Внимание: Премногу секс може да ве убие! - Канал 5

Внимание: Премногу секс може да ве убие!

Изгледа дека Фреди Меркјури бил во право кога испеал „too much love can kill you.“ Дивиот секс може да биде смртоносен - пишува во студијата објавена во Журналот на Американската медицинска асоцијација.

Внимание: Премногу секс може да ве убие!
Според оваа студија, дивиот секс може да предизвика срцев удар. Во првите два часа по сексот, шансите да се добие срцев удар се драматично поголеми од обично.

- Ризикот е три до пет пати поголем, во споредба со периодот без физичка или сексуална активност - вели професорката Џесика Паулус.

Паулус, и коавторот на студијата Иса Даабре, откриле дека без оглед на физичката кондиција, срцевите удари ги погодуваат луѓето повеќе за време на физичка или сексуална активност. Но, луѓето кои нередовно имаат секс или нередовно вежбаат, имаат најголем ризик од здравствени проблеми пред и за време на периодите на „силно потење“.

- Сексот не е само физички напор туку комбинација со емоционална состојба. За време на сексот и два часа по него, ризикот од срцев удар е поголем, а по тие два часа се враќа во нормала. Но доколку сексот често се практикува и полека се стигне до одредено редовно темпо, срцето ќе се навикне. Сепак фреквенцијата и интензитетот треба да се градат полека, со време, не одеднаш - велат авторите на студијата.

Истражувачите од Универзитетот во Чикаго дошле до податок дека по преживеан срцев удар, половина од жените апстинираат од секс, а мажите еден период избегнуваат но потоа се враќаат на стариот живот - две третини се вратиле на сексуалните активности уште во текот на првата година по срцевиот напад.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кузеска: Народна банка го крие решението за Алта – како Славески го проценил ризикот по консултацијата со Мицкоски?

Додека Обвинителството молчи и нема отворено истрага за Алта банка вистината излегува на виделина.

Кузеска: Народна банка го крие решението за Алта – како Славески го проценил ризикот по консултацијата со Мицкоски?

Народна банка го крие решението за Алта – како Славески го проценил ризикот по консултацијата со Мицкоски?

Додека Обвинителството молчи и нема отворено истрага за Алта банка вистината излегува на виделина.

Народна банка го крие решението за тоа како Славески го проценил ризикот за влез на Алта банка во Македонија.

Медиумите го побарале решението на Извршниот одбор на НБРМ, кој се состои од гувернерот и вицегувернерите. Посочиле дека го бараат без евентуалните класифицирани и чувствителни информации.

Ама не го добиле.

Ова е потврда на се што СДСМ говори. Вистината се крие од јавноста за да се заташка случајот, да се спасат виновниците кои ја донесоа пералницата на пари на Вучиќ во Македонија.

Гувернерот Славески јавно изјави дека одлуката за Алта банка ја донел во консултација со Мицкоски.

Затоа се крие од јавноста. Одговорноста чука на вратата на Славески и Мицкоски.

Во Законот за банки точно стои кога треба да се одбие барањето за стекнување акции.

Член 59, став 6, ги издвојува високиот ризик за стабилноста, сигурноста и угледот на банката и основаниот сомнеж во законското потекло на парите, интегритетот или вистинскиот идентитет на лицето и поврзаните лица.

Блиските врски, сопственичката или организациската структура може да ја отежнат супервизијата и преземањето корективни мерки.

Ова е составен дел и од Кривичната пријава којашто СДСМ ја поднесе , а за која поминаа 10 дена и не се постапува.

21 ден откако пукна скандалот нема истрага за Алта банка. 10 дена нема постапка по Кривичната пријава на СДСМ.

Очигледно им се купува време на Мицкоски и Трајко Славески да го заташкаат случајот, да го сокријат трансакциите, документите, сметките....

Во Србија на големо се постапува, истрага, стечај, 400 милиони, блокирани сметки, приведен Мацура. Само во Македонија ништо не се презема.

А народот не може да дојде до своите пари.

Сега гледаме истите тие кои што ја внесоа Алта банка во земјата, Мицкоски и Славески, брзаат, да ја обезвреднат и да ја продадат. Потоа СДСМ ќе го обвинуваат за проблемите кои тие ги создадоа.

Времето одминува.

Обвинителот Савески мора да постапи, да отвори истрага за Алта банка и согласно Закон сите да одговараат.

Доколку не постапи ќе стане соучесник, и тоа мора да му биде јасно.

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска - портпаролка и членка на ИО на СДСМ

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зајакот на „Volkswagen“ за 43.000 евра (ФОТО)

Пред повеќе од половина век, „VW Golf“ предизвика вистинска револуција во Европа и практично го дефинираше сегментот на компактни автомобили. Сепак, кога пристигна во САД во средината на 1970-тите, работите не беа толку едноставни.

Зајакот на „Volkswagen“ за 43.000 евра (ФОТО)

Првично увезуван во САД, моделот започна да се произведува локално во 1978 година, во фабриката во Вестморленд. Сепак, таму не се продаваше под името „Golf“, туку под името „Rabbit“.

Оваа одлука беше донесена од маркетиншки причини. Од „VW“ сметаа дека името „Golf“ премногу се поврзува со елитен спорт и со побогатите слоеви на општеството – перцепција што не соодветствуваше со позиционирањето на автомобил наменет за пошироката американска публика.

Името „Rabbit“ не беше ексклузивно само за САД – се појавуваше и во Европа, главно како ознака за одредени „GTI“ верзии или пакети на опрема на одредени пазари – но токму во Америка ова име сега се враќа на сцената.

Новиот „Rabbit“

„Volkswagen Golf GTI Rabbit“ треба да пристигне во средината на 2027 година и ќе послужи како еден вид „освежување“ за „Golf GTI“ во Северна Америка. Оваа специјална изведба е опремена со адаптивна суспензија „DCC“, 19-инчни тркала и летни гуми.

Што се однесува до визуелните промени, моделот се одликува со затемнето лого, црна маска на ладилникот, црн покрив и разни други детали во темни тонови. Единствениот елемент што не е црн е ознаката со зајак („rabbit“), која служи како почит кон оригиналниот модел. Оваа верзија ќе биде достапна исклучиво во САД. Цената сè уште не е објавена, но се очекува да започнува од 43.000 евра па нагоре.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Царински службеници спречија нелегален внес на 2,8 тони нејодирана сол која е забранета за увоз

Царински службеници од Царинска испостава Скопје 3 спречија обид за нелегален внес на 2,8 тони нејодирана сол која е забранета за увоз. 

Царински службеници спречија нелегален внес на 2,8 тони нејодирана сол која е забранета за увоз

Случајот е откриен при контрола на стока декларирана како индустриска сол за која, од страна на увозникот, производител на храна, била обезбедена изјава дека ќе се користи за индустриски цели. При контролата е констатирано дека станува збор за нејодирана сол, а не за индустриска како што било наведено во изјавата и увозната царинска декларација.

Согласно македонската легислатива, солта која се употребува во прехраната треба задолжително да биде јодирана поради штетните последици врз здравјето на граѓаните од консумација на нејодирана сол. Против осомничените е поведена соодветна постапка, а согласно решението добиено од Агенцијата за храна и ветеринарство, солта е уништена на депонијата Дрисла.

Царинската управа потенцира дека откривањето на царински измами со храна е еден од главните приоритети на управата, со цел заштита на здравјето на граѓаните. За оваа цел минатата година со АХВ беше склучен и Меморандум за размена на податоци со што значително се унапреди борбата со криминалот поврзан со храна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер