Епилог од разбиената криминална група во Прилеп: Пронајдени околу 130 илјади евра готовина, запленети луксузни масерати и ленд ровери
Руска пропагандна мрежа ширела лажни вести преку псевдо-портали, претрес кај осоминчен за ширење дезинформации
1Епилог од разбиената криминална група во Прилеп: Пронајдени околу 130 илјади евра готовина, запленети луксузни масерати и ленд ровери
2Руска пропагандна мрежа ширела лажни вести преку псевдо-портали, претрес кај осоминчен за ширење дезинформации
Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
2 Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
3Невиден момент на тениски меч: Французин сервираше, па наеднаш си замина- противникот шокиран (ВИДЕО)
3„Вознемирувачки за гледање“: Фановите на Адријана Лима загрижени за нејзиниот изглед, тврдат дека претерала со слабеењето
Шоу бизВо Белград Влатко Стефановски и Васил Хаџиманов настапуваат за првпат како дуетВо Белград на фестивалот Somersby Jazz in the Garden, Влатко Стефановски и Васил Хаџиманов вечерва првпат во кариерата ќе настапат заедно на сцената како дует.Во Белград на фестивалот Somersby Jazz in the Garden, Влатко Стефановски и Васил Хаџиманов вечерва првпат во кариерата ќе настапат заедно на сцената како дует, а како специјален гостин ќе им се придружи и американскиот госпел и блуз пејач Дин Бауман, јави дописникот на МИА од Белград. -Со Влатко настапувавме заедно во неколку наврати, работевме заедно со кавалистот Теодосиј Спасов, бев гостин на неговиот албум, така што не ни е првпат да се среќаваме. Но, за првпат настапуваме сами, како дуо. Ќе биде интересно за нас, а се надевам и за публиката, изјави Васил Хаџиманов. Тој најави дека на концертот ќе свири микс од сопствениот материјал, а ќе му се придружи и пејачот Дин Бауман, големо име во блузот и џез музиката. -Целта е всушност да се помине низ репертоарот што го означува и творештво на Влатко Стефановски и моето, што секако не е многу едноставно. Јас немам 50-годишна кариера како Влатко, но имам 34 години и тоа не е наивно. Избравме композиции кои се делумно авторско дело на Влатко Стефановски, делумно мое. Ќе има и неколку излети во блуз и соул музиката, со оглед на тоа што Бауман е наш специјален гостин, а тој е мајстор на таа музика, најави Васил Хаџиманов во пресрет на вечерашниот концерт.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЕпилог од разбиената криминална група во Прилеп: Пронајдени околу 130 илјади евра готовина, запленети луксузни масерати и ленд ровериНе само во Македонија, членовите на организираната криминална група која вчера беше разбиена во Прилеп, имале нелегални активности и во Грција на Халкидики, а еден од нив бил и бегалец од куќен притвор во Шпанија.Министерот за внатрешни работи Тошковски во гостување на Радио Лидер откри дека повеке од една година работеле на овој случај кој резултира со над 20 кривични пријави, меѓу кои и полицајци кои и помагале во криминалните дејствија на групата. Најави дека и понатаму ќе се истражуваат активностите и документите кои се поврзуваат со оваа група која се поврзува со наркотици. пронајдени се околу 130 илјади евра готовина, запленети се десетина возила, меѓу кои и луксузни автомобили масерати и ленд ровери, а постојат сомнежи и за фалсификување на документи и перење пари.. целата шема функционирала над 15 години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеКлековски: Современа терапија за 126 пациенти со цистична фиброзаДецата од две до 12 години со цистична фиброза се вклучени на терапија и имаат одлични резултати. Вкупно има 79 деца, додека седум деца не се бидејќи имаат одредени мутации за што лекот не може да помогне.Најважно е што за сите пациенти има лекови и нема на листа на чекање, објасни министерот за здравство Сашо Клековски. Од 2027 година на листата за лекување на цистична фиброза ќе има нови лек што треба да им помогне на сите пацинети кои имаат гентески мутации. По објавувањето на ревизорскиот извшетај со забелешки за системот „Мој Термин“ што во периодот од 2021 до 2026 година, од вкупно 1.945 дена, системот „Мој Термин“ поминал дури 737 дена без активен договор. Министерот Клековски објасни дека побарал да се видат сите недостатоци и ќе реагираат за тоа која фирма ќе продолжи да работи. Конечниот извештај на ревизорите открива дека државното здравство се потпира на застарена опрема, додека листите на чекање за хируршки интервенции се манипулираат со упати без термин, оставајќи илјадници пациенти во неизвесност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРуска пропагандна мрежа ширела лажни вести преку псевдо-портали, претрес кај осоминчен за ширење дезинформацииПропагандна мрежа која преку клонирани псевдо-портали со македонски интернет-домени ширела лажни вести и дезинформации во функција на руски интереси е предмет на истрага на безбедносните институции. Агенцијата за национална безбедност во координација со МВР и Обвинителството преземаат опсежни активности за откривање и попречување на мрежата, која работела во корист на странски интереси, наведуваат од АНБ. Во рамки на истрагата, на 18 септември бил извршен и претрес во домот на македонски државјанин, за кого постои основано сомнение дека бил дел од странскиот пропаганден апарат.При претресот биле пронајдени и одземени предмети кои во моментов се на дополнително вештачење, А лицето е осомничено за три кривични дела... -Поради основано сомнение дека е сторител на КД „Предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост“ по член 319 од КЗ, „Одавање службена тајна“ по член 360 од КЗ и „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ по член 394-г од КЗ, извршен е претрес во неговиот дом при што се пронајдени и одземени предмети кои во моментов се предмет на дополнително вештачење. ---Вистинските актери на оваа пропагандна мрежа која е во фунција на руски интереси се кријат преку креиорани псевдо портали, регистрарни преку кои се шират лажни вести, дезинформации и се врши преобликување на наративи за актуелни настани, со што се поткопува довербата во институциите и се поттикнува етничка и национална омраза и нетрпеливост. – соопштија од АНБ Според информации на „Слободен печат“, лицето во чиј дом бил извршен претресот е А.С., македонски државјанин кој бил во постапка за добивање бугарско државјанство и бил поврзан со мрежа интернет-портали преку кои се пласирале пробугарски содржини. Истото лице се поврзува и со сомнежите за оддавање службена тајна, односно со дипломатската нота поврзана со патувањето на семејството на премиерот Христијан Мицкоски во Пампорово, Бугарија, која подоцна беше објавена и споделувана низ бугарски и македонски портали. Од АНБ велат дека актуелните активности се продолжение на претходно попречени проруски хибридни активности поврзани со македонски државјанин, против кого претходно била поднесена кривична пријава за ширење расистички и ксенофобичен материјал преку компјутерски систем. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter