Унгарскиот претседател Суљок упати честитки до Сиљановска-Давкова - Канал 5

Унгарскиот претседател Суљок упати честитки до Сиљановска-Давкова

Пријателска честитка на изборот за претседателка на  Гордана Сиљановска-Давкова упатил претседателот на Република Унгарија, Тамаш Суљок.

Унгарскиот претседател Суљок упати честитки до Сиљановска-Давкова

Во честитката на унгарскиот претседател меѓу другото стои дека тој со задоволство очекува, како што вели, да соработуваме и да ги зајакнеме нашите билатерални односи.

Благодарност за честитката изразила Сиљановска-Давкова потенцирајќи ја важноста на европската интеграција.

- Во нејзиниот одговор на унгарски и на англиски јазик, наведено е следново „Почитуван претседателе Суљок, Ви благодарам на Вашите честитки. Да ја продолжиме нашата соработка во насока на зацврстување и продлабочување на нашите одлични македонско-унгарски односи и да работиме заедно на заокружување на проектот за европска интеграција.“, се додава во соопштението од Тимот на ГСД.

Зоран Јованов, таткото на Васил не се појави на денешното судење ,обвинителството го преквалификува делото

Осомничениот Зоран Јованов, таткото на осудениот Васил Јованов кој ја прегази младата Фросина Кулакова на Партизанска во Скопје не се појави на денешното судско рочиште во Кривичниот суд во Скопје. 

Зоран Јованов, таткото на Васил не се појави на  денешното судење ,обвинителството го преквалификува делото

Поради тоа стартот на судскиот процес против таткото на Васил, Зоран Јованов е доложен за 3 септември 2025 година.

Судењето кое требаше да започне денеска се одложи поради отсуство на обвинетиот Зоран Јованов, кој како што информираше судијката Снежана Марковска, која беше судија и во процесот против неговиот син Васил Јованов, бил неуредно повикан за денешната расправа, што е констатирано од повратниците на поканите кои пристигнале до Судот.

На денешното рочиште беше соопштено дека Обвинителството извршило измена на обвинителниот предлог.

- Со оглед на тоа што како пост фестум се појавија и други докази, неминовно беше новата фактичка состојба да се сублимира под поинаква правна квалификација – рече јавниот обвинител Александар Марковски.

Така, наместо претходното обвинение за „предизвикување општа опасност“, сега Јованов се гони за кривично дело „загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средства“.

Кривичното дело „загрозување на безбедноста во сообраќајот“, носи казна до една година затвор или парична казна. Претходното дело предвидуваше затвор до три години.

Герасимовски и Тарабунов: Филмска музика во симфониско руво на плочникот кај Градски ѕид в сабота

Филмска музика во симфониско руво на плочникот кај Градски ѕид, ве чекаме во сабота на добра музика.

Герасимовски и Тарабунов: Филмска музика во симфониско руво на плочникот кај Градски ѕид в сабота

Градоначалникот Горан Герасимовски ги поканува сите скопјани во сабота на „Центарска симфонија“, концерт посветен на најубавата филмска музика, изведена во живо од камерен оркестар и бенд, со специјален гостин музичката ѕвезда Александар Тарабунов.

Концертот ќе се одржи оваа сабота (28 јуни 2025) со почеток во 20:00 часот, на плочникот кај Градски ѕид (Клуб на новинари).

„Центарска симфонија е музичко патување низ емоции, спомени и современи интерпретации во Центар, во срцето на Скопје. Ќе слушаме македонска и светска филмска музика во ново, моќно симфониско руво. Со настани како ‘Центарска симфонија’ ја збогатуваме културната понуда на Општина Центар и ја доближуваме уметноста до секој граѓанин. Горди сме што инвестираме во култура која ги поврзува генерациите и ја разубавува заедничката слика за животот во Центар“, вели Герасимовски.

Концертот е бесплатен за граѓаните и е дел од културната програма на Општина Центар, која годинава носи повеќе настани.

„Ве поканувам на 28 јуни на ‘Центарска симфонија’, ќе пееме филмска музика и за првпат ќе имате можност да ја слушнете мојата најнова песна „Заедно“ со симфониски оркестар. Дојдете да пееме заедно и да уживаме таа вечер”, порачува Тарабунов.

Се гледаме во сабота, на музика, под ѕвезди, во Центар!

Општина Центар

Судијка ја блокираше забраната на Трамп за прием на странски студенти на Харвард

Федерална судијка синоќа ја блокираше администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, во намерата за спроведување на неговиот план за забрана за студирање на  странци на Универзитетот Харвард.

Судијка ја блокираше забраната на Трамп за прием на странски студенти на Харвард

Федерална судијка синоќа ја блокираше администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, во намерата за спроведување на неговиот план за забрана за влез на странски државјани во Соединетите Држави за студирање на Универзитетот Харвард.

Алисон Бароуз, федерална судијка во Бостон, издаде привремена забрана со која го блокира најновиот обид за ограничување на можноста на Харвард да прима меѓународни студенти.

Привремената забрана ја продолжува привремената забрана што таа ја издаде на 5 јуни, еден ден откако Трамп потпиша проглас за ова прашање „од загриженост за националната безбедност“.

Трамп го стори тоа откако веќе замрзна милијарди долари финансирање за најстариот и најбогат универзитет во Америка, заканувајќи се дека ќе го укине неговото ослободување од данок и покрена неколку истраги за универзитетот.

Инаку, со одлуката на Трамп ќе им се забранеше на странските државјани да влегуваат во Соединетите Држави за да студираат на Харвард или да учествуваат во програми за размена за почетен шестмесечен период, а државниот секретар Марко Рубио ќе мора да одлучи дали да ги поништи визите за меѓународните студенти кои веќе се запишани на Харвард.

Сепак, Бароуз рече дека администрацијата на Трамп веројатно ги крши правата на Харвард за слобода на говорот од Првиот амандман со тоа што се одмаздува на универзитетот за тоа што одбива да ги исполни неговите барања да се откаже од контролата врз наставната програма и приемот на факултетот, и со тоа што го таргетира врз основа на она што официјалните лица го сметаат за левичарски тенденции на универзитетот.

Универзитетот Харвард соопшти дека одлуката ќе му овозможи да продолжат да прифаќаат меѓународни студенти и научници додека трае случајот.Раководството на престижниот Универзитет воедно дополнува дека ќе продолжи да ги брани правата на универзитетот, неговите студенти и неговите научници. Речиси 6.800 меѓународни студенти го посетувале Харвард во последната година, што претставува околу 27 проценти од студентското тело.

притисни ентер