Во акцијата „Армагедон“во србија уапсени 12 осомничени за педофилија - Канал 5

Во акцијата „Армагедон“во србија уапсени 12 осомничени за педофилија

Српската полиција соопшти дека во рамките на акцијата „Армагедон“ вчера биле уапсени 12 осомничени за педофилија и поседување содржини со детска порнографија.

Во акцијата „Армагедон“во србија уапсени 12 осомничени за педофилија

„Осомничените се уапсени за постоење основан сомнеж дека извршиле кривични дела набавка, прикажување и поседување порнографски материјал со детска порнографија, искористување малолетници за порнографија и сексуално вознемирување,соопшти полицијата.Сомнежите се дека тие подолго време преку интернет преземале, снимале на уреди и споделувале содржини на кои имало искористување деца во порнографски цели. Исто така, полицијата се сомнева дека тие преку социјалните мрежи и мобилни апликации стапувале во контакт со децата соопшти српската полиција.

„Осомничени се дека договарале и оствариле средби со малолетници со цел стапување во сексуални односи. Осомничените ќе бидат изнесени пред надлежното обвинителство“,соопшти српското министерство за внатрешни работи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АНБ со документарен филм за историјата, сегашноста и иднината на безбедносната служба

По повод Денот на АНБ, за првпат се реализира документарен филм „Чувари на тишината“ 

АНБ со документарен филм за историјата, сегашноста и иднината на безбедносната служба

По повод Денот на Агенцијата за национална безбедност, за првпат се реализира документарен филм „Чувари на тишината“ кој ја раскажува приказната за развојот на безбедносната служба од формирањето на ОЗНА во 1944 година, преку УДБА, СДБ и безбедносните структури во независна Македонија, до формирањето на Агенцијата за национална безбедност во 2019 година.

Филмот, преку архивски материјали, сведоштва и визуелни реконструкции, ја отвора и темата за работата на современата безбедносна служба и предизвиците со кои се соочува државата денес.

Посебен фокус е ставен на три значајни области од работата на Агенцијата и тоа контратероризмот, контраразузнавањето и борбата против организираниот криминал и високите форми на корупција.

„Чувари на тишината“ носи и лични сведоштва од поранешни и актуелни оперативци, кои зборуваат за природата на работата, одговорноста и предизвиците што најчесто остануваат далеку од очите на јавноста. Како што се истакнува во филмот, најголемите резултати на оваа работа честопати се оние што не се гледаат, туку се оние што ја прават разликата.

На крај се прикажани изјави од носители на високи државни функции и раководители на институции со кои АНБ соработува, кои зборуваат за важноста на партнерството и заедничките напори во справувањето со предизвиците и ја честитаат годишнината на Агенцијата.

Филмот е обид преку досега ретко виден пристап да се доближи работата на безбедносната служба до јавноста и да се прикаже нејзината улога во заштитата на државата и нејзините граѓани.

„Чувари на тишината“ е приказна за историјата, работата и луѓето кои стојат зад безбедноста на државата.

Документарниот филм можете да го погледнете во продолжение.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД одбележуваат 25 години од терористичките напади, кулите близначки „оживеаја“ со 3.000 дронови (ВИДЕО)

Соединетите Американски Држави денеска одбележуваат 25 години од терористичките напади на 11 септември 2001 година, во кои загинаа речиси 3 000 луѓе.

САД одбележуваат 25 години од терористичките напади, кулите близначки „оживеаја“ со 3.000 дронови (ВИДЕО)

Според најавите, се очекува американскиот претседател да присуствува на комеморација во Пентагон, зградата на министерството за одбрана на земјата, во која удри еден од киднапираните авиони, кратко време откако два претходно ги погодија кулите близначки на тогашниот Светски трговски центар во Њујорк.

Во пресрет на 25-годишнина, беше изведен импозантен холограм со помош на светлосни ефекти, во кој кулите близначки повторно се појавија на местото на кое постоеја, на Менхетн во Њујорк.

За светлосното шоу, кое траеше неколку минути, биле искористени 2.977 дронови со светилки, кои ги симболизирале луѓето загинати во нападите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сите петмина кандидати за шеф на ОЈО ГОК остануваат во трката

Заврши огласот за нов шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција со што петмина обвинители официјално поднеле кандидатури.

Сите петмина кандидати за шеф на ОЈО ГОК остануваат во трката

Советот на јавните обвинители денеска на седница формираше комисија за подготовка на кандидатските листи која во следните три дена треба да провери кој од нив ги исполнува законските услови, и кој би влегол во трката, а формирашѓе и комисија за спроведување на изборот.

-Официјално се пријавија пет кандидати, јавноста веќе ги знае. Значи за тие пет кандидати сега комисијата ќе разгледа дали ги исполнуваат условите согласно закон согласно огласот и ќе ги објават во рок од три дена. Потоа веќе е закажан изборот за 20 октомври. – Башким Бесими – Претседател на Совет на ЈО

За позицијата, како што и самите потврдија, се кандидираа вишите обвинители од скопско Јове Цветановски и Трајче Пеливанов кој е и поранешен обвинител во СЈО. Потоа обвинителката од ОЈО Скопје Лидија Раичевиќ, како и обвинителките од ОЈО ГОКК Искра Хаџи-Василева и Фатон Азизи.

За обвинителот Цветановски, неодамна заврши и дисциплинската постапка која се водеше против него а ја покрена екс државниот обвинител Љупчо Коцевски. Дисциплинската комисија ја укина претходно изречената казна и не утврди одговорност, со што му се отвори патот да конкурира за раководната позиција на ојо гокк... Тој како виш обвинител по приговорот на АД ЕСМ, даде мислење да продолжи прекинатата истрага за мазутот во ТЕЦ Неготино која претходно беше прекината откако ова обвинителство не најде штета на државниот буџет.

Државниот јавен обвинител Ненад Савески најавил дека нема да ја обжали одлуката на комисијата.

-Одлуката ја примив. Нема да поднесам а освен тоа рокот за поднесување жалба е истечен. – Ненад Савески – Јавен обвинител на РМ

На 28 октомври ќе се спроведе гласањето за нов шеф на ОЈО ГОКК кој ќе го наследи Ислам Абази. За петтемина кандидати ќе гласаат сите јавни обвинители во државата, односно околу 160 обвинители од сите јавни обвинителства. Потоа, Советот на јавните обвинители ќе го именува кандидатот кој ќе освои најмногу гласови.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер