Внимателно по снегот: Возел Субару, решил да претекнува, кога му излегла машина за чистење снег - Канал 5

Внимателно по снегот: Возел Субару, решил да претекнува, кога му излегла машина за чистење снег

Возачот на „Субару WRX“ само со чудо го преживеал сударот што го доживеал во Њујорк додека возел по снежен пат и се одлучил на маневар кој за малку ќе завршел трагично.

Внимателно по снегот: Возел Субару, решил да претекнува, кога му излегла машина за чистење снег

Кога патиштата се замрзнати или покриени со снег, мора да возите уште повнимателно од вообичаено, бидејќи ќе ви биде многу потешко да застанете. Еден возач го научи ова на потешкиот начин.

Возејќи Субару изгубил контрола над автомобилот и налетал на машина за чистење снег која го преполовила возилото.

Тамошната сообраќајна управа го објави ова видео како предупредување до другите возачи.

Се гледа како WRX го престигнува камионот на сопствената лента, но возачот предоцна сфаќа дека нема доволно простор да го стори тоа безбедно бидејќи во тој момент машината за чистење снег доаѓала од спротивна насока. На крај се зачукува во делот каде што се чисти снегот. За негова среќа, оштетен е дел од Субаруто зад возачот.

Подоцна се објавени фотографии, а Subaru WRX изгледа како да е преполовен со нож.

За чудо, никој не е повреден, но сигурни сме дека овој невнимателен возач ќе размисли двапати во иднина пред да се впушти во какви било зимски маневри.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Експлозија во уште едно бугарско складиште за оружје, пожар го осветли ноќното небо

Силна експлозија предизвика пожар во складиште за оружје во централна Бугарија во текот на ноќта, соопштија локалните медиуми и официјални лица.

Експлозија во уште едно бугарско складиште за оружје, пожар го осветли ноќното небо

Ова е втора експлозија во воен објект во последните недели.

Нема извештаи за повредени во пожарот во близина на селото Царева Ливада, а локалните видеа покажаа пламен како го осветлува ноќното небо.

„Во моментов, пожарот го зафати делот од складиштето на фабриката и се шири од складиште до складиште“, изјави за новинарите регионалната гувернерка на Габрово, Кристина Сидорова.

„EMCO“ беше цел на на напади од руски оперативци во минатото

Цитирајќи извор во „EMCO“, локалните медиуми објавија дека пожарот избувнал на локација што ја управува компанијата и дека истата компанија претрпе експлозија во друг објект минатиот месец. „EMCO“ не беше веднаш достапен за коментар.

„EMCO“ го води бугарскиот трговец со оружје Емилијан Гебрев, чии објекти беа цел на руски оперативци во минатото, според бугарските обвинители.

Во 2024 година, Бугарија издаде налози за апсење на шест руски државјани обвинети за вмешаност во уништувањето на складиштата за оружје на „EMCO“ во кои се чувала муниција наменета за извоз во Украина и Грузија помеѓу 2011 и 2020 година.

Обвинителите во тоа време изјавија дека постои основано сомнение дека експлозиите во Бугарија, обидот за труење на Гебрев во 2015 година и експлозиите во складиштата за муниција во Чешка во 2014 година се поврзани. Москва ги негираше обвинувањата.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателката Сиљановска Давкова присуствуваше на приемот по повод Денот на Уставот и Денот на вооружените сили на Р. Словачка

Словачка е наш докажан пријател и најгласен поддржувач на македонскиот пат кон ЕУ.

Претседателката Сиљановска Давкова присуствуваше на приемот по повод Денот на Уставот и Денот на вооружените сили на Р. Словачка

„На покана на словачката амбасадорка Н.Е. г-а Ивета Хрицова и полковник Иван Улични, присуствував на приемот по повод Денот на Уставот и Денот на вооружените сили на Република Словачка.

Денот на Уставот е потсетник на правно-политичките темели на современата словачка држава, а Денот на вооружените сили симболизира модерна и храбра армија, подготвена да ја брани татковината.

Словачка е наш докажан пријател и најгласен поддржувач на македонскиот пат кон ЕУ.

Длабоко верувам во европската иднина на македонско-словачките односи.“- стои во објавата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Илјадници гласови, една енергија, Центар прослави 50 години со вечер за паметење

Паркот на Франкофонија синоќа беше претесен за сите што дојдоа заедно да прослават 50 години Општина Центар. 

Герасимовски: Илјадници гласови, една енергија, Центар прослави 50 години со вечер за паметење

Многу музика, насмеани лица, публика од сите генерации и македонски песни што се пееја во еден глас ја одбележаа четвртата година на музичкиот хепенинг „Нешто што ќе остане“.

Слаткар, Дупер, Барбара Поповиќ, Лина Пејовска и 2 Бона приредија вистинска музичка вечер за паметење, со публика која пееше заедно со нив од почеток до крај. За расположението и смеата се погрижи Сашко Коцев, кој со својот препознатлив хумор и непосредност ѝ даде посебен печат на целата вечер.

Градоначалникот Горан Герасимовски од сцената им се обрати на присутните и им се заблагодари што во толку голем број дојдоа заедно да го одбележат јубилејот на Општината.

„Вечерва не сум овде пред вас само како градоначалник. Тука сум како еден од вас – како сосед, како пријател, како човек кој го сака Центар. Вечерва славиме половина век Центар, половина век генерации кои растеле тука, создавале семејства, пријателства и спомени и го правеле Центар тоа што е денес. Ви благодарам што сте тука и што овој јубилеј го славиме заедно“, порача Герасимовски.

„Нешто што ќе остане“ веќе четврта година е настан посветен на македонската музика и домашните изведувачи. Герасимовски нагласи дека токму тоа е идејата која Општина Центар сака да ја продолжи и во иднина.

„Имаме одлични македонски музичари и уметници и тие заслужуваат сцена, публика и поддршка. Сакавме овој настан да биде наш – со наша музика, наши изведувачи и наша публика. Тоа го правевме досега и тоа ќе продолжиме да го правиме“, истакна Герасимовски.

А синоќешната слика од Паркот на Франкофонија најдобро покажа зошто – илјадници луѓе, различни генерации, македонска музика и една заедничка причина за славење – 50 години Центар.

Вечер што ќе се памети и уште едно „Нешто што ќе остане“.

Општина Центар - Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер