Во Белгија 11 загинати во невремето, во Германија најмалку 59 жртви и над 1000 исчезнати

Расте бројот на загинати и исчезнати по силното невреме и катастрофалните поплави  што ја  зафатија  Белгија и Германија.

Бројот на жртви од поплавите во јужниот дел на Белгија, најголеми во последните 20 години, се искачи на 11 лица, а во јужниот дел на Белгија, се уште се трага по тројца спасувачи чиј брод се превртел во каллив поток“,спасувачките екипи користат моторни чамци и хеликоптери за да ги евакуираат луѓето.

Во меѓувреме, властите во областа Ахрвејлер во западната германска покраина Рајнска Област-Пфалц соопштија дека најмалку 1300 лице се исчезнати и за нив нема никаква информација.

Само во областа на окружниот град Бад Ноенахр-Ахрвајлер, од утрово имало околу илјада повици, а операциите за спасување продолжуваат.

Во Германија досега се потврдени најмалку 59 жртви.

Состојбата со надојдените реки е алармантна и во Холандија. Тамошните власти повикаа илјадници луѓе во холандија да ги напуштат своите домови. Неколку градови и села покрај реката Маас во провинцијата Лимбург ги советуваа луѓето синоќа да побараат засолниште, барем до попладне, поради големата опасност нивните домови да бидат поплавени во наредните часови.

Несекојдневна свадба ги воодушеви сите- кажаа „Да“ и со гостите се качија на скии (ВИДЕО)

Додека за повеќето луѓе свадбената церемонија е нешто што се одржува во црква, а подоцна и во некој ресторан од бајките, за брачната двојка Хали и Овен тоа беше планината.

Може да се претпостави дека зад тоа се крие значењето дека тие двајца се на врвот на светот и слично, но овие две „спортски души“ решија да ја направат венчавката нешто поинтересна од „класична романса“.

„Планина или море“ е прашање кое често се поставува, но кога станува збор за венчавка, планинските врвови не изгледаат како најпрактична работа за ваква церемонија - на повеќето, но не и на оваа двојка.

Хали и Овен се запознале во 2018 година на одбојкарски натпревар. Таа работи како муралист, додека Овен е професионален скијач. Сѐ започнало со пријателство кое подоцна се претворило во љубов, а Хали не само што се заљубила во него, туку и во спортот со кој се занимава нејзиниот сегашен сопруг.

Пред свршувачката и двајцата се преселиле во Аспен, Колорадо, а кога Хали за прв пат ги видела познатите планини Аспен, веднаш помислила дека би било совршено да ѝ ја исполни старата желба и да организира планинска свадба.

Се разбира, тоа не било проблем за нејзиниот вереник, долгогодишен скијач, и заедно почнале да планираат во април 2021 година како би можеле да направат такво нешто без да биде премногу непрактично.

Веќе во 2022 година, Хали и Овен ги кажале своите завети на врвот на планините Аспен, со околу 75 поканети гости. Овен рече дека имал две сценарија, бидејќи „никогаш не се знае со планината“ - или можело да биде совршено или ветрот и снегот можеле да уништат сè. Од сликите се гледа дека времето им ги остварило желбите. Но, со оглед на тоа што на врвот морале да се искачат со ски-лифт, единствено логично решение за враќање им било скијањето.

По судбоносното „да“, Овен и Хали ги ставија скиите и почнаа да се спуштаат по скијачката патека, а истото го направија и повеќето гости. Хали откри дека ја избрала својата венчаница специјално за да и овозможи доволно мобилност кога се спуштале по планината по венчавката. Не знаеме дали им се придружил свештеникот, но нејзиниот сопруг го снимил ова интересно враќање од нивниот љубовен врв. На видеото се гледа како невестата брза по снежната скијачка патека со бидермаер во рацете, додека другите побрзи гости чекаат во подножјето за да го снимаат враќањето на младенците.

За одбележување на втората годишнина, тие ги потсетија своите следбеници на социјалните мрежи каква била нивната интересна венчавка.

Адвокат фрлил бремена жена од 6. кат од зграда во Романија, на суд тврди дека се убила

Адвокатот Себастијан Ф. е обвинет дека ја убил својата бремена сопруга откако ја фрлил од шести кат од зграда во Јаши, Романија.

Тој денеска дојде во судот од домашен притвор и заедно со своите адвокати бара да биде ослободен.

Од друга страна, Обвинителството за него бара доживотна затворска казна, а додека ги слушаше обвинувањата, Себастијан имаше пркосна насмевка на лицето.

Себастијан влезе во судницата во одело, решен да ја докаже својата невиност.

„Бараме да му се исплати отштета на мојот клиент, се надеваме дека ќе ја добиеме и ја чекаме пресудата“, изјави неговиот адвокат Михаил Г.

Страшното злосторство се случило пред три години додека Себастијан се враќал од забава со бремената сопруга Моника.

Според зборовите на соседите, меѓу нив дошло до расправија, а набргу потоа надзорните камери го снимиле моментот кога младата жена паднала од зградата.

Себастијан тогаш тврдел дека се работи за самоубиство, но доказите пронајдени на местото на настанот велат поинаку.

„Откако жената се фрли од зградата, на Себастијан му требаа неколку минути да ја отвори вратата од станот за полицијата. Прозорецот од кој таа наводно скокнала беше затворен, тој го сторил тоа. Мислам дека имаме доволно докази за да го осудиме на доживотен затвор“, изјави адвокатот на семејството на жртвата.

Освен тоа, адвокатите на семејството бараат Себастијан да плати отштета од 330.000 евра на секој член од семејството на Моника.

По смртта на Моника, Себастијан е уапсен и поминал две години во затвор, по што бил префрлен во домашен притвор.

Се очекува пресудата да биде изречена во наредните денови.

Атанасовски: СДСМ мора да има „ресет“

„Како може поранешните министри кои апсолутно изгубиле на 8 Мај, како пратеници и да ја враќаат довербата во СДСМ“

Цела седмица по изборите, СДСМ не го поставуваат прашањето за политичка и морална одговорност за историски најлошиот резултат што го доби левицата во Македонија. Да има политичко рехабилитирање, треба да има радикален „ресет“. Првенците на партијата, носители или коносители на листите беа министри во СДСМ. Дегутантно е вие ка што сте го добиле најлошиот резултат во историјата како извршни министри да бидете пратеници и репрезентот од позиција на опозиција треба да ги брани политиките и да комуницирате со јанвоста во Македонија. Како може поранешните министри кои апсолутно изгубиле на 8 Мај, како пратеници и да ја враќаат довербата во СДСМ, рече Благојче Атанасовски во Само Вистина.

притисни ентер