Во Авганистан ликвидиран талибанскиот „гувернер од сенка"

Талибанскиот „гувернер од сенка" во ослободената област Карух, на западот од Авганистан, е убиен од владините вооружени сили, соопшти авганистанското Министерство за одбрана.

Западните агенции, повикувајќи се на локалните медиуми, претходно известија дека авганистанските власти воведоа ноќен полициски час во 31 од вкупно 34 провинции во земјата.

„Ликвидирани се 20 талибанци, вклучувајќи го и Мула Халим, талибанскиот „гувернер од сенка" во областа Карух, како и двајца други команданти. Уште 50 лица се повредени во борбите", се наведува во соопштението на Министерството за одбрана објавено на Твитер.

Телевизијата „Толо њуз", повикувајќи се на авганистанското Министерство за внатрешни работи, јави дека авганистанските власти вовеле ноќен полициски час во 31 провинција со цел да го спречат движењето на талибанците. Се посочува дека забраната за движење трае од 22 до 4 часот наутро, а ограничувањето не се однесува само на три провинции – Кабул, Панџшер и Нангархар.

Претходно, претставникот на авганистанското Министерство за одбрана, Фавад Аман, информира дека владините сили го ослободиле подрачјето Карух, во провинцијата Херат, на западот од земјата.

Георгиева ги негира наводите од извештајот за влијанието на Кина врз Светската банка

Георгиева се соочува со повици да поднесе оставка поради извештајот подготвен од адвокатската канцеларија Вилмер Хејли на барање на етичката комисија на банката.

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристалина Георгиева ги отфрли обвинувањата од независниот извештај за нејзината наводна улога во скандалот со местење на податоци поврзани со Кина во времето кога таа беше извршен директор на Светската банка, наведувајќи дека постојат „фундаментални грешки" и „замена на тези".

Таа ја обвини канцеларијата на поранешниот претседател на Светска банка Џим Јонг Ким за манипулација, тврдејќи дека понудила да ги вклучи податоците од Хонг Конг во рејтингот на Кина во годишниот извештај „Doing Business" за 2018 година, со цел Кина да биде на седмото место.

Георгиева се соочува со повици да поднесе оставка поради извештајот подготвен од адвокатската канцеларија Вилмер Хејли на барање на етичката комисија на банката.

Во извештајот се наведува дека лидерите на Светската банка, вклучително и Георгиева, извршиле „несоодветен притисок" врз своите вработени со цел да го подобрат рангот на Кина во извештајот на банката „Дуинг бизнис 2018".

Извештајот предизвика загриженост поради влијанието на Кина врз Светската банка, одлуките на Георгиева и тогашниот претседател на Светската банка, Џим Јонг Ким.

По објавувањето на извештајот, Светска банка го суспендираше објавувањето на „Doing Business" листа за деловна клима

Бесплатен јавен превоз и ноќни линии за„Бела ноќ"

По повод одржувањето на традиционалната културна манифестација „Бела ноќ 2021", ЈСП Скопје денеска ќе овозможи бесплатен јавен превоз. Во функција ќе бидат и дел од ноќните линии – 2, 5, 7, 22, 24, 41, 50, 57 и 65 В.

Како што информираат од ЈСП Скопје, бесплатно користење на јавниот превоз ќе биде дозволено од 18 часот, до утре до 5 часот.

Ноќните линии ќе сообраќаат во недела со следниов возен ред.

ЛИНИЈА 2 – Автокоманда – Сарај.

Поаѓање од Автокоманда 00.15 ч, 01.45 ч, 03.15 ч

Поаѓање од Сарај 01 ч, 02.30 ч, 04 ч

ЛИНИЈА 5 – Дексион – Ново Лисиче.

Поаѓање од Дексион 00.15 ч, 01.45 ч, 03.15 ч

Поаѓање од Ново Лисиче 01 ч, 02.30 ч, 04 ч

ЛИНИЈА 7 – Карпош 3 – Горно Лисиче.

Поаѓање од Карпош 3 00.15 ч, 01.45 ч, 03.15 ч

Поаѓање од Горно Лисиче 01 ч, 02.30 ч, 04 ч

ЛИНИЈА 22 Транспортен центар – Лепенец.

Поаѓање од Тр.центар 00.15 ч, 02 ч, 03.15 ч

Поаѓање од Лепенец 01.25 ч, 02.40 ч, 04.10 ч

ЛИНИЈА 24 Припор – Тафталиџе 2.

Поаѓање од Припор 01 ч

Поаѓање од Тафталиџе 2 00.15 ч

ЛИНИЈА 41 Транспортен центар – Долно Лисиче.

Поаѓање од Тр.центар 00.20 ч, 01.45 ч, 03.15 ч

Поаѓање од Долно Лисиче 01 ч, 02.30 ч, 03.50 ч

ЛИНИЈА 50 Клинички центар – Хиподром.

Поаѓање од Кл.центар 00 ч, 02 ч, 03 ч

Поаѓање од Хиподром 01.30 ч, 2.30 ч

ЛИНИЈА 57 Козле – Радишани.

Поаѓање од Козле 00.15 ч, 01.30 ч, 03 ч

Поаѓање од Радишани 00.55 ч, 02.15 ч, 03.35 ч

ЛИНИЈА 65 В Транспортен центар – Стајковци.

*по траса на линија 5 во 00.10 ч од Рекорд до Ново Лисиче

Поаѓање од Тр.центар 00.45 ч до Стајковци

Поаѓање од Стајковци 01.20 ч до гаража во Автокоманда.

Посебен сообраќаен режим во Скопје

Во Скопје денеска ќе се одржи „Социо-еколошки форум Скопје 2021". 

Од тие причини Секторот за внатрешни работи Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје.

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Во Скопје денеска ќе се одржи првиот Социо-еколошки форум, прв настан од ваков тип на Западниот Балкан, што ги обединува под еден покрив регионалните и европски прогресивни политички лидери, тинк-тенк и невладини организации, младински лидери и новинари, да дискутираат за чистата и зелена иднина, достапна за сите граѓани на земјите од Западниот Балкан.

Како што е најавено од Фондација „Фридрих-Еберт", воведни обраќања на СЕФ-Скопје ќе имаат премиерите на Република Македонија, Зоран Заев и на Косово, Албин Курти.

Предивдено е за време на работниот дел, да се обратат повеќе од 15 панелисти, претставници на прогресивни организации и социјалдемократски партии од регионот и Европа.

СЕФ Скопје има за цел да биде почетната точка на голем број разговори, кои ќе донесат до одлучни акции против климатските промени и климатски политики од кои ќе имаат бенефит сите граѓани на земјите од Западен Балкан, но и ќе помогне да се прошири Европскиот зелен договор на Европската Унија.

– Социо-еколошкиот форум го трасира патот до иднината кога сите земји од Западен Балкан ќе имаат енергетски ефикасни економии и работни места кои се отпорни на влијанија предизвикани од климатските промени и неодржливите извори на енергија. Социо-еколошка трансформација на овие општества, мора да осигура дека ниту еден граѓанин нема да биде изоставен, се наведува во соопштението од Фондацијата „Фридрих-Еберт".

Социо-еколошкиот форум Скопје 2021 е во организација на Фондацијата „Фридрих-Еберт", „Олоф Палме" меѓународниот центар и Прогрес – Институтот за социјална демократија.

притисни ентер