ВМРО-ДПМНЕ: СДС се сети на младите кога е во длабока опозиција - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се сети на младите кога е во длабока опозиција

СДС да не ги потценува младите и да не се обидува повторно да им продава бајки.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се сети на младите кога е во длабока опозиција

СДС повторно продава илузии како во минатото со предизборните бајки за младите, истите оние млади кои токму за време на нивното владеење масовно ја напуштаа Македонија во потрага по подобар живот.

По седум години власт, СДС нема кредибилитет да зборува за младински политики. Ако навистина знаеле како да ги задржат младите, зошто десетици илјади си заминаа токму во периодот кога тие ја водеа државата?

Зошто тогаш немаше 30.000 евра грантови, помош за студентите, евтини кредити и гарантирани работни места?

Граѓаните знаат дека СДС секогаш ветува сѐ, а кога е на власт заборава на ветувањата.

Денес ветуваат по 30.000 евра за бизнис, утре ќе ветат и по 50.000 евра, но младите бараат реални политики, а не маркетиншки кампањи и празни слогани.

Младите си заминаа поради корупција, партизација, ниски плати и изгубена перспектива, проблеми кои токму СДС ги продлабочи додека беше на власт.

Разликата е јасна. СДС нуди брошури со неостварливи ветувања, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на отворање нови работни места, привлекување инвестиции, економски раст и создавање услови младите да ја гледаат својата иднина дома.

На Македонија не ѝ требаат нови шарени лаги. На младите им треба сигурност, перспектива и држава која создава можности преку работа и резултати, а не бајки и фантазии на СДС.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Брисел ѝ се заканува на Бугарија со санкции

Европската комисија ќе предложи покренување постапка за прекумерен дефицит против Бугарија откако ќе се утврди дека земјата не ги исполнува фискалните критериуми на Европската Унија, потврди европскиот комесар за економија, Валдис Домбровскис.

Брисел ѝ се заканува на Бугарија со санкции

Зборувајќи по состанокот на советот за економски и финансиски прашања во Луксембург, Домбровскис изјави дека комисијата ја проценила буџетската состојба на неколку земји-членки и заклучила дека Бугарија не ги исполнува пропишаните барања во врска со буџетскиот дефицит. Според правилата на ЕУ, постапката за прекумерен дефицит може да се покрене кога буџетскиот дефицит на државата надминува три проценти од бруто домашниот производ, додека јавниот долг надминува 60 проценти. Како дел од постапката, на земјата ѝ се дава рок за спроведување мерки што би го вратиле дефицитот во дозволените граници. доколку државата не ги почитува препораките, може да се воведат финансиски санкции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јакимовски ќе бара одложување на затворската казна од здравствени причини

Осуден за поставување на времен објект кој како што рече служел 13 години, тој се уште ја нема дабиено пресудата, и затоа не може да поднесе жалба до Врховниот суд.

Јакимовски ќе бара одложување на затворската казна од здравствени причини

Јакимовски реагира дека ова е прв случај во кој е донесена одлука за ефективна затворска казна за дивоградба, а особено нагласува дека овде станува збор за времен објект кој како што напоменува е граден по стандардите пропишани за времени објекти, и 13 години им служел на граѓаните на Карпош.

Поранешниот градоначалникт ја нарече одлуката на судот „политичка“ и тврдеше дека е донесена за да не се кандидира за градоначалник на општината на новите избори кои ги прогнозира тој откако Сотир Лукровски замина на боледување.

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош и лидер на Гром, Стевче Јакимовски на втори јули треба да се јави во затворот во Шуто Оризари на отслужување на затворската казна. Ова следува откако Апелација му ја потврди едногодишната затворска казна за делото бесправно градење поврзано со општинската зграда. Во казната, како што појаснуваат од судот, му е пресметано и времето поминато во куќен притвор во периодот од 10 ти март до 15ти август 2019 година – што значи дека Јакимовски ќе треба да одлежи затворска казна од уште 7 месеци. Според Законот за извршување на санкции, упатниот акт на Јакимовски треба да му се достави лично. Тој потоа има право на жалба до кривичниот совет, но жалбата не го одложува извршувањето на решението.

Покрај потврдата на едногодишната затворска казна, Апелација уважи една од жалбите на Јакимовски, и тоа во делот што се однесува на обивнението за злоупотреба на службената положба и овластување и во тој дел предметот се враќа на повторно судење. Како што посочија пред два дена од судот во однос на ова кривично дело, со оглед дека истото е сторено во период од 2011 година до 2017 – та година, предвидената казна е од три до пет години, па согласно одредбите за застарување истото би застарело во 2027 – ма година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќе станат ли минато казината и обложувалниците во близина на училишта и детски игралишта?

-Казина или обложувалници спроти училишта и детски игралишта. Ваквата слика може да стане минато доколку новиот закон за игри на среќа го мине собранискиот филтер и стапи на сила.

Ќе станат ли минато казината и обложувалниците во близина на училишта и детски игралишта?

Според владиниот предлог освен оддалеченост од 500 метри на деловните простории во кои се приредуваат игрите на среќа од основни и средни училишта и ограничување за рекламирање, „коцкарниците“ ќе треба да исполнуваат европски критериуми бидејќи текстот предвидува воведување на стандарди за спречување перење пари и финансиски криминал, при што секој автомат ќе биде електронски поврзан со системот на УЈП, што ќе овозможи надзор врз неговата локација и работење.

Дел од граѓаните кои ги пресретнавме пред камерата на Канал 5 велат дека ја поддржуваат идејата објектите за обложување да се дисклоцираат подалеку од очите на децата и младите. Некои пак, сметаат дека има побалансирано решение.

Сепак во предложениот член 24 од Законот стои дека спортските обложувалници би се изземале од правилото да бидат на 500 метри од училишта, но доколку се толку блиску до образовна установа нема да смеат да работат со видеолотариски апарати или електронски игри на среќа.

Предлог-законот, кој веќе го мина првиот чекор во законодавниот дом во Комисијата за финансирање и буџет, не е прв обид за ограничување на пристапот на децата и младите до обложувалниците и казината. И во 2024 година имаше собраниска постапка за слично законско решение, со кое се предвидуваше спортските обложувалници и казината да бидат на 500 метри од училишта. Законот беше изгласан во Собранието, но не стапи на сила бидејќи тогашниот претседател Стево Пендаровски не го потпиша указот и го врати во Собранието.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер