ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов се фали со сменети клупи и лед светилки по училниците

Мрзливиот градоначалник Петре Шилегов после 4 години мандат, бидејќи нема сработено буквално ништо, оди по патронати на училишта и се фали со сменети клупи и лед светилки во училниците. 

За 4 години ниту започна ниту направи ниту започна барем еден круцијален капитален објект во градот.

За сметка на ова мрзливиот градоначалник Петре Шилегов вети и излажа нов објект на средното угостителско училиште Лазар Танев и средното училиште гимназијата Кочо Рацин, тамо по 4 години мандат Шилегов нема заковано шајка, а не пак да има нов објект.

Што се однесува до урбанистичките планови во Железара и скопска Гази Баба мрзливиот Шилегов не може да се амнестира бидејќи тој како градоначалник на град Скопје е патрон на сите општини, дополнително што и градоначалникот на Гази Баба доаѓа токму од истата партија каде Шилегов е член на Извршниот одбор. Оттука добро е да одговори колку пати мрзливиот Шилегов кренал телефон да се информира или да го запре труењето и дивеењето во Гази Баба предвидено со новите урбанистички планови?

Воедно крајно скандалозно е што ги обвини и го стави товарот на граѓаните за создавање на депонии, а целосно ги амнестира градските служби кои не мрднуваат со прст истите да ги санираат. Впрочем мрзливиот Шилегов е покровител на најголемата градска депонија Вардариште каде без план и валидна документација е создадена дива депонија токму од градското комунално претпријатие. Аман мрзлив Петре, премногу е лажење.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: Иванишевиќ и Селеш како деца

Легендарниот екс југословенски тенисер Горан Иванишевиќ, сега тренер на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ на социјалните мрежи објави фотографија стара повеќе од 30 години.

Старата фотографија ги разбудила спомените на Горан од времето на поранешна Југославија.

На носталгичната фотка тинејџерот Горан Иванишевиќ се ракува со едно насмеано девојче, за оние кој не ја препознаваат, тоа е некогашната најдобра светска тенисерка славната Моника Селеш.

-Добри стари времиња со една од најдобрите на сите времиња, Моника Селеш. Мислам дека немавме поим што ќе постигнеме во годините кои доаѓаа, напишал Иванишевиќ во описот на сликата.

Моника и Горан подоцна го достигнаа светскиот врв. Иванишевиќ го оствари сонот со освојување на Вимблдон, а Моника Селеш владеше со светскиот тенис со до трагичното ранување во Хамбург во 1993 година од луд навивач на ривалката Штефи Графт.

Селеш во кариерата освои девет Грен слем титули.

Фото: Карлеуша во ленти

Српската пејачка Јелена Карлеуша повторно се разголе на социјалните мрежи.

Популарната Карли уште еднаш ги воодушеви своите фанови со бујните облини покриени со минијатурни врвки.

Јелена нема проблем да позира во костим за капење или во долна облека, но со последниот избор на гардероба ги изненади сите. Карлеуша одлучила да се фотографира во минијатурен градник и уште помали гаќички врзани со ленти.

Во оваа прилика може да се каже дека Карлеуша покажа скоро се. Нејзините фанови за „храброста“ ја наградија со рекорден број од 70 илјади лајкови.

Флик на излезната врата на Баерн Минхен

 По само две години работа и освоени титули меѓу кои и во Лигата на шампионите, Ханси Флик си заминува од германскиот гигант  Баерн Минхен на крајот на сезоната.

Иако се споменува дека ќе стане селектор на Германија, тоа не е причината за заминувањето туку конфликтот со директорот на баварците Хасан Салихамиџиќ.

Германските медиуми остро коментираат дека откако Салхимаиџиќ е дојден на функцијата, Баерн кој беше познат по сигурноста за тренерите и работата на долги патеки, сега го смени курсот и пребрзо ги менува шефовите и тоа со добро завршена работа.

Се тврди дека од истите причини Баерн предвреме ги набрка Нико Ковач и Карло Анчелоти.

Критиките одат до таму што на Баерн јавно му се упатува прашање...дали е можно секогаш да се виновни тренерите, а директорите да се во право?

притисни ентер