ВМРО-ДПМНЕ: Заев не се откажува од Филипче, тој му средуваше тендери во 4 очи - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: Заев не се откажува од Филипче, тој му средуваше тендери во 4 очи

Марионетата на Заев, наместениот претседател на СДС, Венко Филипче има огромна поддршка од Заев заради нивното минато.

ВМРО-ДПМНЕ: Заев не се откажува од Филипче, тој му средуваше тендери во 4 очи

Минатото на Заев и Филипче, за жал продолжува во сегашноста преку потрчкото на Заев, Филипче, кој сега го глуми Заев во СДС.

Заев не може да се откаже од Филипче, бидејќи тој во сегашноста му ги води политиките, а во минатото, тендерите.

Да ја потсетиме македонската јавност, дека Филипче беше фатен во „Крвави тендери’’, вредни 35 милиони евра. За среќа на македонската јавност, ВМРО-ДПМНЕ, јавноста и медиумите го спречија ова.

Инаку, тендерот ќе завршеше во рацете на фирма со име АХР ЛАБ, која беше без корпоративна електронска пошта, односно нејзиниот меил беше жути@јаху .

Заев и Филипче треба да бидат минато на политичката сцена, а не Заев да го промовира Филипче како ново лице во СДС.

Заев и Филипче се директни виновници за сите работи заради кои тоневме како држава. ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволи веќе тоа изживување на институциите и државата. Време е за одговорност и правда!, се наведува во партиското сопштение.

Мелони: Европа и САД мора повторно да се зближат, за доброто на Западот

Италијанската премиерка Џорџа Мелони во интервју за весникот „Кориере дела сера“ изјави дека е неопходно повторно зближување меѓу САД и ЕУ, бидејќи во меѓувреме се појавиле нови сили кои се обидуваат да доминираат со меѓународната рамнотежа.

Мелони: Европа и САД мора повторно да се зближат, за доброто на Западот

Таа порача дека Европа треба значајно да придонесе за сопствената безбедност и дека Западот не треба да се сфаќа само како збир на интереси, туку како цивилизациска целина.

- Мислам дека целта на Италија е да ги приближи двата брега на Атлантикот колку што е можно повеќе, за да се зацврсти Западот. Кога велам Запад, мислам на вредности, не само на географија, рече Мелони.

Таа потврди дека нејзините односи со американскиот претседател Доналд Трамп се многу добри и дека дури и кога имаат различни ставови, меѓусебно се почитуваат.

Во врска со можно одржување на средба меѓу Трамп и лидерите на ЕУ во Рим, Мелони посочи дека техничките преговори се во тек за можен договор околу царински прашања. Според неа, можно е и одржување политичка средба, но засега без утврден датум. Ако се одржи во Рим, тоа би било признание за Италија, но дури и доколку се случи во Брисел или на друго место, тоа нема да го намали значењето.

Мелони ги отфрли тврдењата дека го дели италијанското општество и остро реагираше на критиките од левицата. Според неа, нејзините политички противници го жртвуваат националниот интерес поради идеолошка припадност.

Во однос на Украина, Мелони рече дека Италија останува на страната на Киев и дека ја поддржува секоја иницијатива што води кон праведен и траен мир. Таа ја поздрави изјавата на претседателот Володомир Зеленски за подготвеност за безусловен прекин на огнот и повика Русија да направи ист чекор.

За неодамнешната средба на Трамп и Зеленски во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан, Мелони рече дека тоа бил „прекрасен момент“ и можеби „последниот подарок од папата Франциск за сите нас“.

На прашањето околу празното трето столче на таа средба, Мелони нагласи дека никогаш немала намера да присуствува, и дека „во тој момент, нејзиното место не беше таму“.

Во пресрет на 1 Мај, Денот на трудот, премиерката најави мерки за зголемување на безбедноста на работните места, наведувајќи дека е недозволиво секојдневно да се случуваат смртни случаи и повреди на работното место. /МИА

Силен земјотрес во близина на Нов Зеланд

Земјотрес со јачина од 6,2 степени е регистриран попладнево во близина на Нов Зеланд, пренесоа агенциите, повикувајќи се на Геолошкиот институт на САД.

Силен земјотрес во близина на Нов Зеланд

Нема извештаи за повредени или причинета материјална штета, ниту е издадено предупредување за цунами.

Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри под океанското дно, 300 километри југозападно од Инверкаргил, кој е и најјужниот и најзападниот град во Нов Зеланд.

Нов Зеланд се наоѓа на таканаречениот Тихоокеански огнен прстен, кој е најсеизмичкиот регион на Земјата. Земјотресите и вулканските ерупции таму се чести. /МИА

Лидери на 19 земји го најавија своето присуство на Парадата на победата во Москва

На 80-годишнината од победата во Втората светска војна, која ќе биде одбележана на 9 мај во Москва, се очекува да присуствуваат лидери од 19 земји, додека двајца други лидери добија покани, но сè уште не го потврдија своето присуство.

Лидери на 19 земји го најавија своето присуство на Парадата на победата во Москва

Меѓу потврдените гости се српскиот претседател Александар Вучиќ, претседателот на Република Српска Милорад Додик, кинескиот претседател Си Џинпинг, словачкиот претседател Роберт Фицо, белорускиот претседател Александар Лукашенко, венецуелскиот претседател Николас Мадуро, бразилскиот претседател Луиз Игнасио Лула да Силва и други.

На парадата ќе присуствуваат и претседателите на Буркина Фасо, Виетнам, Куба, Абхазија, Азербејџан, Палестина, Таџикистан, Туркменистан, Казахстан, Киргистан, Узбекистан и Ерменија.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, нема да присуствува на настанот.

Парадата на победата стана традиција по распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година.

Првата парада, во чест на 50-годишнината од победата во Втората светска војна, се одржа во 1995 година, а оттогаш парадите се одржуваат секоја година.

На тој настан присуствуваа лидери од повеќе од 50 земји, вклучувајќи официјални лица од САД, Велика Британија, Франција и Германија.

По 1995 година, парадите станаа редовни, а со текот на годините на нив присуствуваа неколку високо рангирани странски лидери.

Меѓу најистакнатите гости беа генералниот секретар на ОН Бутрос Гали, претседателите на САД, Франција, Германија, како и лидери на други земји, вклучувајќи го премиерот на Канада, британскиот премиер и лидерите на земјите од поранешниот Советски Сојуз.

Секоја година, со присуство на политички и воени делегации, се водат дискусии за историската и стратешката важност на 9 мај, а свеченостите се одбележуваат со воена парада и артилериски оган на Црвениот плоштад. /МИА

притисни ентер