ВМРО-ДПМНЕ: Раст на платите во здравството, образованието, безбедноста, повисоки пензии - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: Раст на платите во здравството, образованието, безбедноста, повисоки пензии

СДС и ДУИ за седум години го осиромашија народот, ја испразнија буџетската каса и го срушија животниот стандард на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ: Раст на платите во здравството, образованието, безбедноста, повисоки пензии

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за сите граѓани. Продолжува трендот на раст на платите. Платите и пензиите растат, економијата се стабилизираше, инфлацијата се намали, странските инвестиции на историски највисоко ниво.

Владата ги зголеми платите на вработените во образованието, здравството, и безбедноста.

Платите во образованието се зголемија за 12 проценти. Просветните работници и сите вработени во образованието добија покачување од 12 проценти. Првото покачување од 5 проценти го добија со септемвриската плата исплатена во октомври минатата година. А второто покачување од 7 проценти го добија со мартовската плата, исплатена во април.

Платите во здравството се зголемија за 15 проценти.

Здравствените работници, медицинските сестри, техничари и административен персонал за шест месеци добија покачување на платите од 15 проценти.

Матичните лекари и гинеколози добија покачување на капитациониот бод од 33 проценти од 75 на 100 денари.

Стоматолозите на добија покачување на капитациониот бод од 23 проценти, од 61 на 75 денари.

Платите во секторот безбедност се покачија за 10 проценти.

Обезбедени се 800 милиони денари од буџетот за зголемување на платите на 12.000 полицајци. Службените лица во МВР кои се грижат за безбедноста и сигурноста на граѓаните и државата, добија покачување на платите од 10 проценти.

Пензиите се покачија за 5000 денари, 2500 денари во 2024 и плус 2500 денари во 2025 година.

Владата се грижи за сите граѓани. Зголемувањето на платите продолжува, до крајот на мандатот во здравството и образованието предвидено е да се зголемат од 46 до 50 проценти, се наведува во парттиското соопштение.

Франција домаќин на третата Конференција на ОН за Океанот (UNOC3): „Ние сме Океанот“

Од 9 до 13 јуни 2025 година, Франција ќе биде домаќин на третата Конференција на Обединетите нации за Океанот (UNOC3).

Франција домаќин на третата Конференција на ОН за Океанот (UNOC3): „Ние сме Океанот“

Овој настан ќе биде од клучно значење: во Ница ќе присуствуваат стотина шефови на држави и влади, како и десетици илјади учесници, истражувачи, научници, економски чинители, граѓански активисти и граѓани од целиот свет. По тој повод, Франција ќе постави јасна цел: заштита на Океанот преку конкретни активности.

Океанот е наше заедничко добро. Тој ги храни народите и ги штити. Ни овозможува да сонуваме и да патуваме. Ни нуди одржлива енергија, можности за трговија, бесконечни ресурси и научни знаења.

Животниот опстанок на еден од тројца луѓе зависи од Океанот, а сепак, тој е во опасност. Тоа е простор кој сè уште е недоволно познат, кој нема ниту глобално управување, ниту неопходни финансии за негово зачувување. Бројките се загрижувачки: повеќе од 8 милиони тони пластика се исфрлаат во Океанот секоја година, според едно истражување објавено во списанието „Наука“(Science). На ова се надоврзува и прекумерната експлоатација, која зафаќа повеќе од една третина од рибните залихи, но и закиселувањето на водите, порастот на нивото на морето и уништувањето на морските екосистеми. Овие појави се забрзуваат, како директна последица од климатските промени.

Време е за дејствување. Повеќе од кога било, мора да бидеме сигурни дека мултилатералната активност ќе биде на висина на предизвиците поврзани со заштитата на Океанот.

Десет години по COP21 и Парискиот договор, кои овозможија воспоставување на обврзувачка глобална рамка за ограничување на климатското затоплување, UNOC3 претставува историска можност. „Договорите од Ница“ би биле вистински меѓународен пакт за зачувување и одржливо користење на Океанот. Овој пакт директно би се усогласил со Целите за одржлив развој (ЦОР) усвоени од ОН во 2015 година.

За да се постигне ова, дискусиите во Ница мора да бидат конкретни и насочени кон акција. Треба да се работи за подобро управување, повеќе финансии и подлабоко познавање на морето.

Во однос на управувањето, договорот за заштита на биодиверзитетот на отворено море (BBNJ) е клучен инструмент. Отвореното море – повеќе од 60% од Океаните – денес е единствениот простор кој не е регулиран со меѓународно право. Недостатокот на надзор и заеднички правила доведува до вистинска социо-еколошка катастрофа: масовни загадувања со нафта и пластика, нелегални и нерегулирани риболовни методи, ловење на заштитени морски цицачи. За да се стави крај на оваа правна празнина, мора да се обезбеди ратификација од 60 земји и така да се овозможи стапување во сила на договорот BBNJ.

Заштитата на Океанот исто така бара мобилизација на јавни и приватни финансии и поддршка на одржлива сина економија. За да продолжиме да ги користиме огромните економски можности на Океанот, мора да обезбедиме обновување на морските ресурси. Во Ница ќе бидат објавени повеќе обврски во областа на меѓународната трговија, морскиот транспорт, туризмот и инвестициите.

Најпосле, како да заштитиме нешто што не го познаваме – или не го познаваме доволно? Мора да го зголемиме нашето познавање за Океанот и подобро да го шириме тоа знаење. Денес можеме да ја картографираме површината на Месечината или на Марс, но дното на Океаните ни останува непознато. А тие покриваат 70% од Земјата! Заедно, да ја мобилизираме науката, иновациите и едукацијата за подобро разбирање на Океанот и за поголема јавна свест.

Во услови на забрзани климатски промени и прекумерна експлоатација на морските ресурси, Океанот не е само уште еден предизвик. Тоа сите нѐ засега. Доведувањето во прашање на мултилатерализмот не смее да нè натера да ја заборавиме нашата заедничка одговорност. Океанот е универзална врска, тој е во фокусот на нашата иднина. Заедно, со активна поддршка од Македонија преку ратификација на Договорот за заштита на биодиверзитетот на отворено море (BBNJ), можеме да ја направиме UNOC3 значајна пресвртница за нашите народи, за идните генерации и за нашата планета.

Кристоф Ле Риголер

Амбасадор на Франција во Македонија

Во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим ќе биде погребан папата Франциск

По погребната миса, што ќе ја предводи деканот на Колеџот на кардинали, кардиналот Џовани Батиста Ре, на плоштадот Свети Петар во Ватикан ќе биде погребан папата Франциск во базиликата Санта Марија Маџоре во центарот на Рим.

Во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим ќе биде погребан папата Франциск

Поглаварот на Римокатоличката црква почина на 88-годишна возраст на 21 април.

Се очекува 200.000 луѓе да присуствуваат на погребот на папата. Меѓу нив ќе бидат шефови на држави и влади, монарси, поранешни државници, политичари од Италија и други земји, интелектуалци, уметници. На погребот ќе присуствува и претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова.

Поради погребот во Ватикан и во Рим воведени се драконски безбедносни мерки. Се очекува погребната поворка да трае околу половина час, а рутата на ковчегот со папата Франциск поставени се големи екрани, на кои верниците ќе можат да следат што се случува во секоја фаза од погребот. Големи екрани ќе бидат поставени и на плоштадот Свети Петар.

Верниците уште од утре ќе можат да го посетат гробот на папата во базиликата Санта Марија Маџоре, објави Ватикан.

Од 5 до 10 мај, 135-те кардинали, членови на конклавата, ќе треба да изберат нов папа. /MИА

Променливо облачно и нестабилно, со повремени локални врнежи од дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. 

Променливо облачно и нестабилно, со повремени локални врнежи од дожд и грмежи

Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Од УХМР најавија дека во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.

Во понеделник ќе има повремен локален дожд, а од вторник стабилизирање на времето.

притисни ентер