ВМРО-ДПМНЕ: Вечерва не видовме план од Ковачевски

Добро е што Ковачевски се потрудил и ги изанализирал мерките кои Мицкоски утринава ги предложи за стопанствотосе наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. 

И тоа го поздравуваме и веруваме дека причината за таканаречена вонредна прес конференција не се штурите и делумно ископирани мерки кои ги видовме вечерва, туку целосната понуда и прецизен план кој лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го даде утринава. Но тоа не е доволно, зошто вечерва не видовме план, туку прес конференција која е реакција на претходна понуда.

Добро е што го прифати предлогот Здравствените установи и школите да влезат на регулираниот пазар на струја, но истото треба да се случи и со јавните претпријатија каде се вработени над десетина илјади граѓани и каде десеткратно повеќе луѓе од тоа користат услуги кои тие ги обезбедуваат.

Жалиме што не смогна сили Ковачевски да се надмине себе си и не ја прифати понуда на Мицкоски за поевтина струја за половина од актуелната цена и да го обезбеди бизнис секторот заштитувајќи го стандардот на граѓаните и зачувувањето ма работни места.

Она што загрижува е слабиот капацитет на реализација што го има владата како и нејаснотијата дали има или нема договор со Србија и решение за ТЕ-ТО. Како и фактот што пратеничките прашања ги условува со седница за договор за нов заем.

И на крајот, ги повикуваме институциите да утврдат дали дезертерот Ковачевски барем формално е деловно способен да ја води Македонија кога е повеќе од очигледно дека фактички ја урнисува државата.

САД со санкции за 65 лица и ентитети од 17 земји, за корупција и повреда на човековите права

На Меѓународниот ден за борба со корупцијата и во пресрет на Денот на човековите права, САД преземаат десетина акции за промоција на повикот за одговорност за вршителите на корупција и за повредите на човековите права.

САД преземаат десетина акции за промоција на повикот за одговорност за вршителите на корупција и за повредите на човековите права, а со санкции и визни ограничувања за 65 лица и ентитети од 17 земји, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

– Руската инвазија на Украина е суров потсетник дека корумпираните режими се меѓу оние кои најмногу вршат повреди на човековите права и злоупотреби. САД преземаат акции за адресирање на овие сеприсутни глобални предизвици, изјави денеска државниот секретар Ентони Блинкен.

Некои од тие лица и ентитети кои се ставени на списокот на санкции, а според Глобалниот акт Магнитски и Статијата 7031(с) за визни рестрикции на Стејт департментот, се од Иран, Кина, Русија, Северна Кореја, Хаити и Шри Ланка.

Под санкциите на САД се ставени и Централната изборна комисија на Русија и неколку службеници од администрацијата на претседателот Владимир Путин.

– Ја повторуваме нашата осуда за бруталните чинови на насилство на Иран врз мирните демонстранти, тековното негирање на човековите права и основни слободи и сеприсутната репресија и државно спонзорираното насилство врз жените, истакна Блинкен.

– Нашите акции се да ги нарушат и одвратат неселективните задржувања и физичко насилство од страна на Кина врз членови на верски малцински групи во Автономниот регион на Тибет и оние на Северна Кореја каде се забранува слободата на дижење, се напаѓаат барателите на азил и се експлоатира трудот за правење профит за државата, додаде тој.

Бразилска манекенка ги збудале навивачите во Катар

Бразилската манекенка Изабел Гуларт (38) го привлече вниманието кога од трибините ги следеше натпреварите на Бразил.

Заносната бринета соодветно носи жолт ансамбл додека на ракавите ѝ е закачено знамето на нејзината татковина. Оставајќи малку на имагинацијата во тесната облека, Гуларт ја покажа својата завидна фигура и витките нозе. Ја оставила пуштена косата додека се фотографира со насмевка.

Манекенката, која е свршена со германскиот голман Кевин Трап, беше видена како скока од радост на трибините кога Бразил ја победи Јужна Кореја. Резултатот беше 4:1, а со тоа и Бразил го резервира своето место во четвртфиналето. Вечерва, кога Бразилците беа елиминирани од Хрватска, таа не беше забележана на трибините. .

Гуларт беше ангел на Викторија Сикрет од 2005 до 2008 година, а познат е и како модел за Sports Illustrated Swimsuit Issue и Armani Exchange.

Хрватите во транс ја слават победата над Бразил (ВИДЕО)

Хрватска е во транс и се слави низ сите градови во државата.

Бразил падна по драматичната игра и пеналите, а „коцкастите“ уште еднаш ѝ донесоа радост на цела Хрватска.

Сите хрватски градови целосно полудеа во истиот момент откако стана јасно дека Хрватска го победи Бразил на пенали.

притисни ентер