ВМРО-ДПМНЕ: За Филипче и СДС, патот до Брисел поминува преку Софија, и преку идентитетот - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: За Филипче и СДС, патот до Брисел поминува преку Софија, и преку идентитетот

Не е тешко да се заклучи што Венко Филипче сака да постигне со неговата гласност за внесување на Бугари во Уставот, со оглед на тоа што СДС секогаш се движи по истата траекторија на национални отстапки.

ВМРО-ДПМНЕ: За Филипче и СДС, патот до Брисел поминува преку Софија, и преку идентитетот

Последните уставни измени кои се случија беа за промена на името на државата, за што заслужен беше менторот на Филипче, Заев.

СДС дојде на власт со изгубени избори, со лажни ветувања за европска иднина, а сега Филипче повторно се обидува да ја продаде истата таа приказна.

СДС ја доведе Македонија да биде блокирана на патот кон ЕУ, затоа што на никој од СДС, ниту од претходниот состав на Заев, ниту од овој не толку нов состав на Филипче, не му се приоритет националните интереси ниту македонскиот идентитет.

Филипче сега се обидува да го наметне истото сценарио со Бугарија.

Ставовите на официјална Софија се дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, дека Македонците и Бугарите се ист народ во две држави и дека македонските револуционери се Бугари.

Со месеци се додворуваше на Бугарија, на Румен Радев, па даваше изјави во јавноста усогласени со бугарското МНР, се нудеше на нив за да некако се продаде кај нив, затоа што од македонските граѓани доби јасни пораки на неколку последователни избори, и знае дека народот нема да го гласа.

Филипче на чело на СДС, е подготвен да ја редефинира македонската историја, затоа што сонува за премиерска фотелја. По примерот на Заев, Филипче исто така кажува дека е подготвен на нова национална отстапка што ќе му ја овозможи оваа фотелја, вели дека ако било до него веднаш би ги вметнал Бугарите во Уставот, без понатамошни гаранции.

Оттука, може да се заклучи дека Филипче ги следи комплетно истите чекори на Заев. Вели дека македонскиот идентитет не бил загрозен што комплетно се коси со ултиматумите кои Бугарија и ги наметнува на Македонија при евроинтегративниот процес.

Филипче би избрал да служи на туѓи држави, да исполнува туѓи агенди, а очигледно и највисокото раководство на СДС се усогласува со ова, со оглед на тоа што лица од ИО на СДС постојано се во комуникација со контроверзни лица и лица кои за цел имаат да шират бугарска пропаганда во Македонија.

Но, ова нема да помине. Филипче и СДС ги потценуваат граѓаните. Граѓаните нема да дозволат уште еден Заев да и се случи на Македонија, нема да дозволат уште една национална отстапка, нема да дозволат понатамошно обезличување на Македонија, пазарење со националните интереси и редефинирање на македонската историја. Народот сака предвидлив евроинтегративен пат, со јасни црвени линии, а не лик кој се однесува како специјален бугарски пратеник на Бугарија во Македонија и кој застапува антидржавни политики само за да дојде на власт и по претходен пример да ја испразни државната каса, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Денеска во Охрид ја отворив Летната школа за учење македонски јазик

Денеска во Охрид ја отворив Летната школа за учење македонски јазик, на која учествуваат деца на наши иселеници од повеќе држави ширум светот. 

Мицкоски: Денеска во Охрид ја отворив Летната школа за учење македонски јазик

Летната школа се одржува од 31 јули до 6 август 2026 година и има за цел да им овозможи на младите генерации од дијаспората да го изучуваат македонскиот јазик, да ја запознаат нашата култура, историја и традиција и уште повеќе да ја зацврстат врската со својата татковина.

Македонскиот јазик е нашиот идентитет, нашата култура и најсилната врска што не обединува, без разлика каде живееме. Затоа, особено е важно најмладите да го негуваат мајчиниот јазик и да ја продолжат љубовта кон Македонија.

На сите учесници им посакувам успешна недела исполнета со нови знаења, пријателства и убави спомени од Охрид, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италија воведува строги казни- 500 евра за шетање низ град без маица

Во популарното италијанско одморалиште Кавалино-Трепорти, ова лето има забрана за костими за капење надвор од плажа. 

Италија воведува строги казни- 500 евра за шетање низ град без маица

Оние кои шетаат по улиците и плоштадите во бикини или без кошула ризикуваат казна, а локалната полиција веќе започна со проверки кои ќе траат целото лето.

Според италијанската агенција Анса, локалната полиција веќе издала десетина казни во износ од 50 евра. Пешаците се казнуваат, како и луѓето кои возат велосипеди или електрични тротинети.

Градоначалничката Роберта Несто ги најави зголемените контроли на социјалните мрежи со јасна порака: „Улиците не се плажа“. Според градската уредба, казните можат да се движат од 25 до дури 500 евра.

Целта е да се почитува локалната заедница

Општината истакнува дека целта на оваа мерка не е да им се отежни одморот на туристите, туку да се поттикне меѓусебното почитување. Тие потсетуваат дека Кавалино-Трепорти е популарна туристичка дестинација, но и место каде што луѓето живеат и работат преку целата година.

За да се избегнат какви било непријатни изненадувања, општината, во соработка со туристичкиот сектор, ги извести хотелите, камповите и другите сместувачки капацитети пред почетокот на инспекциите. Така, гостите се запознаваат со кодексот на облекување по пристигнувањето.

Правилата важат за сите

Градоначалникот нагласи дека истите правила важат за сите. Иако повремено може да се слушнат тврдења дека странските туристи не плаќаат казни, општината тврди дека официјалните податоци покажуваат спротивното. Според нив, локалното население, домашните туристи и странските гости се третираат подеднакво.

Кавалино-Трепорти не е единственото место со вакви правила во Италија. Носењето костими за капење надвор од плажата е забрането и во други одморалишта на италијанскиот брег, вклучувајќи ги Каорле и Ераклеа Маре. Построги контроли се спроведуваат и во Венеција, каде што на овој начин се обидуваат да го зачуваат изгледот на градот и соодветното однесување на јавните површини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожари и силен ветер ги пустошат грчките острови, населението и туристите се евакуираат (ВИДЕО)

Противпожарните сили на Крит продолжија да се борат со голем пожар што го зафати грчкиот остров вчера вечерта.

Пожари и силен ветер ги пустошат грчките острови, населението и туристите се евакуираат (ВИДЕО)

Ситуацијата е дополнително влошена од веста за смртта на тројца пожарникари во пожари низ целата земја. Двајца ги загубија животите на Крит, а еден на Пелопонез, пишува Прототема.

Тројца пожарникари загинаа

Двајцата загинати пожарникари од Крит беа пронајдени мртви во нивното возило во близина на Неа Крија Вриси во регионот Ретимнон. Според достапните информации, другите биле заробени во пламенот. Едниот од нив бил сезонски пожарникар, а другиот работел во противпожарната станица Агиа Фотини пет години.

„Денес е исклучително тежок ден за противпожарната служба“, објави агенцијата и изрази сочувство до семејствата и колегите. Противпожарната бригада ја потврди и смртта на третиот пожарникар. Тој беше пронајден во несвест надвор од изгорената област во Агеранос на Пелопонез. Тој беше однесен во најблиската болница, каде што почина набргу потоа.

YouTube video

Евакуации и пожар на Парос

Властите објавија дека 51 лице е евакуирано од јужниот брег на Крит, меѓу кои и туристи, откако се обиделе да се спасат бегајќи кон морето. Операциите за евакуација се уште се многу тешки бидејќи во областа дува бурен ветер со јачина од осум бофори.

Пожарникарите се борат и со пожар на островот Парос во Кикладскиот архипелаг, кој е активен веќе неколку дена. Службата за цивилна заштита издаде ново предупредување преку системот 112 за неколку села поради пожарот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер