КултураВо 1825 година битолската поштенска служба користела пајтониВо 1825 година битолската поштенска служба за доставување на пратки користела пајтони кои ги поседувало здружение на пајтонџии од тој град.Во книга на Милош Хр. Константинов (1926-1993) се посочува дека помасовното производство на пајтони во Битола почнува кон крајот на 19. век кога се регистрирани вкупно 20 пајтони, и кои се користеле како најбрзо превозно средство. Своите патници најчесто ги чекале на Дембел Чаршија, податок кој е видлив од фотографијата презентирана во книгата „Битола низ стари разгледници" од Димче Најдов. Здружени во групи со претходно договорени и распределени релации, некои битолски пајтонџии организирале превоз до Корча, други за Прилеп и Скопје, а трети преку Лерин за Солун. На овој принцип била организирана битолската поштенска служба која во 1825 и 1826 година одржувала редовни релации за разнесување поштенски пратки до Лерин, Прилеп, Охрид, Кичево и Корча. Во текот на 19. век, краток период во Битола имало и приватни поштари т.е. саиџии (саиџија-турски: поштар) кои од населба до населба разнесувале разновидни пратки, нагласено е во книгата на Милош Хр. Константинов „Занаети и еснафи од Битола и околијата" издадена од битолското Научно друштво во 1961 година. Вработените во битолската Пошта заедно со колегите од земјава денес го одбележуваат 22. Април денот на македонските поштенски работници. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДенеска ќе се одржи нова седница на Социјално економскиот советВеќе од следната недела владата најверојатно ќе интервенира со намалување на акцизите за нафтените деривати, за да се ублажат последиците од блиско источната криза.. Економско-социјалниот совет денеска треба да одржи седница.Заменик-министерот за економија Марјан Ристески вчера најави дека ќе бидат разгледувани неколку точки, меѓу кои годишната програма за работата на советот, а министерството за образование ќе го презентира новиот закон за високо образование. На дневен ред не се мерките за амортизирање на состојбата со цените на храната и горивата, но, сепак, како што рече, не е исклучено да се разговара и за тоа. Економско-социјалниот совет го сочинуваат 12 членови, по четири од владата, од репрезентативниот синдикат и од репрезентативното здружение на работодавачи на национално ниво.Тагови: Владата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалБранителот на тронот Аргентина противник на Шпанија во големото финале на Мундијалот во Америка Актуелниот светски шампион Аргентина со уште еден резулатски пресврт се избори за ново финале на фудбалски Мундијали.Аргентинските фудбалери обезбедија место во големото финале на 23 Светското првенство, по уште еден неверојатен пресврт и триумф над најголемиот ривал на сите полиња Англија. На полуфиналето во Атланта видовне две сосем спортивни полувремиња, досадно прво и супер интересно и неизвесно второ0 полувреме кое го одлучи патникот на финалето во Њу Џерси. По досадните први 45 минути, во вториот дел видовме се она што фудбалот го прави најважната споредна работа на светот. Англија одлично го отвори вториот дел и со голот на Гордон во 55 минута победе со 1-0. Во следните дваесетина минути фудбалерите на Гордиот Албион ја контролираа играта и резулатот. Но потоа следуваше кардинално одлука на англискиот селектор Тухел,кој многу рано уште во 70 минути одлучи да ја брани предноста пред најефикасниот напад на шампионатот, неговите избраници се повлекоа а тоа секако фудбалските велемајстори од Јужна америка веднаш го искористија. Популарните „гаучоси“ започнаа со сите сили да атакуваат кон голот на Гордон.Англискиот голман одолеваше се до 85 минута, бранејќи неколку големи пролики на противниците, кога капитулираше по максимално прецизниот шут на Енцо Фернандес кој погоди на вистинското место со удар од 20 метри. Израмнувачкиот гол на Енцо беше само дополнителен импулс за Меси и другарите да продолжат со атаците кон голот на Англија. Во втората минута од судиското надополнување уште една неверокјатна асистенција на Меси во гол вреден финале ја претвори Лаутаро Мартинез за ерупција на полните трибини во Атланта. По крајот на полуфиналето може да се каже и заклучи дека селекторот на Аргентина Скалони тактички го надмудри својот противник на клупата Тухел, бидејќи неговите замени и тактички промени во финишот значеја пласманна неговиот тим во второ последователно мундијалско финале. „Гаучосите“ на дуелот со Англија ја продолжија неверојатната нјиза на пресврти и фантастични натпревари какви што одиграа и против Капо Верде, Египет и Швајцарија. До крајот на Мундијалот во Северна Америка сега остануваат само уште две средби оние најзначајните за медали и трофејот. Големото финале меѓу Аргетнина и Шпанија се игра во недела во Њу Џерси од 21 часот а ден претходно од 23 часот за бронзата ќе се борат тимовите на Франција и Англија. Во финалето против Шпанија, Аргентина ќе се обиде да ја освои втората последователна и вкупно четврта титула.Шпанците пак во своето второ финале во историја ќе се обидат да го повторат успегот од 2010 од Јужна Африка и да стигнат до вториот пехар. Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоСончево и топло со температура до 38 степени, попладне услови за локална нестабилностСпоред Управата за хидрометеоролошки работи особено топло ќе биде утре и во деновите од викендот, кога дневната температура насекаде ќе биде на 30 степениДенеска времето во земјава ќе биде претежно сончево и топло со мала до умерена локална облачност, а во попладневните часови наместа ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, се вели во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Временска прогноза за 16 јули 2026 г. / Извор: УХМР Утринската температура ќе се движи во интервал од 11 до 20 Целзиусови степени, а максималната дневна насекаде ќе биде над триесетиот степен. Најтопло ќе биде во Гевгелија, каде живата во термометарот се очекува да се искачи до 38 Целзиусови степени. Во Скопје, според синоптичарите, исто така, ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната температура во главниот град ќе достигне до 37 Целзиусови степени. Сончевото и топло време, со услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во попалдневните часови се очекува да се задржи и во наредните денови и за време на претстојниот викенд. Според Управата за хидрометеоролошки работи особено топло ќе биде утре и во деновите од викендот, кога дневната температура насекаде ќе биде на 30 степени.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter