Во Бигорскиот манастир сеноќно бдение во чест на чудотворната икона „Достојно ест“ - Канал 5

Во Бигорскиот манастир сеноќно бдение во чест на чудотворната икона „Достојно ест“

Вечерва во 22:00 часот ќе започне сеноќното бдение во чест на празникот на Пресвета Богородица.

Во Бигорскиот манастир сеноќно бдение во чест на чудотворната икона „Достојно ест“

Свештената бигорска обител традиционално и годинава го одбележува празникот на Пресвета Богородица, во чест на нејзината икона „Достојно ест“, која во овој божји храм пристигна кусо по пожарот на 30 септември 2009 година, кога пламените јазици целосно го пеплосаа Горни Палат.

– Вечерва во 22:00 часот ќе започне сеноќното бдение во чест на празникот на Пресвета Богородица, во спомен на нејзината чудотворна икона „Достојно ест“. Благослов да присуствуваат имаат сите коишто молитвено сакаат да го прослават сечесниот спомен на Мајката Божја, изјави отец Крил.

Тој додава дека Бигорскиот собир се закити со копијата од оваа прекрасна икона уште во 2009 година, како една слатка утеха после страшното огнено искушение врз обителта.

– Со тоа Богомајката им покажа на своите чеда монаси, дека е тука со нив и во најтешките мигови, за мајчински да ги поткрепи и да им вдахне нови сили за духовна борба. А благодарното монашко срце непрестајно ја искажува својата верност и благодарност, плетејќи сеноќни славословија во чест на Царицата и на нејзината икона „Достојно Ест“. Така и сега неизмерната синовска љубов ги собра сите во Бигорското светилиште на уште една духовна средба со Мајката на животот, во чиишто прегратки сите таги и неволи исчезнуваат, изјави отец Кирил.

Според црковниот календар и преданијата на црквата, на 24 јуни се празнува иконата „Достојно ест“ заради чудото кое се случило пред неа во времето на патријархот Никола Хрисоверг (983-996).

Традиционално во Бигорскиот манастир се очекува големо присуство на верници кои ќе присуствуваат на одбележувањето на денот на иконата „Достојно ест“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прво место за Дивна Пешиќ Грозданов на натпреварот за најдобри апстрактни експресионисти

Најдобри апстрактни експресионисти во светот: Пешиќ Грозданов, Чуан, Мофат, Ривас, Џон, Скопелити, Филичкин, Орантас, Бренан И Александрова / 2026 Американски уметнички награди

Прво место за Дивна Пешиќ Грозданов на натпреварот за најдобри апстрактни експресионисти

Уметници од 69 земји се натпреваруваа на АМЕРИКАНСКИТЕ НАГРАДИ ЗА УМЕТНОСТ 2026, каде што на 20 од најценетите галерии во САД им беа испратени слики преку интернет за да ги оценуваат во цртеж, сликарство, скулптура, дигитална уметност и фотографија. Над 300-те победнички дела, од 1-во до 6-то место (и нерешени) во сите 50 категории, ќе бидат прикажани во претстоен филм и 75 статии.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од ЕУ пристигнуваат вакцините за спас на сточарите од болеста овча сипаница

На почетокот на следнава недела од Европска Унија пристигнуваат вакцините за спас на сточарите од болеста овча сипаница заради која досега се угинати околу 10 илјади овци.

Од ЕУ пристигнуваат вакцините за спас на сточарите од болеста овча сипаница

Веднаш ќе се поделат по ветеринарните амбуланти за на територијата на цела Македонија да започне вакцинацијата која нема да донесе забрана за извоз на нашето јагне за пазарите на Европската Унија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предизборен молк во Србија пред клучните избори во недела

Завршни предизборни митинзи во соседна Србија која во недела се подготвува за најнеизвесните избори во последните 14 години. 

Предизборен молк во Србија пред клучните избори во недела

Под реден број еден на гласачкото ливче е коалицијата предводена од владеачката Српска народна партија, насловена „Александар Вучиќ - Обединета Србија“. Својот завршен митинг Вучиќ го оддржа во спортската сала „Ранко Жеравица„ во Белград, а негови поддржувачи вчера излегоа на улиците и во други градови низ Србија.

„Да се подготвиме во недела, пенкало во раката, да го заокружиме она што е потребно и да ги победиме. Да ги победиме и да им пружиме рака вечерта после тоа, но никогаш да не заборавиме она низ кое поминавме. Да не заборавиме како ни ја рушеа државата, и секогаш да ја чуваме и браниме и да ги учиме нашите поколенија за тоа. Напред Белград, да живее Белград. Да живее Србија. Одиме да ги победиме!“

Околу 150 000 граѓани вчера вечер се собраа на централниот градски плоштад во Белград – Славија, во поддршка на протестното младинско движење кои на гласачкото ливче настапуваат под број 3 - „Студентска листа - Студентите победуваат“.Голем дел од 250-те кандидати на Студентската листа кои се кандидираат за парламентот се дел од српската академска и научна фела, или пак се сметаат за политички аутсајдери.

„Пратеничката функција е одговорна јавна функција. Оној што ја добива мора да знае кому му одговара. Знаеме кому ќе одговараме. Нашите мандати ќе бидат во вашите раце, во рацете на народот! Затоа, едно е без сомнение – 25 октомври Србија победува, бидејќи знаете зошто. Затоа што кој победува – студентите победуваат!“

18 изборни листи се натпреваруваат за 250 места во српскиот парламент. Гласањето ќе се одвива на вкупно 8.392 избирачки места, од кои 93 се во странство во 37 земји, меѓу кои и Македонија, 60 избирачки места се на територијата на она што Србија го нарекува автономна покраина Косово и Метохија, додека пак во Босна и Херцеговина ќе бидат отворени 27 избирачки места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер