ВМРО-ДПМНЕ: Системот Безбеден град дава мерливи ефекти, 40% помалку жртви во сообраќајот - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: Системот Безбеден град дава мерливи ефекти, 40% помалку жртви во сообраќајот

Системот Безбеден град дава мерливи ефекти, 40% помалку жртви во сообраќајот, Владата на ВМРО-ДПМНЕ инвестира во безбедноста на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ: Системот Безбеден град дава мерливи ефекти, 40% помалку жртви во сообраќајот

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ спроведува политики насочени кон модернизација и дигитализација, со цел да обезбеди поефикасни институции и повисок степен на безбедност за граѓаните.

Системот „Безбеден град“, е еден од најзначајните проекти во таа насока, кој е усогласен со европските стандарди и претставува важен чекор кон подобрување на безбедноста во сообраќајот.

За имплементацијата на системот беа обезбедени сите потребни законски предуслови, а процесот се реализираше транспарентно. Пробниот период започна на 1 декември минатата година и веднаш ја покажа реалната состојба на патиштата.

Во првите 24 часа беа регистрирани околу 110.000 прекршоци, од кои најголемиот дел се однесуваа на пречекорување на дозволената брзина, како и 5.000 поминувања на црвено светло и околу 1.000 нерегистрирани возила.

Веќе по првиот ден беше забележан значителен пад на бројот на прекршоци, кој се намали за речиси 50 проценти. До официјалниот почеток на целосната примена на системот, на 1 февруари 2026 година, дневниот број на прекршоци се сведе на околу 500 до 600, што претставува намалување од повеќе од 99 проценти во споредба со почетокот на тестирањето.

Овие показатели потврдуваат дека системот има силен превентивен ефект и придонесува за поодговорно однесување во сообраќајот.

Основната цел на „Безбеден град“ е да се намали бројот на тешки сообраќајни несреќи и да се спасуваат човечки животи, во согласност со стратешката определба до 2030 година значително да се намалат смртните случаи и тешките повреди на патиштата.

По воведувањето во Скопје, Тетово, Куманово, на коридорите 8 и 10 и во Велес, системот продолжува да се проширува. Во изминатиот период беа поставени камери кај Ново Село во општина Дебарца, а започна и постепената имплементација во Охрид.

Најзначајно е што денес може да се зборува за конкретни и мерливи резултати. Во првите пет месеци од примената на системот, бројот на загинати во сообраќајни несреќи е намален за 40 проценти, од 55 жртви во истиот период минатата година на 33 оваа година.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на спроведување политики што обезбедуваат поголема сигурност за граѓаните. Проширувањето на системот ќе продолжи, затоа што безбедноста на граѓаните останува еден од највисоките приоритети.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Партизираното судство градено со години во служба на моќници поединци, наместо во слово на законот

Овој правосуден систем подобен и во служба на моќни поединци, со години се градел и секогаш кога ќе се јави потреба инсталациите од СДС и ДУИ во него се активираат.

ВМРО-ДПМНЕ: Партизираното судство градено со години во служба на моќници поединци, наместо во слово на законот

Кога некој од блиските на СДС и ДУИ ќе се најдат во тесно и во судир со правдата, како по нарачка од одговорност ги спасуваат нивните луѓе во судството.

Судии и обвинители, пресудуваат во нивна корист, враќаат постапки на повторни судења, укинуваат пресуди, затвораат истраги, само за да им угодат на нивните наредбодавци.

Во таквите постапки, инсталациите на СДС и ДУИ во правосудството никако не се на линија за правдата и законот, а такви изминатиов период имаше многу кои македонските граѓани тоа јасно ги видоа.

Роднински, пријателски, партиски, комшиски врски со СДС и ДУИ, биле предуслов за да стане судија или обвинител и да се напредува во кариерата и да се искачуваат повисоко во хиерархијата на правосудниот систем.

Меѓу предметите кои не го видоа светлото на правдата се предметот Мазут, тежок 167 милиони евра, затворената истрага за набавката на модуларните болници, каде главен осомничен требаше да е Венко Филипче, укинатата пресуда за Ласкарци каде животот го загубија 16 лица и ред други.

Со ваквите постапки, каде поединци место да се гонат и судат, со сите сили се штитат, поединците во правосудството стануваат соработници на криминалот и корупцијата.

Овие судии и обвинители блиски до СДС и ДУИ, кои среќа што се во мал дел од правосудството, со нивните одлуки спротивни на правдата, го корозираа правосудниот систем до ниво на 2% доверба од граѓаните.

На овој систем мора да му дојде крајот, затоа што македонските граѓани сакаат независен и непристрасен правосуден систем во служба на словото на закон.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дронови над аеродромот предизвикаа прекин во авиосообраќајот во Луксембург

Властите ги продолжија операциите на аеродромот во Луксембург откако сообраќајот беше прекинат претходната вечер поради откривање на „неовластени беспилотни воздушни системи“ - поточно дронови - во близина и над аеродромот. 

Дронови над аеродромот предизвикаа прекин во авиосообраќајот во Луксембург

Единствениот меѓународен аеродром во Луксембург изјави дека прекинот во петокот е спроведен како превентивна мерка за да се обезбеди безбедноста на патниците, екипажите на летот, персоналот на аеродромот и авионите.

Не беа дадени детали во врска со потеклото на дроновите или кој ги управувал.

Потенцијални доцнења Иако летовите се обновени, можни се понатамошни доцнења и прекини, бидејќи авиокомпаниите и партнерите на аеродромот работат на враќање на редовниот распоред на летови, според известувањето на аеродромот.

Аеродромот во Луксембург, главниот центар на националниот превозник Луксер, изјави дека продолжува да ја следи ситуацијата во соработка со надлежните органи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рафиња сака да ја заврши кариерата во Барселона!

Бразилскиот репрезенативец, Рафиња ги израдува навивачите на шпанскиот фудбалски шампион Барселона со порака за својата иднина. 

Рафиња сака да ја заврши кариерата во Барселона!

Бразилецот во интервју за каталонското радио „RAC1“ откри дека сака да го продолжи договорот со клубот и да остане на „Камп Ноу“.

– Многу сум среќен и сакам да го продолжам договорот. Се надевам дека ќе ја завршам кариерата во Барселона. Нема да одам никаде на друго место – изјави Рафиња.

Бразилецот игра сезона од соништата. Постигна девет гола во Ла Лига и уште два во Лигата на шампионите, а откако беше преместен на позицијата најистурен напаѓач и ја доби капитенската лента, стана еден од клучните играчи во тимот на Ханси Флик. Рафиња има договор со Барселона до 2028 година, но јасно стави до знаење дека сака да остане и по тој период.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер