2Сузуки го претстави најмалиот електричен автомобил во Европа, цената ќе биде под 20.000 евра (ВИДЕО)
НаукаЛеталото „Бепи Коломбо“ и покрај проблемите, влезе во орбитата на Меркур Леталото „БепиКоломбо“ успешно влезе во орбитата околу Меркур во сабота, 21 ноември, во 18:24 часот по Гринич, означувајќи го вториот голем чекор во патувањето до првата планета до Сонцето. Штом сигналот на вселенското летало беше повторно воспоставен по планираното губење на контакт, тимот за контрола на мисијата во Европскиот центар за вселенски операции (ESOC) во Дармштат, Германија, забележа дека вселенското летало влегло во безбеден режим на работа, соопшти Европската вселенска агенција (ESA). Се појави проблем за време на работата на погонот, што предизвика маневрот да заврши порано од очекуваното. Оттогаш, тимовите во ESOC работат деноноќно со главниот производител на вселенското летало, „Ербас“, и колегите од заедничката мисија на Европската вселенска агенција (ESA) и Јапонската агенција за истражување на вселената (JAXA) за да го истражат проблемот, за кој беше утврдено дека е предизвикан од софтверска грешка. Мисијата БепиКоломбо е безбедна и во стабилна орбита околу Меркур по осумгодишно патување до планетата, и сè е на добар пат за одвојување на нејзините два научни орбитатори на 9 декември. Мисијата, исто така, постави преседан: влегување во орбита околу друга планета користејќи „пристап со слаба стабилност“. Ова вклучува пристигнување со помали брзини од оние што се типични за планетарните мисии, техника што претходно ја користеа само неколку вселенски летала на пат кон Месечината. „Нашиот научен тим од речиси 600 членови ќе биде воодушевен кога ќе види како БепиКоломбо ја поминува оваа клучна пресвртница и ќе почне да открива повеќе за Меркур, од неговата внатрешност и површина до просторот околу него“, рече Гераинт Џонс, главен научник на ESA за БепиКоломбо. БепиКоломбо, заедничка мисија на Европската вселенска агенција (ESA) и Јапонската агенција за истражување на вселената (JAXA), ќе стане само втората што ќе ја орбитира планетата најблиску до Сонцето. Ова се две поврзани сонди - Европскиот планетарен орбитер Меркур (MPO или Бепи) и Јапонскиот магнетосферски орбитер Меркур (MIO), кои сè уште не се одвоени.Тагови: вселенско летало Меркур Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: Обезбедуваме сместување, правна и психолошка помош за жртвите на семејно насилствоНа денешната панел дискусија во рамки на кампањата „16 дена активизам“,се обрати градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски .На денешната панел дискусија во рамки на кампањата „16 дена активизам“, под мотото „Сплотени дејствуваме, одлучни против насилство“, во организација од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ се обрати градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски кој најави дека и во текот на наредната година ќе продолжи отворањето на нови локации за привремено згрижување на жртвите на семејно насилство и посочи дека градот веќе го направил првиот чекор со обезбедување целосно опремен стан за привремен престој на жртвите, нагласувајќи дека институционалната поддршка и создавањето безбедно засолниште се од особено значење за лицата кои се соочуваат со семејно насилство. „Првиот чекор што го обезбедиме да обезбедиме стан во којшто ќе бидат сместувани привремено жртвите на семејно насилство, и мислам дека тоа беше добар чекор, дали тоа целосно ги решава проблемите, не ги решава, но многу е важно во овој процес да тие коишто се кревки, да знаат дека имаат на кого да се потпрат токму заради тоа ќе продолжиме наредната година во обезбедување на повеќе позиции вакви, секако тоа се локации коишто се недостапни за очите на јавноста но се целосно опремени од страна на градот Скопје“, рече Ѓорѓиевски. Ѓорѓиевски посочи дека покрај обезбедувањето привремено сместување за жртвите на семејно насилство, градот Скопје обезбедува правна и психолошка поддршка и истакна дека поддршката опфаќа транспорт, логистичка помош, разговори со стручно лице и пакети со храна, а преку соработка со приватни компании се работи и на нивно вклучување на пазарот на трудот. „Во меѓувреме со сите невладини организации коишто пружаат ваков тип на услуги соработуваме и даваме финансиска поддршка за да можат што поголем број на вакви случаеви да бидат опфатени и пак ќе споменам многу е важно во тие моменти да знаат дека имаат на кого да се потпрат. Вториот чекор којшто го преземаме, бидејќи не е доволно само некого да го згрижите и да му обезбедите привремено сместување, обезбедуваме правна и психолошка поддршка како град Скопје, нешто што исто така ние го воведовме како новитет, а не беше за жал пракса години наназад во градот Скопје и третиот чекор којшто го преземаме, остваруваме контакти со приватните сопственици коишто ги пласираат таквиот тип на жртви на семејно насилство на пазарот на трудот, и тука е еден комплиментарен процес, заокружен циклус на којшто практично од моментот на пружање на рака и помош во прва фаза каде што обезбедуваме и транспорт за истите жртви, обезбедување на поддршка логистичка со еден службеник да разговараат затоа што и тоа е многу важно, обезбедување пакети на храна и подоцна пласирање на пазарот на трудот“, посочи Ѓорѓиевски,се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37Средба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12Претседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34
Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37
МакедонијаМицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги Македонија ќе добие дополнителни 75 милиони евра во рамки на планот за раст. Добросоедските односи се клучни за напредокот кон ЕУ... Ова го порачаа лидерите на ЕУ по денешниот самит ЕУ – Западен Балкан.Дополнителни 75 милиони евра од Планот за раст, завршени технички преговори за комуникација со ЕУ земјите без наплата на роаминг како и најава дека од стартот на следната година Европската комисија ќе започне дијалог и со Македонија за постепена интеграција во единствениот европски пазар – се дел од клучните теми за земјава кои се дискутираа на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел. Премиерот Мицкоски порача дека земјава испорачува реформи, а не билатерални прашања. „Ние сме тие кои зборуваат дека доста е од билатерализација, доста е од билатерални прашања, да зборуваме за заслуги, за учинок, и ние како Македонија тоа го правиме тука. Ќе се бориме за она што е наш аргумент, ќе се бориме за македонските граѓани.“ „На почетокот на следната година, ќе започнеме постепени интеграциски дијалози со секој партнер, прилагодени по мерка, затоа сакаме да идентификуваме нови можности за нив на нашиот единствен пазар. Како што реков, подлабоката интеграција оди рака под рака со реформите, а ова ме доведува до Планот за раст. // Тие би можеле да отклучат уште 338 милиони евра за Албанија, Црна Гора и Македонија во наредните недели.“ Претседателот на Европскиот совет – Антонио Кошта пак, порача дека не се само реформите важни на патот кон ЕУ, туку и добрососедските односи. „Овој пат кон Европската Унија не е само спроведување на потребните реформи. Регионалната соработка, помирувањето и добрососедските односи се клучни предуслови за пристапување во Европската Унија. Се радувам на понатамошен напредок во решавањето на билатералните прашања.“ Пред почетокот на Самитот, Мицкоски изјави дека пред да се отвори темата за Уставни измени, најпрвин мора да се разговара за Акцискиот план за малцинства бидејќи токму тој ќе биде новата пречка. Како што подвлече Мицкоски, од 27 земји членки, само една членка е против него, односно Бугарија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter