МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Приговорот на ЕСМ отвора пат за нова истрага за милионскиот скандал со „Мазут“Приговорот на ЕСМ отвора пат за нова истрага за милионскиот скандал со „Мазут“ и е доказ за непрофесионално постапување на обвинителите Коларевиќ и Абази.Приговорот на ЕСМ е доказ дека обвинителите Коларевиќ и Абази не воделе професионална истрага, туку политички мотивирана операција за спас на блиски луѓе до СДС и ДУИ. Официјалниот приговор на ЕСМ е директен доказ дека доказите биле селективно ценети, а клучни факти и сомнежи намерно игнорирани за да се затвори скандалот тежок 167 милиони евра за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино. Коларевиќ и Абази не ја прекинале истрагата затоа што немало сомнежи и докази, туку затоа што поради лични и семејни релациии одлучиле да штитат моќници блиски до СДС и ДУИ. Скандалозно е што обвинителството дел од доказите за кривичната одговорност неосновано ги иземало како изговор за прекинување на постапката, а истовремено не обезбедило ниту распит на Васко Ковачевски. Тоа не е правда, туку свесно компромитирање на постапката. Приговорот на ЕСМ отвора сериозна можност истрагата повторно да се активира и конечно да се утврди кој го оштетил државниот буџет и во чиј интерес се носеле вакви срамни обвинителски одлуки. Приговорот на ЕСМ до Вишото јавно обвинителство дава правна можност за преиспитување на решението за скандалот Мазут и за корекција на ова контроверзно решение за прекин на истрагата од Коларевиќ и Абази. Приговорот на ЕСМ е нова околност според којашто прекинатата истрага за мазут може да продолжи, бидејќи ЕСМ е оштетено правно лице коешто ги побива изјавите на Коларевиќ и Абази како обвинителски тандем, којшто им дал повластена улога и им поклонил поголема верба на исказите на Капушевски, Јахоски, Адријан Муча, Ерџан Сулкоски, а воопшто го немале ниту достапен Васко Ковачевски. Обвинителството мора да одлучи дали ќе биде сервис на политички и бизнис-центри на моќ на СДС и ДУИ, или институција што гони криминал. Секој што учествувал во незаконитости мора да одговара. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски порачува дека и со уставни измени Бугарија повторно ќе не блокира 15:00Ангелов: Локализиран е пожарот што избувна по удар на гром во близина на Штип08:24Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15Попладнево во Софија средба Сиљановска - Јотова15:00Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50
Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15
Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50
ЕвропаМелони: Треба да го зголемиме притисокот врз Русија Италијанската премиерка Џорџија Мелони денес изјави дека Европа мора да продолжи да ја поддржува Украина и да го зголеми притисокот врз Русија, откако нејзината влада ѝ претстави нов пакет санкции на Москва пред самитот на Европската унија. „Ја поддржуваме одбраната на Украина. Нашата позиција останува непроменета. Поддршката на Киев и одржувањето на притисокот врз Москва останува единствениот начин за започнување преговори, затоа го поддржуваме 21-от пакет европски санкции“, рече Мелони, пренесува АНСА. Таа додаде дека Европа треба да избере „авторитативна личност“ која ќе учествува во можните идни преговори за прекин на војната во Украина.Тагови: Џорџија Мелони Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПутин: „Русија наскоро ќе одржи избори - безбедноста мора да се обезбеди“Рускиот претседател Владимир Путин ги нарече претстојните избори за Државната дума исклучително важни, пренесува РИА Новости.Путин одржа оперативен состанок со постојаните членови на Советот за безбедност, каде што разговараа за мерките за јавна безбедност во подготовка за Денот на обединувањето на државата. Путин им посака среќа на кандидатите на изборите во 2026 година. „Парламентарните избори ќе се одржат во септември. Тоа е најважниот внатрешно-политички настан во земјата“, рече Путин. Путин, исто така, истакна дека безбедноста за време на изборите ќе биде зајакната, објавува Russia Today (RT). „Изборите ќе се одржат во септември, парламентарни избори, избори за Државната дума. Многу важен настан. Ќе разговараме за дополнителни мерки, мора да ја обезбедиме јавната безбедност“, рече рускиот претседател. Изборите за Државната Дума се очекува да се одржат на 20 септември. Претседателката на Централната изборна комисија, Ела Памфилова, истакна дека, врз основа на барањата на гласачите, Единствениот ден за гласање во 2026 година би можел да трае три дена. Вкупно, во овој период, ќе се одржат повеќе од 2.200 кампањи на различни нивоа, а се очекува да бидат пополнети 20.700 пратенички места и изборни позиции.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАБаркли ги навреди Спарс: „Најглупавиот тим во историјата на цивилизацијата“ Легендата на НБА, олимпискиот шампион од Барселона, Чарлс Баркли, ги нападна Сан Антонио Спарс откако ја изгубија предноста од 29 поени во четвртиот натпревар од големото финале против Њујорк.Спарсите го имаа тоа водство во третата четвртина од натпреварот против Никсите во Њујорк, но сепак беа поразени со 107:106. Сега Никсите водат во серијата со 3-1 и имаат три „меч-топки“ за шампионската титула, први по 53 години. Баркли ги нарече Спарси „најглупавиот кошаркарски тим во историјата на цивилизацијата“ по натпреварот. Сан Антонио имаше целосна контрола во поголемиот дел од натпреварот. Во еден момент, Спарс водеа со 71:42, а на почетокот на последната четвртина имаа повеќе од 20 поени предност. Херој на Никс беше Ануноби, кој го искористи промашувањето на Џејлен Брансон на малку повеќе од една секунда до крајот и го постигна решавачкиот кош за победата. Неговиот гол предизвика ерупција од возбуда во распродадениот „Медисон Сквер Гарден“ и го одведе Њујорк на еден чекор од првата титула во НБА од 1973 година. Овој триумф на „Никс“ го надмина познатиот пресврт на Бостон против „Лејкерс“ во 2008 година, кога „Селтикс“ ја надминаа негативата од 24 поени, и до овој натпревар беше најголемиот камбек во историјата на финалето на НБА. Петтиот натпревар од финалето е закажан за Сан Антонио во недела наутро во 2:30 часот.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook