ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Владата ја претворија државата во дувло на криминал и корупција

Македонија е загубена држава со Зоран Заев на власт. Зоран Заев и криминалната влада која ја води ја претворија државата во дувло на криминал и корупција. 

Наместо кривични постапки против функционерите во власта имаме амнестирања од страна на премиерот.

Зоран Заев е единствениот неколкукратно аболициран премиер во Европа, тој е човекот кој ги амнестира од одговорност и криминал сите функционери во неговата влада фатени во сомнителни работи, зделки и потфати.

Зоран Заев го амнестира Драги Рашковски. Заев не побара оставка од Рашковски, ниту пак повика на истрага.

Зоран Заев го амнестираше и Кочо Анѓушев, кој во екот на преговорите со Грција ја продаде својата фирма ЕДС на грчкото електростопанство.

Зоран Заев го аммнестираше и Оливер Спасовски, кој преку оглас додели лиценци за спроведување на возачки испити на фирма на другар на Зоран Заев од Струмица.

Зоран Заев го амнестираше и Јован Деспотовски преку кој беа доделени милиони на име грантови за иновации на блиски луѓе до СДСМ.

Зоран Заев ги амнестираше и десетиците случаи на непотизам, на синови и ќерки на негови функционери вработени во јавната администрација.

Време е граѓаните да си ја вратат државата. Да ставиме крај на криминалот, корупцијата и скандалите.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Во Штутгарт нападнати двајца пратеници на АфД, осомничени две девојки на возраст од 19 и 23 год

Полицијата на германската сојузна покраина Баден-Виртемберг соопшти дека двајца покраински пратеници од партијата Алтернатива за Германија (АфД) биле нападнати во Штутгарт, а за нападот е отворена истрага против две девојки на возраст од 19 и 23 год

Пратениците се здобиле со полесни повреди додека во средата вечерта стоеле пред штандот поставен по повод 75-годишнината од германскиот Устав, јави Дојче Веле.

Полицијата соопшти дека двајцата се здобиле со повреди во пределот на главата и вратот, а АфД го повика министерот за внатрешни работи на оваа сојузна држава Томас Штробл да преземе нешто против, како што го нарекоа, „левичарскиот екстремизам“.

Овој напад е продолжение на серијата напади врз германски политичари, меѓу кои најнов случај беше нападот врз министерката за економија на Берлин Франциска Гифи, која непознато лице ја удри во главата во библиотека.

Исто така во вторникот, 48-годишен член на партијата на Зелените беше нападнат во Дрезден додека поставуваше плакати, а полицијата соопшти дека истражува група која извикувала нацистички слогани.

Бушман: Построгите закони не се доволни за да се спречи политичкото насилство

Построгите казни нема да бидат доволни за да се спречи растечката агресија врз политичарите, изјави германскиот министер за правда Марко Бушман.

- Обидот да се реши социјалниот проблем на општата брутализација на политичките дебати само со помош на кривичното право ќе биде неуспех, изјави за ДПА политичарот од либералната Слободна демократска партија, најмалиот партнер во владејачката трипартиска коалиција.

Сепак, тој е подготвен да ги разгледа предлозите на федералните провинции во областа на кривичното право.

Сојузниот министер за внатрешни работи и државните министри за внатрешни работи во вторникот одржаа видео-конференција по бруталниот напад врз водечкиот кандидат за европските избори во Саксонија на германската Социјалдемократска партија (ГСДП), Матијас Еке.

Во заедничката резолуција, министрите за внатрешни работи побараа од министрите за правда што е можно поскоро да истражат дали „конкретната неправда што може да се види во фактот дека ваквите напади се закана за демократијата“ веќе е доволно рефлектирана во кривичното право. Исто така, треба да истражи дали „е кривично дело намерно ширење дезинформации со цел да се влијае на изборите или да се зголеми насилството“.

ДПА потсети дека зачестуваат нападите врз политичарите во Германија.

Унгарскиот претседател Суљок упати честитки до Сиљановска-Давкова

Пријателска честитка на изборот за претседателка на  Гордана Сиљановска-Давкова упатил претседателот на Република Унгарија, Тамаш Суљок.

Во честитката на унгарскиот претседател меѓу другото стои дека тој со задоволство очекува, како што вели, да соработуваме и да ги зајакнеме нашите билатерални односи.

Благодарност за честитката изразила Сиљановска-Давкова потенцирајќи ја важноста на европската интеграција.

- Во нејзиниот одговор на унгарски и на англиски јазик, наведено е следново „Почитуван претседателе Суљок, Ви благодарам на Вашите честитки. Да ја продолжиме нашата соработка во насока на зацврстување и продлабочување на нашите одлични македонско-унгарски односи и да работиме заедно на заокружување на проектот за европска интеграција.“, се додава во соопштението од Тимот на ГСД.

Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди Тајван

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди кинескиот регион Тајван.

Земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри.

Тој беше почувствуван и во главниот град Тајпеј и на источниот брег на Тајван.

притисни ентер