3Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување возило“, девет возеле без положен возачки испит
БалканВо Албанија почна аплицирањето за бескаматни станбени кредити за лекари, полициски....Албанскиот премиер Еди Рама објави дека денеска почна аплицирањето за добивање бескаматни кредити за решавање на станбеното прашање на млади лекари, полициски и армиски службеници.Тоа е во рамки на владината програма со цел да им го олесни решавањето на станбеното прашање. Годинашната квота е вкупно 300 лица, односно по 100 од секој сектор, а следните години се очекува бројот да биде поголем. Корисниците се избираат врз основа на систем на бодување, а во случај да има повеќе кандидати со еднакви бодови од дефинираните квоти, нивниот избор ќе се изврши според системот на бодување утврден од самата институција-корисник. Главен услов е подносителите на барањата да се во брак. - Добра вест. Денеска започнува програмата за бескаматни станбени кредити за млади лекари, полицајци и војници. Едноставните чекори за аплицирање во е-Албанија во следните 30 дена овозможуваат брз и транспарентен процес за пристап до оваа нова програма. Полза ќе имаат 300 вработени во државната полиција, вооружените сили и лекарите-младите семејства од овие три категории, напиша Рама на Фејсбук. За спроведување на оваа владина мерка се задолжени Министерството за финансии и економија, Министерството за здравство и социјална заштита, Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНеговото блаженство Господин Господин Стефан во посета на Општина КарпошОпштина Карпош денеска имаше чест да биде домаќин на Неговото Блаженство Господин Господин Стефан, поглавар на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, кој беше пречекан од градоначалникот Сотир Лукровски.На средбата се разговараше за состојбите во локалната заедница, состојбата на верските објекти на територијата на Општина Карпош, како и за значењето на духовноста, вербата и меѓусебната почит во градењето сплотена и солидарна заедница. Беше истакнато дека почитувањето на различностите, духовните убедувања и достоинството на секој човек се важни темели за мирен и хармоничен соживот, а заедништвото и дијалогот се вредности што ја поврзуваат локалната заедница. По повод 50-годишниот јубилеј на Општина Карпош, Неговото Блаженство упати честитки до раководството и граѓаните на општината, со желби за понатамошен развој, благосостојба и заедништво. Општина Карпош останува посветена на градењето заедница заснована на почит, дијалог, духовност и заеднички човечки вредности. ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВоена воздухопловна база под напад: Се слушаат силни експлозии, се издига густ чад (ВИДЕО)Областа околу Идлиб и воената воздухопловна база Тафтаназ во Сирија денес беше место на експлозии со непознато потекло, објави информативната мрежа „Сирија нау“, повикувајќи се на очевидци.Според извештаите, експлозиите започнале во 8:00 часот наутро, токму во моментот кога извидувачки авион прелетувал над локацијата. Снимките што кружат на интернет го прикажуваат моментот кога густ чад се издигнал од кругот на воздухопловната база, експлозиите продолжиле во текот на час и половина. Reports from Syria: A large, unidentified explosion occurred at Taftanaz Air Base in the Idlib countryside of northwestern Syria, with thick smoke rising from the base. A second explosion was reportedly heard shortly afterward near the military airfield. Amid drone activity in… pic.twitter.com/h83D3dbaHZ — KORRINA (@KORRINA31535546) October 2, 2026 Локалните жители претпоставуваат дека експлозиите можеби биле предизвикани од детонација на неексплодирани убојни средства во базата, каде што и во минатото се случувале слични експлозии. Воената воздухопловна база Тафтаназ била втора по големина база за хеликоптери во Сирија пред да стане место на воени операции за време на годините на сириската револуција, објави Ал Џезира. Таа била под контрола на опозициски фракции сè додека не била претворена во турска набљудувачка станица по договорот за деескалација постигнат во март 2020 година меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и рускиот лидер Владимир Путин. An unidentified explosion rocked Syria’s Taftanaz military airbase in Idlib, sending smoke into the sky, while reports emerged of another blast being heard in the area.#Syria #Idlib #MiddleEast #Explosion #TaftanazAirbase pic.twitter.com/BkiIm2VyCt — TAM (@Awakeningmedia1) October 2, 2026 Во текот на септември, во северозападна Сирија се случија низа експлозии, од кои најновата беше во воен објект во близина на градот Ал-Еис, јужно од Алепо. На 9 септември, 14 припадници на Министерството за одбрана загинаа, а неколку други беа повредени во експлозија во привремен магацин за оружје и неексплодирани убојни средства во Сармада, близу Идлиб. Претходно истиот месец, пет лица загинаа во градот Биниш во експлозија на автомобил натоварен со муниција.Тагови: Сирија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00Фон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаЛишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување возило“, девет возеле без положен возачки испитВо текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.Од нив, девет управувале возило без положен возачки испит и тоа: А.И.(29) и Х.З.(18), двајцата од Скопје, М.И.(21) и Ш.А.(35) од с.Студеничани, скопско, Р.С.(30) и С.М.(19) од Тетово, А.Ф.(25) од с.Врапчиште, гостиварско, Л.М.(48) од Гостивар и Н.Т.(49) од с.Преглово, Општина Пласница. Додека пак, со активна забрана за управување на моторно возило, возел А.В.(33) од Прилеп. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter