ВМРО-ДПМНЕ: Дали е точно дека на Богоев му биле ветени 10% од наместениот тендер во Царина вреден 18 милиони денари?
2ВМРО-ДПМНЕ: Дали е точно дека на Богоев му биле ветени 10% од наместениот тендер во Царина вреден 18 милиони денари?
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Според анкета на МЦМС, предност од 6,1% пред СДСМВМРО-ДПМНЕ води со голема предност пред СДСМ од 6,1%, истражувањето на МЦМС покажува дека во оваа власт веруваат рекордно најмалку граѓани.Последното истражување на МЦМС за 100 дена влада се уште една потврда на катастрофалната реалност во која живеат македонските граѓани. Оваа анкета, речиси како и сите претходно посочува дека граѓаните не се задоволни од власта на Ковачевски, СДСМ и ДУИ. Дури 65,1% од граѓаните сметаат дека оваа власт не ги исполнила очекувањата на народот, а најголемо е разочарувањето од економијата и правдата. Речиси една третина од испитаниците посочуваат дека не се задоволни од ниту еден министер, што само потврдува дека оваа влада ништо не направи за подобар живот на граѓаните. Напротив според истражувањето 58,7% од граѓаните сметаат дека квалитетот на животот им е влошен во последната година. Затоа во оваа влада на Ковачевски немаат доверба речиси 64%, што е рекордно најмала доверба на било која влада во Македонија. Само 16,8% од граѓаните сметаат дека државата се движи во правилна насока, а речиси 52% сметаат дека Македонија се води во погрешна насока со власта на СДСМ и ДУИ. На крајот како резултат на влошениот животен стандард, криминалот и корупцијата на власта, нивната неспособност и неодговорност, граѓаните даваат далеку поголема поддршка на ВМРО-ДПМНЕ наспроти СДСМ. Според истражувањето на МЦМС поддршка на ВМРО-ДПМНЕ даваат 20,7% од испитаниците наспроти 14,6% на СДСМ. Тоа се 6,1% разлика од лицата кои би излегле на избори. Тоа е показател дека на СДСМ му следи катастрофа и голема народна казна. Сега е јасно зошто СДСМ бега од избори како ѓавол од темјан. Ја губат поддршката од граѓаните, довербата им е на најниско ниво и се крајно незадоволни од работата на нивната влада. Но СДСМ не може да избега од неизбежното. Избори ќе има, затоа што народот не може веќе да го трпи ова тонење и понижување. Народот масовно на 18-ти јуни ќе каже премногу е! Ова мора да престане. Предвремени избори се решение за кризата која оваа влада на СДСМ и ДУИ ја создава и разгорува. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСончево со температури до 34 степени 08:59Мицкоски: Макрон и Мерц ни дадоа силен мотив да продолжиме во реформите 15:32Мицкоски: Само јас од лидерите на Западен Балкан се сретнав и со Макрон и Мерц13:53Започна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05Почнува полагањето државна матура, денес се полага математика,историја или странски јазик,09:09
Започна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05
ФудбалФудбалерите на Иран поради визите во големи проблем на Мундијалот во САД, Канада и МексикоИранската фудбалска репрезентација ќе мора во ист ден да влезе и излезе од територијата на САД во деновите на одигрување натпревари на територијата на САД на Светското првенство.„Можеме да влеземе во земјата наутро, а мора да ја напуштиме истиот ден“, изјави иранскиот амбасадор во Мексико, Аболфазл Пасандиде, пренесува Ал Џезира. Поради американско-израелската војна против Иран, базата на иранскиот тим за време на турнирот, кој се одржува во САД, Мексико и Канада, ќе биде во Мексико, наместо во американската сојузна држава Аризона, како што првично беше планирано. Иран треба да ги игра сите три натпревари од групната фаза на западниот брег на САД, почнувајќи со натпревар против Нов Зеланд во Лос Анџелес на 15 јуни. На ист стадион ќе се одигра и мечот против Белгија, а дуелот против Египет, Иран ќе го игра во Сиетл. Претходно, иранските медиуми објавија дека САД одбиле да издадат визи на дел од тренерскиот и административниот персонал на иранската фудбалска репрезентација пред Светското првенство во 2026 година. Според иранските медиуми, сите 26 фудбалери добиле визи, но на неколку членови на тренерскиот персонал и администрацијата, вклучувајќи го и медицинскиот и аналитичкиот персонал, визите им биле одбиени. Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, и високи функционери разговарале со иранските власти зад затворени врати во обид да го спречат она што некои го опишаа како една од најголемите дипломатски кризи во историјата на Светските првенства, според Ал Џезира.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветКина: Започнавме специјална поморска операција во близина на ТајванКина објави дека започнала „специјална поморска операција“ источно од Тајван, дополнително заострувајќи го својот одговор на неодамнешниот договор меѓу Јапонија и Филипините. Овие две земји, имено, планираат да започнат преговори за поморските граници во таа област и подлабоко да ги поврзат своите одбранбени сили, објавува Блумберг. Кинеското Министерство за транспорт организираше „специјална операција за спроведување на поморскиот сообраќај“ во саботата, објави официјалната новинска агенција Ксинхуа. Според истиот извештај, потегот има за цел спроведување на „поморската административна надлежност“ на Кина и заштита на националните интереси. Овој потег на официјален Пекинг претставува силна ескалација и директен одговор на најавата на Токио и Манила дека ќе седнат за решавање на граничните спорови. Овие разговори се однесуваат на водите источно од Тајван, самоуправна демократија што Пекинг ја смета за своја територија. Споменатата област се преклопува и со ексклузивните економски зони што ги бара Кина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалМундијал 2026, распоред На 11 јуни стартува Светскиот фудбалски шампионат со нјаголем број на земји учеснички во историјата дури 48, поделени во рекордни 12 групи.Најголемата смотра на светскиот фудбал ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во САД Канада и Мексико, и ова е распоредот на натпреварите во групната фаза: 11 јуни: Мексико – Јужна Африка (21.00, Мексико Сити) 12 јуни: Јужна Кореја – Чешка (4.00, Гвадалахара) Канада – БиХ (21.00, Торонто) 13 јуни: САД – Парагвај (3.00, Лос Анџелес) Катар – Швајцарија (21.00, Сан Франциско) 14 јуни: Бразил – Мароко (00:00, Њујорк) Хаити – Шкотска (3.00, Бостон) Австралија – Турција (6.00, Ванкувер) Германија – Курасао (19.00, Хјустон) Холандија – Јапонија (22.00, Далас) 15 јуни: Брегот на Слоновата Коска – Еквадор (1.00, Филаделфија) Шведска – Тунис (4.00, Монтереј) Шпанија – Зеленортски Острови (18.00, Атланта) Белгија – Египет (21.00, Сиетл) 16 јуни: Саудиска Арабија – Уругвај (00.00, Мајами) Иран – Нов Зеланд (3.00, Лос Анџелес) Франција – Сенегал (21.00, Њујорк) 17 јуни: Ирак – Норвешка (00:00, Бостон) Аргентина – Алжир (3.00, Канзас Сити) Австрија – Јордан (6.00, Сан Франциско) Португалија – ДР Конго (19.00, Хјустон) Англија – Хрватска (22:00, Далас) 18 јуни: Гана – Панама (1.00, Торонто) Узбекистан – Колумбија (4.00, Мексико Сити) Чешка – Јужна Африка (18.00, Атланта) Швајцарија – БиХ (21.00, Лос Анџелес) Јуни 19: Канада – Катар (00.00, Ванкувер) Мексико – Јужна Кореја (3.00, Гвадалахара) САД – Австралија (21.00, Сиетл) 20 јуни: Шкотска – Мароко (00.00, Бостон) Бразил – Хаити (2.30, Филаделфија) Турција – Парагвај (5.00, Сан Франциско) Холандија – Шведска (19.00, Хјустон) Германија – Брег на Слоновата Коска (22.00, Торонто) 21 јуни: Еквадор – Курасао (2.00, Канзас Сити) Тунис – Јапонија (6.00, Монтереј) Шпанија – Саудиска Арабија (18.00, Атланта) Белгија – Иран (21.00, Лос Анџелес) 22 јуни: Уругвај – Зеленортски Острови (00.00, Мајами) Нов Зеланд – Египет (3.00, Ванкувер) Аргентина – Австрија (19.00, Далас) Франција – Ирак (23.00, Филаделфија) 23 јуни: Норвешка – Сенегал (2.00, Њујорк) Јордан – Алжир (5.00, Сан Франциско) Португалија – Узбекистан (19.00, Хјустон) Англија – Гана (22.00, Бостон) 24 јуни: Панама – Хрватска (1.00, Торонто) Колумбија – ДР Конго (4.00, Гвадалахара) Швајцарија – Канада (21.00, Ванкувер) БиХ – Катар (21.00, Сиетл) 25 јуни: Шкотска – Бразил (00.00, Мајами) Мароко – Хаити (00.00, Атланта) Чешка – Мексико (3.00, Мексико Сити) Јужна Африка – Јужна Кореја (3.00, Монтереј) Курасао – Брегот на Слоновата Коска (22.00, Филаделфија) Еквадор – Германија (22.00, Њујорк) 26 јуни: Јапонија – Шведска (1.00, Далас) Тунис – Холандија (1.00, Канзас Сити) Турција – САД (4.00, Лос Анџелес) Парагвај – Австралија (4.00, Сан Франциско) Норвешка – Франција (21.00, Бостон) Сенегал – Ирак (21.00, Торонто) 27 јуни: Зеленортски Острови – Саудиска Арабија (2.00, Хјустон) Уругвај – Шпанија (2.00, Гвадалахара) Египет – Иран (5.00, Сиетл) Нов Зеланд – Белгија (5.00, Ванкувер) Панама – Англија (23:00, Њујорк) Хрватска – Гана (23.00, Филаделфија) 28 јуни: Колумбија – Португалија (1.30, Мајами) ДР Конго – Узбекистан (1:30 часот, Атланта) Алжир – Австрија (4.00 часот, Канзас Сити) Јордан – Аргентина (4.00 часот, Далас) Светското првенство во фудбал ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во САД Канада и Мексико, и ова е распоредот на натпреварите во групната фаза: 11 јуни: Мексико – Јужна Африка (21.00, Мексико Сити) 12 јуни: Јужна Кореја – Чешка (4.00, Гвадалахара) Канада – БиХ (21.00, Торонто) 13 јуни: САД – Парагвај (3.00, Лос Анџелес) Катар – Швајцарија (21.00, Сан Франциско) 14 јуни: Бразил – Мароко (00:00, Њујорк) Хаити – Шкотска (3.00, Бостон) Австралија – Турција (6.00, Ванкувер) Германија – Курасао (19.00, Хјустон) Холандија – Јапонија (22.00, Далас) 15 јуни: Брегот на Слоновата Коска – Еквадор (1.00, Филаделфија) Шведска – Тунис (4.00, Монтереј) Шпанија – Зеленортски Острови (18.00, Атланта) Белгија – Египет (21.00, Сиетл) 16 јуни: Саудиска Арабија – Уругвај (00.00, Мајами) Иран – Нов Зеланд (3.00, Лос Анџелес) Франција – Сенегал (21.00, Њујорк) 17 јуни: Ирак – Норвешка (00:00, Бостон) Аргентина – Алжир (3.00, Канзас Сити) Австрија – Јордан (6.00, Сан Франциско) Португалија – ДР Конго (19.00, Хјустон) Англија – Хрватска (22:00, Далас) 18 јуни: Гана – Панама (1.00, Торонто) Узбекистан – Колумбија (4.00, Мексико Сити) Чешка – Јужна Африка (18.00, Атланта) Швајцарија – БиХ (21.00, Лос Анџелес) Јуни 19: Канада – Катар (00.00, Ванкувер) Мексико – Јужна Кореја (3.00, Гвадалахара) САД – Австралија (21.00, Сиетл) 20 јуни: Шкотска – Мароко (00.00, Бостон) Бразил – Хаити (2.30, Филаделфија) Турција – Парагвај (5.00, Сан Франциско) Холандија – Шведска (19.00, Хјустон) Германија – Брег на Слоновата Коска (22.00, Торонто) 21 јуни: Еквадор – Курасао (2.00, Канзас Сити) Тунис – Јапонија (6.00, Монтереј) Шпанија – Саудиска Арабија (18.00, Атланта) Белгија – Иран (21.00, Лос Анџелес) 22 јуни: Уругвај – Зеленортски Острови (00.00, Мајами) Нов Зеланд – Египет (3.00, Ванкувер) Аргентина – Австрија (19.00, Далас) Франција – Ирак (23.00, Филаделфија) 23 јуни: Норвешка – Сенегал (2.00, Њујорк) Јордан – Алжир (5.00, Сан Франциско) Португалија – Узбекистан (19.00, Хјустон) Англија – Гана (22.00, Бостон) 24 јуни: Панама – Хрватска (1.00, Торонто) Колумбија – ДР Конго (4.00, Гвадалахара) Швајцарија – Канада (21.00, Ванкувер) БиХ – Катар (21.00, Сиетл) 25 јуни: Шкотска – Бразил (00.00, Мајами) Мароко – Хаити (00.00, Атланта) Чешка – Мексико (3.00, Мексико Сити) Јужна Африка – Јужна Кореја (3.00, Монтереј) Курасао – Брегот на Слоновата Коска (22.00, Филаделфија) Еквадор – Германија (22.00, Њујорк) 26 јуни: Јапонија – Шведска (1.00, Далас) Тунис – Холандија (1.00, Канзас Сити) Турција – САД (4.00, Лос Анџелес) Парагвај – Австралија (4.00, Сан Франциско) Норвешка – Франција (21.00, Бостон) Сенегал – Ирак (21.00, Торонто) 27 јуни: Зеленортски Острови – Саудиска Арабија (2.00, Хјустон) Уругвај – Шпанија (2.00, Гвадалахара) Египет – Иран (5.00, Сиетл) Нов Зеланд – Белгија (5.00, Ванкувер) Панама – Англија (23:00, Њујорк) Хрватска – Гана (23.00, Филаделфија) 28 јуни: Колумбија – Португалија (1.30, Мајами) ДР Конго – Узбекистан (1:30 часот, Атланта) Алжир – Австрија (4.00 часот, Канзас Сити) Јордан – Аргентина (4.00 часот, Далас)Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСончево со температури до 34 степени 08:59Мицкоски: Макрон и Мерц ни дадоа силен мотив да продолжиме во реформите 15:32Мицкоски: Само јас од лидерите на Западен Балкан се сретнав и со Макрон и Мерц13:53Започна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05Почнува полагањето државна матура, денес се полага математика,историја или странски јазик,09:09
Започна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05