кога дел од храната секојдневно завршува како отпад, последните податоци на ДЗС покажуваат дека 21,9 проценти од населението во земјава живее под ризик од сиромаштија, а кај семејствата со деца стапката достигнува 25,2 проценти.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Мој Термин“ да се ажурира и надгради, бараат лекарите

Со месеци се игра „брзи прсти“ за „Мој термин, се полни електронска листа за чекање за пациентите да се пратат на Клиника, и тоа е само еден проблем со системот кој дирекно ги засега пациентите, алармираат од Здужението на матични лекари. 

„Мој Термин“ да се ажурира и надгради, бараат лекарите

Со месеци се игра „брзи прсти“ за мој термин, се полни електронска листа за чекање за пациентите за да се пратат на Клиника, и тоа е само еден проблем со системот кој дирекно ги засега граѓаните, алармираат од Здужението на матични лекари. Дел од пациентите се жалат дека и кога ќе дојдат на ред, ден пред терминот, преку СМС порака тој им се откажува, со образложение дека лекарот не е тука и насока – да отидат кај матичниот доктор за да земат нов. Вака, постапката почнува од почеток, па некои пациенти кој немаат финансии за да одат на приватно и по повеќе од половина година не можат да стигнат до специјалист преку „мој термин“. По ревизорскиот извештај што ги нотираше и останатите слабости, јасно е дека мора да има промени, вели д-р Лилија Чолакова Дервишова, Претседател на Здружението на приватни лекари.

-Мој термин мора да се надогради, мора да се ажурира, мора безбедноста на податоците да бидат на многу високо ниво. Сите овие податоци што се во „мој термин“ прво треба да се под Министерство за здравство бидејќи се работи за многу чувствителна тема и лични податоци, не може некоја приватна фирма да ги координира, како што сега (од ревизорскиот извештај) дознавме. Во однос на пуштањето на термини од специјалистите, за три секунди ги снемува термините. Дали на пациент со самоубиствени идеи кој е во моментот на преглед ќе му речете, „почекај сега, ја морам на „ловам“ термини“, тоа мора поинаку да се реши. д-р Лилија Чолакова Дервишова - претседател на Здружението на матични лекари.

Извештајот за ревизија на „мој термин“ покажа дека за операции пациенти чекаат со години, па само еден доктор има 198 закажани интервенции. Освен тоа, ревизорите утврдиле и дека листите на чекање не ја одразуваат реалната состојба, бидејќи недостигаат клучни податоци, а во дел од болниците воопшто немало ни листи што отвора ризик пациенти без термин, да бидат примени пред оние кои подолго време чекаат уредно.

Министерот за здравство јавно посочи и дека неразбирливо е како системот „мој термин“ речиси 18 месеци немал договор за одржување и најави дека од службите побарал подготовка на јавен повик за двегодишно одржување. Освен најава за акциски план на делување, здравствените власти ветуваат дека системот ќе биде биде централен дел од најавената дигитализација.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер