БМВ ги повика сопствениците на 720.000 автомобили во САД да паркираат на отворено и далеку од градежни објекти
1БМВ ги повика сопствениците на 720.000 автомобили во САД да паркираат на отворено и далеку од градежни објекти
3Опасен ТикТок предизвик се шири меѓу младите- скокаат пред возило за да го тестираат трпението на возачите
МакедонијаНово рочиште за пожарот во „Пулс“ – сведочеше ќерката на Дејан Јованов Деко Во дискотеката „Пулс“ во Кочани имало повеќе противпожарни апарати, панични светла , функционална задна врата, а полиција редовно вршела контрола за проверка на малолетници. Ова во судницата во Идризово денеска го истакна Магдалена Јованова, ќерка на Дејан Јованов Деко, првообвинет за пожарот во Пулс лани. Јованова рече и дека кога и да се користела пиротехника, секогаш имало лице задолжено за тој дел, но не можеше да се сети на неговиот идентитет. -Противпожарни апарати имаше кај главната врата, кај бината и кај шанковите, а панични светла имаше и на задната врата, на вратата за излез, како и на вратата кај билетарницата. Често доаѓаше полиција и бараа лични карти, стоеја на врата и не дозволуваа никој да влегува или излегува. Кога се користеше пиротехника, имаше човек кој раководеше со тоа, а надвор, пред врата, сум видела комбе со натпис „Пиротехника“.– сведок Магдалена Јованова, ќерка на првообвинетиот Дејан Јованов Во однос на задната врата од дискотеката рече дека и самата таа, но и гостите често ја користеле за да излезат да пушат цигари, но и дека таму никогаш не видела обезбедување. Покрај Јованова, во судот сведочеше и пријателка на Јованов, како и столар кој работел на внатрешноста во објектот. За родителите на жртвите во пожарот пак кои и денеска беа присутни во суднциата, ваквите сведочења се ирелевантни, а посебно го отфрлаат денешниот исказ на Јованова. – Ова се првите своедоци на прообвинетиот. Мислам дека се многу неважни, бидејќи на околностите на кои сведочеа беа како паушално доведени, како да се злоупотреби рочиштето и не дадоа некое значење, посебно не Магдалена, бидејќи обвинителството мислам дека има многу повеќе докази за неа. - Александар Наунов, родител на жртва во дискотеката „Пулс“ Следното рочиште за трагедијата во Кочани со испитување на сведоци на одбраната ќе продолжи на 24 ноември. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
МакедонијаВо Собранието одбележани 35 години од донесувањето на УставотДенеска, во Собранието, се одржа настан по повод – „35-годишнина од осамостојувањето и донесувањето на првиот Устав“, во организација на Собранието, ЈНУ Институт за национална историја и Државен архив.Прв свое воведно обраќање имаше претседателот на Собранието, Африм Гаши. „ 8 Септември 1991 година и 17 Ноемврии истата година се два неразделни настана во современата историја на државата, бидејки на првиот датум се одржа референдумот, а на вториот беше донесен Уставот на независна Македонија со што на најјасен начин беше изразена политичката волја на граѓаните и нејзината институционализација преку уставниот поредок. Со тој Устав, покрај политичкото прогласување на државноста, Македонија го дефинираше и својот државен идентитет и го задеде своето место меѓу суверените, независни, демократски и социјални држави, станувајки правна држава заснована на владеење на правото, човековите слободи и права, политичкиот плурализам и евроатлантската определба“ – истакна Гаши По говорот на претседателот Гаши, следуваше документарен филм „35 години од донесувањето на првиот Устав“ Директорот на Државниот архив, Димитар Богески, во своето обраќање истакна дека архивските извори претставуваат основа за разбирање на генезата на сопствената држава, нејзиниот политички и правен развој, како и сведоштво за историските процеси поврзани со независноста. Тој нагласи дека Државниот архив претставува институционална меморија на државата и значаен столб на правната сигурност и непреченото функционирање на државните органи. Директорот на ЈНУ Институт за национална историја, Митко Панов, во своето обраќање се осврна на историските случувања во текот на дваесеттиот век, посочувајќи го нивното значење за разбирањето на современите државни процеси. Притоа, ја истакна и важноста на денешниот настан, нагласувајќи дека „Уставот е темелна заштита на идентитетот и достоинството на граѓаните“. Претседателката на државата, Гордана Силјановска-Давкова, се осврна на својот личен придонес во процесот на донесувањето на Уставот, истакнувајќи дека тој бил усвоен со 92 гласа „ЗА“ и 22 „ПРОТИВ“, што, според неа, го потврдува неговиот цврст демократски легитимитет. Таа говореше и за уставните измени и промените низ кои Уставот поминал од неговото донесување до денес. Осврнувајќи се на значењето на Уставот во современото општество, претседателката го истакна неговото место како најважен општествен договор меѓу граѓаните, повикувајќи се на мислата на Жан-Жак Русо. Во рамки на денешниот настан ќе се одржат и панел-дискусии, како и меѓународен научен симпозиум, на кои учесниците ќе имаат можност да разменат научни сознанија, ставови и искуства, отворајќи дискусија за историските, правните и општествените аспекти на донесувањето на Уставот и неговото значење во развојот на државата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Македонија„Кузман Јосифоски- Питу“ ќе прими 280 студенти: Вселувањето најавено од февруари Од 1 февруари студентите ќе можат да се сместат во реконструираниот студентски дом „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје, кој располага со капацитет од 280 легла. Министерката за образование и наука Весна Јаневска најави и распишување на оглас за сместување во наредниве денови, а право на сместување ќе имаат студентите кои ги исполнуваат предвидените услови. Обновата на домот е дел од поголем проект за реконструкција на девет студентски домови, вреден 86 милиони евра. Јаневска кажа и дека продолжуваат разговорите со студентите за воведување ваучерски систем за студентскиот оброк, а смета дека сумата што сега се извојува годишно е еквивалентна на вредноста на еден до два студентски дома. ,, Со сумата од 140 денари се издвојуваат помеѓу 16 и 17 милиони евра. Се уште чекаме одговор од студентите, но ние сме во постојана комуникација со нив и веќе од следната недела Министерството повторно ќе ги повика студентите на состанок за да видиме што конечно решиле, начелно го прифатија моделот.“ Во меѓувреме, претседателот на Собранието, Африм Гаши, ги покани студентите на ручек во собранискиот ресторан, откако беше побарано да им се овозможи да се хранат по истите цени што важат за пратениците. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32