Кочоска на брифинг со новинарите уверуваше дека буџетот за 2027 година е развоен, а долгот во рамки на планираното
2Кочоска на брифинг со новинарите уверуваше дека буџетот за 2027 година е развоен, а долгот во рамки на планираното
3Народната банка ја започна продажбата на 95,3 проценти од акциите на „АЛТА банка“, првата аукција закажана за 30 ноември
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС постojано докажува дека знае само да слугува на туѓи агенди за лични бизнис интересиСДС постojано докажува дека знае само да слугува на туѓи агенди за лични бизнис интереси и да распродава се што е македонско.СДС во секоја прилика покажува дека има капацитет само да се вклучи во сомнителни активности како актуелните кои се спроведуваат од бугарски служби. СДС никако да се надмине себе си, а ниту нејзините привезоци, да остане на страна од вакви активности на странски служби водени од чајот на политиката на официјална Софија, бидејќи ги нема нејзините традиционални партнери во надлежните институции во Македонија. Сега ја нема СДС на власт чии функционери тераат бизниси во Бугарија и прават отстапки кои се штетни за Македонија само поради лични бизнис интереси. Од СДС знаат само да се трампаат или се подготвени да сторат се, да дадат се што е државен интерес на Македонија само нив да им течат бизнисите. Овие опасни по Македонија активности на официјални Софија во кои им помагаат лица од СДС следи по осуда на бугарските ставови во Европскиот парламент. Бугарија доживеа пораз во Комитетот за надворешни работи при Европскиот парламент, познат како АФЕТ, па прво се активираше Апасиев, потоа Жерновски кој отиде до таму со ширење ужасни лаги за премиерот. Но, туѓите агенди се прочитани. Граѓаните добро знаат кој распродаваше се што е македонско за свои лични бизнис интереси. Денес има Влада која се грижи за секој еден граѓанин и Влада која само работи во насока Македонија да оди напред, се наведува во партиското сооптштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеСекое десетто бебе на ГАК се раѓа предвремеСекое десетто бебе на Гинекологија се раѓа предвреме, а битката за живот во инкубаторот трае долго, бидејќи понекогаш се случува и да забораваат да дишат кога ќе се тргнат од апарат, но се почесто малите, но големи борци си заминуваат дома. Вака, со гордост во погледот, лекарите од одделот за неонатологија раскажуваат за третманот на децата кои пред време доаѓаат на овој свет, а по повод Светскиот ден посветен на прематурните новороденчиња. Годинава најмалото бебе родено на ГАК имало само половина килограм. Состојбата е значително променета во последните години и не е како порано по две бебиња да се третираат во еден инкубатор, велат од ГАК. Сега со донации има доволно инкубатори. Македонија сега има помала смртност кај предвремено родените бебиња споредено со европскиот просек, но сепак, фалат медицински сестри. Во моментов 40 тина бебиња се на одделот за неонатологија, но поради случаите на грип и морбили, посетата на родителите и блиските е ограничена, поради што здравствените власти апелираа на вакцинација со цел да се заштитат најранливите – бебињата кои во првата година не смеат да примаат МРП вакцина. Тагови: ГАК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
ЗдравјеЛицата со афазија добиваат прв клуб во државатаНа околу десет илјади луѓе им е потребна помош со состојба на афазија или нарушување на говорот, разбирањето, читањето и пишувањето настанато по мозочен удар или повреда на мозокот. Во рамките на Центарот за рехабилитација за говор се отвори центарот. Иницијатор е адвокатката Мирјана Марковска и Здружението за поддршка на лица со афазија ХОУП, која по состојба на мозочен удар, таа сака да им помогне на сите луѓе кои имаат афазија. Овој центар може да го посетат сите кои имаат ваква состојба заедно со нивните семејства, и да им се помогне и на другите членови на семејството за полесна комуникација. Со лицата ќе работат логопеди, психолози и кадар што е потребен за оваа состојба. Логопедите објаснуваат дека со правилни вежби им се помага многу на лицата со афазија, пред се на помладите луѓе кои се работо способни и имале мозочен удар или повреда на мозокот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМитовски бара мандат за дејствување: Ќе го решам проблемот со кравитеГрадоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, денеска повторно побара од Владата и Агенцијата за храна и ветеринарство итно да утврдат законски механизам со кој Општината ќе може да ја координира акцијата за отстранување на добитокот.Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, денеска повторно побара од Владата и Агенцијата за храна и ветеринарство итно да утврдат законски механизам со кој Општината ќе може да ја координира акцијата за отстранување на добитокот од улиците и имотите на граѓаните, во соработка со надлежните институции и под ветеринарен надзор. Според Митовски, правосилните и извршни решенија за одземање на добитокот постојат повеќе од две години, но сè уште не се целосно спроведени. Тој истакна дека граѓаните предолго трпат материјални штети и дека е неопходна заедничка и координирана акција на надлежните институции во најможен краток период. -Се што барам од вас е да ми дадете законски мандат. Барем правен механизам што ќе ми овозможи да ја превземам организацијата и координацијата на терен заедно со сите надлежните останати институции и конечно да ги релоцирам животните од улиците и имотите на граѓаните. Ќе подготвам протокол и оперативен план и ќе ја спроведам акцијата за помалку од 10 работни дена, само најдете начин да добијам законски овласувања – изјави Сашко Митовски – Градоначалник на Крива Паланка. Од друга страна, директорот на АХВ, Јовица Андовски, вели дека минатата недела остварил средба со градоначалникот и дека веќе се подготвува оперативен план со конкретни надлежности, активности и рокови за решавање на проблемот. „Во постојана комуникација сме со градоначалникот. Знае тој дека го работиме оперативниот план со којшто целосно точно ќе се знае која институција за што ќе биде задолжена, со точни активности, законски рокови и очекуван исход. Овој оперативен план е во завршна фаза, очекувам во наредниот период да го споделиме со надлежните институции и заеднички со градоначалникот и другите институции коишто имаат надлежност да го разгледаме, додадеме некоја плус активност и во најкуси утврдени рокови, прецизни и надлежности да излеземе на терен и да го решиме проблемот – изјави – Јовица Андовски, директор на АХВ. Градоначалникот Митовски претходно побара и прогласување 30-дневна кризна состојба поради неконтролираното движење на повеќе од илјада грла добиток, кои предизвикуваат штети на земјоделските површини и приватните имоти, а претставуваат и опасност за сообраќајот. Сепак како што посочи тој планот минатата недела бил отфрлен од советниците на ВМРО-ДПМНЕ. Во меѓуврем проблемот со кравите во Крива Паланка беше во фокусот на повеќе регионални и светски медиуми, а новинската агенција Асошиејтед прес објави видео-сторија за состојбата во градот за проблемот кој трае повеќе од 15 години. Тагови: „Дурмо турс“ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook