ВМРО-ДПМНЕ: Срам и брука е што нема вакцини за граѓаните, а Филипче се крие и бега

    Очигледна е нервозата кај власта по вчерашното видео од премиерката Брнабиќ.

И повторно Венко Филипче кога е фатен во сериозен скандал, бега, молчи и се крие позади празни и штури соопштенија на министерството за здравство. Со вчерашното барање за извинување Венко Филипче и министерството беа фатени во класичен офсајд, каде што ни самите не знаеја за што бараат извинување.

Доколку немало илегална вакцинација во Република Македонија, еве уште еднаш прашуваме - ЗОШТО ВЕНКО ФИЛИПЧЕ И МИНИСТЕРСТВОТО НЕ ПОБАРАА ИЗВИНУВАЊЕ ОД ПРЕМИЕРКАТА БРНАБИЌ И НЕ ЈА ДЕМАНТИРАА ИЛИ ПАК ДА РЕАГИРААТ СО ОСТРА ПРОТЕСТНА НОТА?

Дали со тоа што нема се уште демант и нема побарано извинување од премиерката Брнабиќ од страна на власта значи дека Филипче и Заев се фатени живи во сериозен скандал?

Очигледна е затоа и нервозата, но и криењето на Венко Филипче. Човекот кој не се симнуваше од медиумите и известуваше буквално секој ден на кој начин и во колку часот беа земани брисеви на тестираните, нормално сега сум ироничен, сега се крие бидејќи не може да обезбеди вакцини за граѓаните заради неговата неспособност, а и дали тие што ги добиле одреден број на вакцини ги поделиле преку врски на одредени луѓе? Жив срам и жива брука што нема вакцини и ги лажат граѓаните, а тоа чини животи на граѓани кои умираат секојдневно.

И уште еднаш прашувам дали Филипче и Заев сега ќе им се извинат на граѓаните за манипулациите и лажењето и тоа што не можат да им обезбедат вакцини или пак затоа што најверојатно вакцинираат илегално и ние дознаваме од премиери на други држави?

Ви благодарам на вниманието

Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Кривична пријава против велешанка за употреба на исправа со невистинита содржина

Велешката полиција поднесе кривична пријава против М.В.(44) од Велес, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“. 

Како што информираат денеска од МВР, пријавената, на функција директор во општинска јавна установа за деца - детска градинка во Велес, прибавила меѓународно признаен сертификат за познавање на англиски јазик со нејзино име, издадена од училиште за јазици од Пловдив, Бугарија.

Иако знаела дека исправата е со невистинита содржина, М.В. ја употребила како доказ дека поседува меѓународно признаен сертификат при нејзиното аплицирање на Јавен оглас за избор на директор на детската градинка, по што и била именувана на функцијата.

Учениците од понеделник на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта  во Македонија од понеделник, 29 април, заклучно со 6 мај 2024, ќе бидат на пролетен распуст кој е воведен од оваа учебна година.

Првпат има промена и во календарот за настава, така што 2023/2024 за основците ќе заврши на 17 јуни, а за средношколците, како и во минатите години – на 10 јуни.

Училиштата нема да работат на 8 мај (среда) кога ќе се одржуваат вториот круг од Претседателските избори и Парламентарните избори 2024.

Ден претходно, вторник 7 мај, скратени часови и работно време до 11 часот ќе имаат оние училишта каде што утредента ќе се организира гласањето.

Како што информираше Министерството за образование и наука, наставата од двата дена кои поради изборите се неработни ќе бидат одработени во работни денови со подолг престој на учениците во училиштата за да се реализираат дополнителни часови.

Скопските ученици треба да надоместат и за пропуштеното од наставата на 30 ноември 2023 кога во главниот град беше организиран Советот на министри на ОБСЕ.

За планирањето и организирањето на дополнителните часови, МОН ги задолжи директорите на училиштата.

-Дополнувањето на нереализираните наставни часови ќе го планираат и организираат директорите на училиштата и ќе се реализира со подолг престој на учениците во денови од работната недела, во рамки на шестчасовното работно време на наставниците, соопшти МОН откако по реакции во јавноста и од синдикатите ја повлече претходната одлука пропуштената настава да се надомести во саботи.

Миовски фудбалер на годината на Абердин

Репрезенативецот на ѐмакедонија, центарфорот Бојан Миовски (24) е избран за фудбалер на годината на Абердин на свечена церемонија која синоќа ја одржа шкотскиот премиерлигаш.

Фудбалскиот клуб Абердин го прогласи македонскиот напаѓач Бојан Миовски за најдобар играч во тимот за сезоната 2023/2024.

Ова и не е толку големо изненадување ако се знае дека штипјанецот се најде и во идеалниот тим на сезоната во шкотската Премиер лига. Покрај тоа, Бојан е прв стрелец на Абердин, незаменлив е во првиот состав и главен адут на тимот.

Македонскиот репрезентативен напаѓач Бојан Миовски (24) е избран за фудбалер на годината на Абердин на свечена церемонија која синоќа ја одржа шкотскиот премиерлигаш.

притисни ентер