Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати
2Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати
ЗабаваВнимавајте кому го доверувате вашето лице!Оваа жена не може да ги затвори очите, се тргнало наопакуЕдна жена отишла на естетска операција на спуштените очни капаци, а завршила како Франкенштајн. Татјана Станкевич (38), е наводен пластичен хирург, која доби домашен притвор откако беше обвинета дека во својот стан извршила пластична операција без потребните квалификации и медицинска дозвола. Иако таа ги негира обвинувањата и тврди дека не направила никаква измама, истражителите тврдат дека Станкевич, која имала свој салон за убавина, немала право да прави пластични интервенции. Една од нејзините пациенти, педесет и тригодишната Љубов од Москва, пријавила сериозни компликации откако отишла на блефаропластика кај Станкевич - операција за отстранување на вишокот кожа од долните очни капаци. Љубов тврди дека по интервенцијата имала сериозни проблеми, меѓу кои и огромни модринки под очите, а очните капаци почнале да и се превртуваат наопаку, што предизвикало силно солзење и отежнало затворање на очите. - Сфатив дека нешто не е во ред, но таа ме убедуваше дека симптомите ќе поминат и дека кожата ќе се затегне - раскажала Љубов, која наместо да се ослободи од спуштените очни капаци, сега има проблем со извртени очни капаци. Но, состојбата и се влошила, а Станкевич заминала на одмор, оставајќи ја без соодветна медицинска помош. Кога побарала друг медицински совет, лекарот ѝ рекол дека е потребна итна помош за да се поправат проблемите предизвикани од операцијата. Истрагата утврдила дека операцијата била извршена во станот на Станкевич, каде таа го водела својот салон наречен „Beauty Therapy“. Иако таа тврдела дека порано вршела операции во својот дом, полицијата утврдила дека нема квалификации да ги извршува тие зафати. Исто така, истражителите го пронашле мобилниот телефон на осомничената со фотографии од зафатите што ги правела, како и нерегистрирани лекови, кои дополнително ги потврдиле сомнежите за нејзините активности. Исто така, уште две пациентки поднеле жалби до Рускиот истражен комитет. Едната од нив навела дека по операцијата кај лажната докторка ѝ била потребна интензивна нега, а целокупната ситуација предизвикала загриженост за можното влијание врз другите пациенти кои барале евтини пластични операции. Станкевич во својата изјава за медиумите ги отфрли сите обвинувања, тврдејќи дека не вршела никакви операции во својот стан и дека пациентите сами доаѓале кај неа барајќи помош. - Ова е голема лага - изјавила таа, додавајќи дека само еден од пациентите ги прекршил препораките и се лекувал исклучиво во нејзината клиника, пренесува Дејли меил. Полицијата ја продолжува истрагата, вклучувајќи го и прашањето дали Станкевич вршела операции кај други пациенти, додека таа останува во домашен притвор до нејзиното судење, кое е закажано за 29 јануари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваНа Карлеуша ѝ се откажани настапи поради навредите кон студентитеНастапот на српската пејачка Јелена Карлеуша во „Театро клуб“ (Teatro Club) во Есен, Германија – првично закажан за 31 октомври 2026 година – е откажан. Според раководството на клубот, одлуката е донесена по разгледување на нејзините јавни изјави во врска со актуелната политичка ситуација во Србија, особено оние што се однесуваат на студентите. Објавено соопштение „Почитувани гости, сакаме да ве информираме дека настапот на Јелена Карлеуша, планиран за 31 октомври 2026 година во ’Театро клуб‘ во Есен, нема да се одржи. До оваа одлука дојдовме по внимателно разгледување на нејзините јавни изјави и ставови во врска со актуелната политичка ситуација во Србија“, се наведува во соопштението. Од клубот изјавија дека се оградуваат од изјавите кои – како што наведоа – ги навредуваат и омаловажуваат студентите и граѓаните што се борат за своите права, како и од реториката што поттикнува поделби и нетолеранција. „Сметаме дека примарната улога на еден пејач е да забавува, да ги обединува луѓето и да шири позитивна енергија преку својата музика – а не да ги користи својата популарност и јавна платформа за политички пресметки, навреди или за продлабочување на поделбите меѓу луѓето. Секој, вклучително и јавните личности, има право на сопствени политички ставови. Сепак, сметаме дека постои јасна граница помеѓу изнесувањето мислење и користењето на влијанието за омаловажување на другите“, наведоа од клубот. Додадоа дека нивната сцена треба да биде простор посветен на музика и забава, а не на политичка пропаганда. „Teatro Club Esen е место на заедништво, почит и позитивна атмосфера. Не сакаме да им понудиме простор на нашите гости каде што ќе се промовираат ставови спротивни на вредностите за кои се залагаме. Нашите принципи не се на продажба и ниту еден настап не е поважен од почитта што им ја должиме на нашите гости и вредностите што ги застапуваме. Ви благодариме за разбирањето и поддршката“, се вели во соопштението. Од крајот на 2024 година, Јелена Карлеуша е еден од најгласните јавни критичари на студентските протести и блокади во Србија, притоа отворено поддржувајќи го претседателот Александар Вучиќ. Пејачката ги опиша студентите што учествуваат во блокадите како „толпа“ која нема желба да учи, па дури и тврдеше дека тие ѝ нанеле поголема штета на Србија отколку која било војна. Таа исто така предложи дека деканите на факултетите би требало, наместо тоа, да одат да берат малини. Понатаму, таа повика на апсење на ректорот на Универзитетот во Белград, Владан Ђокиќ, кого го обвини за предавство на сопствената земја. Нејзините ставови предизвикаа остри реакции кај дел од јавноста, што доведе до повици за бојкот на нејзините настапи.Тагови: Јелена Карлеуша Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветМожни нови удари по Иран по среднорочните избори во САД Америка ги предупредила своите сојузници на Блискиот Исток да бидат подготвени за нови можни удари по Иран. Според американскиот медиум Волстрит џурнал – нападите би можеле да продолжат откако ќе се оддржат среднорочните избори во САД следната недела. Како што се наведува во американскиот медиум, претседателот Доналд Трамп се уште не донел конечна одлука дали ќе ги започне нападите, а шефот на иранската дипломатија – Абас Арагчи нагласил дека Иран се уште нуди шанса за дипломатски обиди за деескалација. Мировниот план кој го нуди Техеран, според Арагчи, би го отворил ормускиот теснец доколку САД ги исполни условите наведени во предлогот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗаменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултатиЗаменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со Филип Маршето, заменик-амбасадор на Република Франција и францускиот експерт Жером Кел.Во фокусот на разговорот беа реализираните реформи и активностите на институциите за спроведување на Реформската агенда и приоритетите за наредниот период. „Нашата цел е реформите да не останат само обврски на хартија, туку да донесат мерливи резултати, поефикасни институции и подобри услуги за граѓаните. Посветени сме на спроведување на Реформската агенда 2024–2027 и исполнување на европските стандарди преку конкретни активности, јасна одговорност и континуирано следење на постигнатото“, истакна Трајков. На средбата беше нагласена важноста на соработката со Франција, размената на експертски искуства и континуираниот дијалог во поддршка на реформскиот процес и европската интеграција на нашата земја.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter