Во Берово означен стартот на работите за рехабилитација на локалната патна инфраструктура

Во Берово денеска беше означен стартот на работите за рехабилитацијата на локалната патна инфраструктура за поврзување на повеќе села од општината до регионалниот пат, во вкупна должина од седум километри. 

Вредноста на овој проект како што истакна премиерот Зоран Заев кој присуствуваше на стартот на градежните работи е околу 15 милиони и 600 илјади денари, од кои 13,3 милиони се обезбедени преку програмата за рурален развој од Владата на РМ, а остатокот се буџетски средства на општина Берово.

-Реализацијата на овие и другите проекти од оваа програма ќе придонесе за севкупен развој на инфраструктурата во Македонија. Со ефикасното искористување на овие мерки, ќе се решат проблемите со комуналната и патната инфраструктура во руралните средини. Реализацијата на проектите ќе обезбеди солидна урбана и транспортна инфраструктура, но и надвор од руралните населени места, со единствена цел, подобрување на условите на граѓаните и позитивно влијание на развојот на економските активности, рече Заев.

Дури 80 општини во нашата земја, како што додаде, имаат поднесено над 200 капитални проекти за три мерки од програмата за рурален развој.

-Овие проекти доволно ја илустрираат вредноста и неопходноста за развој на општините што ќе произлезе од капиталните инвестиции во изградба и реконструкција на локални патишта потребни за поврзување на населени места, изградба и реконструкција на пазар, партерно уредување, плоштади, домови, мостови, водоснабдителни системи и мрежи, како и за инвестиции за развој на одредени туристички точки кои што може да бидат интересни како за домашните така и за странските туристи, додаде Заев.

Посочи дека мерките се подобрување на квалитетот на живот во руралните средини, обнова и развој на селата и зачувување и унапредување на традионалните вредности во руралните подрачја. За реализација на овие мерки оваа Влада обезбеди 38 милиони евра, а досега се потпишани 19 договори, меѓу кои е и овој договор. Останатите се во фаза на потпишување после што ќе следуваат тендерските постапки.

Премиерот додаде дека Владата на РМ со оваа програма како и со повеќе други мерки и активности останува посветена на поддршката на развој и подигање на капацитетите на единиците на локалната самоуправа, со тоа што во месец ноември како што информираше ќе се распишат и постапките за изградба на локалните патишта.

-Некаде во ноември ќе се распишат и постапките за изградбата на локалните патишта за кои обезбедуваме 70 милиони евра средства од Светска банки и некаде од 100 милиони дополнителни за водоводи и канализации на територијата на цела земја, дополни премиерот.

Изрази надеж дека општина Берово ќе го врати брзо сјајот на една модерна и просперитетна туристичка општина во нашата Источна Македонија.

На настанот присуствуваа и Министерот за земјоделство Трајан Димковски, како и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството Николче Бабовски кои истакнаа дека преку програмата за рурален развој во наредните две години ќе се инвестираат 38 милиони евра, се со цел младите да се задржат во родните огништа.

-Да напоменеме дека целата програма во која учествуваат 80 општини е 38 милиони евра кои ќе се инвестираат во наредните две години, а целта е да се подобри условот за живот во руралните средини.Секако во развојот на руралната средина е и оној алтернативен туризам кој што допрва треба да се вложуваат од страна на Владата, а секако во овој дел се можностите за искористувањето на европските фондови, истакна Министерот за земјоделство Трајан Димковски.

-Средствата од оваа програма за рурален развој сведочи дека се инвестира во руралните средини и секогаш при одобрувањето на овие проекти се внимаваше на рамномерниот регионален развој од цела држава, а се една цел, младите да останат на родните огништа, тука да основаат свои фамилии и да започнуваат свои бизниси, истакна директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството Николче Бабовски.

Беровскиот градоначалник изрази задоволство што по пауза од 23 години патот се реконструира.

-Патот е изграден 1996 година и сега за прв пат се реконструира после неговата изградба. Тоа за нас како општина која има низок фискален капацитет, значи многу како поддршка од Владата на РМ, за такви проекти кои овозможуваат подобрување на локалната инфраструктура, овозможување полесен пристап на земјоделците до нивните имоти, како и развој на локалната економија, рече Пекевски.

Освен за овој, Општина Берово има конкурирано со уште два проекти од оваа програма и сите три се одобрени.

Фото: Британска манекенка ужива на одмор во Дубровник

Британската манекенка Ферне МекКан веќе одлучила да замине на одмор. Деновиве таа ги покажа своите фотографии од Хрватска. Како што откри таа е на одмор во Дубровник и околината.

„Верувајте си дека ќе го изберете она што е соодветно за вас. Најубавиот ресторан на островот. Каков прекрасен, посебен ден во Хрватска“, напиша таа во описот на фотографијата на која позира во црн костим за капење.

Дејли мејл известуваше за нејзиниот летен одмор во Хрватска. „Ферне МекКан ја истакнува својата неверојатна фигура во црно бикини додека се сонча во Хрватска“, гласи насловот на нивната статија.

Ферне неодамна изјави дека ослабела многу откако ја родила ќерката Финти, а многумина ја фалат затоа што покажала реален поглед на нејзиното тело. „Сакам да гледам реални фотографии, сите имаме целулит и маани кои попрво би ги немале, но добро е да ги славиме. Благодарам Ферне за искрената објава“, гласи пофалбата на еден следбеник.

Од 2022 година, Ферне е во врска со бизнисменот Лори Хејнс, со кој ја има ќерката Финти. Тој има уште една ќерка, од претходната врска.

Бајден настапи пред дипломците на Морхаус колеџот во Џорџија

За време на церемонијата со врачувањето на дипломи некои студенти носеа црно-бели палестински шалови во знак на солидарност со Палестинците.

Претседателот на САД, Џо Бајден во денешното обраќање пред дипломците во Морхаус, високообразовна установа од Џорџија каде мнозинството студенти се афроамериканци, прати пораки од неговата предизборна кампања за зацврстување на врските со младите од етничките малцинства.

За време на церемонијата со врачувањето на дипломи некои студенти носеа црно-бели палестински шалови во знак на солидарност со Палестинците.

- Сакам сите да запаметите, кога не избраа први ни велеа дека нема да направиме ништо значајно. Но ние направивме се. Благодарејќи вам … Мошне многу ценам што ми дадовте можност за повторен настап тука, изјави претседателот во обраќањето до дипломците на Морхаус.

Тој говореше и за својот соперник на претстојните избор – поранешниот претседател Доналд Трамп.

- На овие избори многу е ставено на коцка, мошне многу. Станува збор не за мене, туку за алтернативата … Работата е во тоа што тој (Трамп) изложи што имено планира да прави (ако биде избран). И републиканците во Претставничкиот дом ќе кажат и моите колеги ќе кажат, што тие имено ќе прават ако победат, рече Бајден.

Колеџот Морхаус е основан во 1867 година како машки колеџ за школување на црномурести кои скоро биле ослободени од ропство. Еден од они кои дипломирале тука е и Мартин Лутер Кинг помладиот.

Морхаоус е голем град во Џорџија со има значајна улога во претседателската трка во 2024 година. Бајден овде во 2020 година стана првиот кандидат за претседател од Демократската партија кој доби поддршка од оваа држава по Бил Клинтон во 1992 година.

Бајден денеска попладне патува во посета на Мичиген, каде ќе учествува на настан организиран од Детроитски фонд за борба за слобода. /МИА

Алкалоид го освои трофејот во ракометниот Куп на Македонија

Ракометарите на Алкалоид се победници во Купот на Македонија, откако вечерва во финалето одиграно во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје го совладаа фаворитот Еурофарм Пелистер со 25:23 по изведувањето пенали.

Ова е прв трофеј во својата куса историја за младиот тим на Алкалоид кој на завршниот турнир ги совлада најголемите две имиња во македонскиот ракомет, Вардар и Еурофарм Пелистер.

Во финалето двете екипи во повеќе наврати се менуваа во водство, највисокото беше четири голови разлика, за на крај победникот да биде решен по пенал-рулетот во кој се истакна голманот на скопскиот тим Иван Галевски.

Токму Галевски беше прогласен за најдобар голман на завршниот турнир, наградата за најдобар стрелец отиде кај Богдан Радивојевиќ, а за МВП Филип Кузмановски (двајцата од Еурофарм Пелистер).

Претходно во текот на денот, во женското финале, Ѓорче Петров го победи Чаир со 36:24. /МИА

притисни ентер