ВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС во делот на економијата е небо и земја - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС во делот на економијата е небо и земја

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во изминатите шест квартали овозможи раст на економијата од над 3%, а паралелно платите растат со динамика близу 10%, расте бројот на нововработени лица, невработеноста е на историски најниско ниво.

ВМРО-ДПМНЕ:  Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС во делот на економијата е небо и земја

РЕАКЦИЈА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ФАТМИР БИТИЌИ

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го решава предизвикот со кој се соочивме, а тоа е истовремено да го финансира развојот на економијата и да ги сервисира старите долгови создадени токму во време на СДС. Минатата година беше отплатена еврообврзница од 500 милиони евра. Оваа година за отплата е еврообврзница од 700 милиони евра, исто така земена од владите на СДС. Половина од оваа обврска веќе е сервисирана, а остатокот ќе биде сервисиран во текот на јуни 2026 година. Од 2026 до 2031 година државата има обврска да сервисира околу 9 милијарди евра по основ на главнина и камати од стари долгови. Само од втората половина на 2024 година до првиот квартал од 2026 година беа обезбедени 1,2 милијарди евра исклучиво за сервисирање на еврообврзници земени од претходната власт.

Капиталните инвестиции се реализираат на историски високо ниво, за разлика од порано кога СДС беше на власт и се плаќаа аванси и анекси, а на терен ситуацијата беше статус кво.

Поради лошото менаџирање на државата од страна на СДС, денес враќаме 50 милиони евра на 156 компании за мерката солидарен данок.

Пред да „држи’’ лекции Фатмир Битиќи следен пат за економија, да го потсетиме него и граѓаните дека СДС од 2017 година до 2024 година втор квартал, ја задолжи државата, односно го зголеми јавниот долг двојно во висина од 4,78 милијарди евра, притоа имајќи економски просечен раст од 1,8%, а истовремено платите растеа за 5%, додека инфлацијата беше 14%.

Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС во делот на економијата е јасна. Граѓаните на изборите ги казнија лошите економски политики на СДС кои ги осиромашија граѓаните и живееја со 150 денари на ден.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп именуваше пратеник за затворениците: „Тој врати 65 Американци од Белорусија“

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека адвокатот и актуелен пратеник за Белорусија, Џон Коул, ќе биде негов специјален претседателски пратеник за прашања поврзани со затвореници.

Трамп именуваше пратеник за затворениците: „Тој врати 65 Американци од Белорусија“

Белорускиот претседател Александар Лукашенко минатиот месец помилува 15 затвореници по разговорите со Коул, кој повеќе од една година преговара со Минск.

„Во текот на изминатата година, Џон веќе обезбеди враќање на повеќе од 65 Американци и државјани на сојузнички земји од Белорусија и договори ослободување на повеќе од 800 политички затвореници од неколку источноевропски земји“, објави Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.

Коул ќе го замени Адам Болер, за кого Трамп рече дека вратил 196 заложници.

Болер, кој во август помогна да се обезбеди ослободување на поранешен американски маринец од Русија, ќе продолжи да помага околу други прашања како виш советник, додаде Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Серафимовски: Како министерство сериозно сме засегнати за решавање на проблемите

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство сериозно е засегнато за решавање на проблемите во делот на пласманот, производството и цената на оризот, порачал ресорниот министер Борче Серафимовски.

Серафимовски: Како министерство сериозно сме засегнати за решавање на проблемите

Тој денеска во Горни Подлог присуствувал на традиционалното зажетнување со срп на 35. издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Измамникoт од Tinder“ лансира апликација – се бара од „Apple“ и „Google“ да ја блокираат

Шимон Хајут, попознат како „Измамникот од Tinder“ – по документарниот филм за измамите што ги вршел – сака да лансира сопствена апликација за запознавање.

„Измамникoт од Tinder“ лансира апликација – се бара од „Apple“ и „Google“ да ја блокираат

Идејата на Хајут е да го искористи своето искуство со измами за да развие платформа наречена „Safe Love“, дизајнирана да ги штити корисниците од луѓе како него.

Хајут тврди дека неговото познавање на методите на лажење, манипулација и измама му овозможува да создаде систем што може подобро да ги спречи таквите активности. Сепак, неговата идеја веќе предизвика реакција во индустријата за онлајн запознавање.

Организацијата „Online Dating and Discovery Association (ODDA)“ испрати писмо до „Apple“ и „Google“, повикувајќи ги да не дозволат апликацијата поврзана со Хајут да се појави во нивните продавници за апликации. Организацијата наведува дека неговата вклученост во апликацијата би претставувала сериозен ризик за корисниците, особено за жените.

Деталите за тоа како „Safe Love“ всушност треба да ги штити корисниците остануваат непознати. Хајут спомна верификација на корисници, модерација и системи за заштита од измами, но не објасни како би функционирале овие системи или точно кога апликацијата би станала достапна.

Во исто време, ваквата апликација покренува дополнителни прашања во врска со довербата. Современите платформи за запознавање сè повеќе користат верификација на идентитетот и други безбедносни механизми, барајќи од корисниците да споделуваат лични податоци. Со апликација основана од некој што е озлогласен по романтични измами, довербата во начинот на кој се чуваат тие податоци ќе биде од особено значење.

Засега не е познато дали „Apple“ и „Google“ ќе го прифатат барањето на „ODDA“. „Safe Love“ сè уште не е објавена како широко достапна апликација, а нејзиното евентуално појавување во продавниците за апликации ќе зависи од усогласеноста со нивните политики и регулаторни барања.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер