ВМРО-ДПМНЕ: Заев самиот да ја понесе одговорноста на вечерашниот состанок на ЦО на СДСМ

Единствен начин Зоран Заев да и помогне на Македонија е самиот да ја понесе одговорноста на вечерашниот состанок на ЦО на СДСМ, рече на прес конференција Наум стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.  

Граѓаните на избори веќе му кажаа дека треба да си замине заедно со криминалната, расипничка и антидржавна политика што ја практикува повеќе од две години. Заев загуби во повеќе од половината општини во Република Македонија бидејќи лагите и измамите веќе не минуваат.

Точно е дека одговорност имаат и претседателите на општинските организации на партијата кои молчеа и го поддржуваа криминалот на Заев и на неговите соработниците само за некое вработување или поситен бизнис. Тие треба да бидат сменети, но најголемата одговорност е лично кај Заев и кај неговите први соработници.

Зоран Заев мора да понесе одговорност за не добивањето датум за преговори со ЕУ и за лагата дека датата „кристално чиста е добиена уште лани“. А и за ветувањата од него дека Бујар Османи ќе одговара, дека ќе има кривична за него заради криминал.

ЦО на СДСМ мора да ја смени и Рената Десковска заради сите проблеми во правниот систем, а претходно и во образованието. Единствено што сработи е селективната амнестија и отповикување на неотповикливата оставка на директорот на затворот Скопје.

ЦО на СДСМ мора да го смени Дамјан Манчевски, познат како Дамјан на Рада, заради 3.000 нови вработени во администрацијата, спроведувањето непотизам и партизација на општеството на администрацијата која нели беше преполна и тешка.

ЦО на СДСМ мора да го смени Оливер Спасовски заради неуспехот да се справи со расцветаните криминал, убиства и корупција и особено заради меѓународни документи кои покажуваат спрега на власта и заштита на криминални групи.

ЦО на СДСМ мора да бара смена на Венко Филипче, заради пропаста на јавното здравство и секојдневни криминални тендери и приватизирање на здравството, додека повеќе од една година беснее епидемија на сипаници, нема ниту посочување на жариштето, на изворот, а се врати и шугата!

ЦО на СДСМ мора да ја смени Мила Царовска заради кратењето на пензиите и забошотената афера со пензискиот фонд! Уште повеќе заради нејзината поврзаност со летање дронови на државна сметка.

ЦО на СДСМ мора да го смени Горан Сугаревски бидејќи две години нема ниту еден метар асфалт ставено низ Република Македонија, а два автопати стојат во место! Падот на градежништвото и не реализацијата на капиталните инвестиции не се причина според Заев за барање одговорност од Сугаревски.

ЦО на СДСМ мора да ги смени Кочо Анѓушев но и Драган Тевдовски заради колапсот на економијата, бруталното задолжување и криењето на јавниот долг, додека нема ниту една инвестиција, и ниту една нова фабрика низ земјава.

ЦО на СДСМ мора да ги смени и казни блиските советници и соработници на Заев кои како адвокати влечат огромни суми од јавните претпријатија за адвокатски услуги.

ЦО на СДСМ мора да ги смени пратениците и градоначалниците од СДСМ заради трговија на црно и деспотско однесување. Но тие му се потребни за да му минува семејниот бизнис!

Зоран Заев нема намера да престане со лажење и девастација на државата, претворање на Република Македонија во приватен пашалак на кланот на власт. Тој наместо државни функционери, ги менува своите послушници во општинските партиски канцеларии, после изборниот неуспех, само во обид да го намали незадоволството и разочарувањето во СДСМ од него. Ќе постави свои нови луѓе за да може да добие уште малку време и да си овозможи поблаго атерирање по падот од власта!

Зоран Заев нема да го смени својот однос кон граѓаните, понижувањето, лажењето и девастацијата на општеството кое тоне во немаштија и секојдневно бега од државата. Зоран Заев и неговиот клан се најголемата непогода за Република Македонија. Зоране Заев, не можеш да избегаш, падот ти е неизбежен. И ќе биде онолку поболен, колку што одолговлекуваш да си заминеш!, рече Стоилковски.

Фото: Британска манекенка ужива на одмор во Дубровник

Британската манекенка Ферне МекКан веќе одлучила да замине на одмор. Деновиве таа ги покажа своите фотографии од Хрватска. Како што откри таа е на одмор во Дубровник и околината.

„Верувајте си дека ќе го изберете она што е соодветно за вас. Најубавиот ресторан на островот. Каков прекрасен, посебен ден во Хрватска“, напиша таа во описот на фотографијата на која позира во црн костим за капење.

Дејли мејл известуваше за нејзиниот летен одмор во Хрватска. „Ферне МекКан ја истакнува својата неверојатна фигура во црно бикини додека се сонча во Хрватска“, гласи насловот на нивната статија.

Ферне неодамна изјави дека ослабела многу откако ја родила ќерката Финти, а многумина ја фалат затоа што покажала реален поглед на нејзиното тело. „Сакам да гледам реални фотографии, сите имаме целулит и маани кои попрво би ги немале, но добро е да ги славиме. Благодарам Ферне за искрената објава“, гласи пофалбата на еден следбеник.

Од 2022 година, Ферне е во врска со бизнисменот Лори Хејнс, со кој ја има ќерката Финти. Тој има уште една ќерка, од претходната врска.

Бајден настапи пред дипломците на Морхаус колеџот во Џорџија

За време на церемонијата со врачувањето на дипломи некои студенти носеа црно-бели палестински шалови во знак на солидарност со Палестинците.

Претседателот на САД, Џо Бајден во денешното обраќање пред дипломците во Морхаус, високообразовна установа од Џорџија каде мнозинството студенти се афроамериканци, прати пораки од неговата предизборна кампања за зацврстување на врските со младите од етничките малцинства.

За време на церемонијата со врачувањето на дипломи некои студенти носеа црно-бели палестински шалови во знак на солидарност со Палестинците.

- Сакам сите да запаметите, кога не избраа први ни велеа дека нема да направиме ништо значајно. Но ние направивме се. Благодарејќи вам … Мошне многу ценам што ми дадовте можност за повторен настап тука, изјави претседателот во обраќањето до дипломците на Морхаус.

Тој говореше и за својот соперник на претстојните избор – поранешниот претседател Доналд Трамп.

- На овие избори многу е ставено на коцка, мошне многу. Станува збор не за мене, туку за алтернативата … Работата е во тоа што тој (Трамп) изложи што имено планира да прави (ако биде избран). И републиканците во Претставничкиот дом ќе кажат и моите колеги ќе кажат, што тие имено ќе прават ако победат, рече Бајден.

Колеџот Морхаус е основан во 1867 година како машки колеџ за школување на црномурести кои скоро биле ослободени од ропство. Еден од они кои дипломирале тука е и Мартин Лутер Кинг помладиот.

Морхаоус е голем град во Џорџија со има значајна улога во претседателската трка во 2024 година. Бајден овде во 2020 година стана првиот кандидат за претседател од Демократската партија кој доби поддршка од оваа држава по Бил Клинтон во 1992 година.

Бајден денеска попладне патува во посета на Мичиген, каде ќе учествува на настан организиран од Детроитски фонд за борба за слобода. /МИА

Алкалоид го освои трофејот во ракометниот Куп на Македонија

Ракометарите на Алкалоид се победници во Купот на Македонија, откако вечерва во финалето одиграно во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје го совладаа фаворитот Еурофарм Пелистер со 25:23 по изведувањето пенали.

Ова е прв трофеј во својата куса историја за младиот тим на Алкалоид кој на завршниот турнир ги совлада најголемите две имиња во македонскиот ракомет, Вардар и Еурофарм Пелистер.

Во финалето двете екипи во повеќе наврати се менуваа во водство, највисокото беше четири голови разлика, за на крај победникот да биде решен по пенал-рулетот во кој се истакна голманот на скопскиот тим Иван Галевски.

Токму Галевски беше прогласен за најдобар голман на завршниот турнир, наградата за најдобар стрелец отиде кај Богдан Радивојевиќ, а за МВП Филип Кузмановски (двајцата од Еурофарм Пелистер).

Претходно во текот на денот, во женското финале, Ѓорче Петров го победи Чаир со 36:24. /МИА

притисни ентер