Во Анкара средба Фидан - Герапетритис - Канал 5

Во Анкара средба Фидан - Герапетритис

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за средбата Фидан - Герапетритис вчера посочи дека следните месеци се важни во билатералните односи и изрази умерен оптимизам.

Во Анкара средба Фидан - Герапетритис

Министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис денеска е во работна посета на Турција, каде што ќе се сретне со неговиот турски колега Хакан Фидан, а според грчкото МНР темите поврзани со билатералните односи и регионалните случувања се очекува да бидат во фокусот на разговорите, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за средбата Фидан - Герапетритис вчера посочи дека следните месеци се важни во билатералните односи и изрази умерен оптимизам, бидејќи, како што рече, постоеше намалување на тензиите меѓу двете земји, но потенцираше дека е потребно добрата клима меѓу двете земји да има доследност и континуитет.

Портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на вчерашниот редовен брифинг со новинарите рече дека средбата е во продолжение на состанокот на Мицотакис со турскиот претседател Ердоган на Самитот на НАТО во Вилнус, истакнувајќи дека со Турција разговараат за една и единствена разлика, а тоа е одредување на Ексклузивната економска зона и континенталниот гребен.

- Двајцата министри за време на разговорите ќе се фокусираат на прашања што се однесуваат на билатералните односи на двете земји и регионалните случувања. Дополнително, ќе се разговара за подготовката на планираната средба на премиерот со турскиот претседател во рамките на нивното учество на Генералното собрание на ОН, како и за организирањето на Високиот совет за соработка Грција- Турција што се планирана за крајот на годината во Солун, рече Маринакис. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче на литургија во Лешочкиот манастир

Филипче синоќа беше во Лешок.

Филипче на литургија во Лешочкиот манастир

Претседателот на СДСМ Венко Филипче синоќа беше во Лешок, каде го посети лешочкиот манастир и црквата „Свети Атанасиј“, во пресрет на празникот Успение на Пресвета Богородица – „Голема Богородица“ Филипче и претставници на СДСМ, присуствуваа на литургијата, а по богослужбата се сретна и со митрополитот тетовско-гостиварски Јосиф.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Редовна дератизација, дезинфекција и дезинсекција во сите училишта во Карпош

 Лиценцирана фирма која ја ангажираше Општина Карпош, спроведе редовна акција за дезинфекција, дезинсекција и дератизација во сите основни училишта на територија на локалната самоуправа. 

Редовна дератизација, дезинфекција и дезинсекција во сите училишта во Карпош

Кабинетите, училниците, тоалетите и холовите беа соодветно третирани со цел да се обезбеди потребната заштита, безбедност и подобрување на хигиенските услови.

Во таа насока беа опфатени сите училишни простории, со цел да се обезбеди чиста и безбедна средина при одвивање на образовниот процес. Активноста овозможи целосно отстранување на штетни честички и вируси, со што се гарантира хигиенска сигурност и заштита на здравјето на учениците и наставниот кадар.

Со оваа иницијатива Општина Карпош го подигнува нивото на заштита на здравјето на учениците и наставниот кадар, сакајќи да создаде средина во која воспитно-образовниот процес ќе се одвива непречено и безбедно.

ОПШТИНА КАРПОШ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: За Филипче секоја нова можност за Македонија е повод за ширење паника во јавноста

Филипче и СДС изгледа имаат проблем со се што може Македонија да ја направи помодерна, посилна и поконкурентна држава.

ВМРО-ДПМНЕ: За Филипче секоја нова можност за Македонија е повод за ширење паника во јавноста

Немаат аргументи, па за секој нов проект следува истото сценарио на создавање хаос, ширење страв и паника и обиди јавноста да се убеди дека секоја промена е закана.

Филипче повторно излезе јавно со категорични ставови за евентуалната изградба на дата-центри во Македонија, како неговото мислење само по себе да е доволен аргумент.

А можеби дополнително го нервира и фактот што иницијативата против дата-центрите во Пехчево не помина, затоа што зад неа стоеше нивен човек. Кога ни тоа не успеа, следуваше ново ширење паника во јавноста.

Македонија треба да се развива, да привлекува инвестиции, да создава модерна инфраструктура и да станува современа и богата држава. Тоа секако треба да се прави со почитување на законите, заштита на животната средина и највисоки стандарди за заштита на граѓаните.

Но за Филипче очигледно ни тоа не е доволно. Наместо факти, стручни анализи и аргументирана дебата, повторно има обиди секоја можност за развој да се претвори во нова причина за страв и паника.

На Македонија и треба развој и визија, не политичката хистерија на Венко Филипче, секогаш кога нешто може да ја направи помодерна и посилна.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер