ВМРО-ДПМНЕ: Пандемијата за Заев и неговите соработници е игра

Пандемијата за Заев и неговите соработници е игра, но за  обичниот граѓанин е борба на живот и смрт.

Додека Заев и неговите послушници танцуваат со корона вирусот, бројот на заболени постојано се зголемува, нема соодветен број на тестови, а од ден на ден се зголемува и бројот на починати.

Додека Заев се забавува, медицинскиот персонал го става сопствениот живот на ризик без соодветна опрема.

Додека Заев танцува расфрлајќи се со пари од буџетот, граѓаните не знаат како ќе преживеат и со што ќе се прехранат до следниот први.

Мерките на Заев преставуваат измама , како и се друго што направи во овие три години.

Мерките се рестриктивни и недоволни за помош за компаниите за да ги задржат сите вработени на своите работни места.

Жалиме што владата остана глува на барањата на стопанството, како што впрочем е ситуацијата и за се останато.

Државата не смее да бега од обврската да им помогне на компаниите и на вработените и за месец март.

Како и со сите други мерки, така и со оваа владата доцни дури 20 дена и свесно ја промовира на 2 април.

Многу мал број на компании ќе го искористат полниот износ од 14.500 денари, затоа што мерката се врзува со бројот на работните часови на вработените, односно ефективни работни часови.

Имајќи предвид дека вонредната состојба ќе потрае, вработените ќе имаат нула ефективни работни часови во месец април, а можно е и во мај, што уште повеќе ја продлабочува кризата, загубата и пропаста на компаниите, стопанството и економијата во Република Македонија.

Вработените во компаниите со нула ефективни работни часови во април не ќе можат воопшто да ја користат оваа поддршка од 14.500 денари. Истото ова може да се случи и за месец мај.

Зоран Заев прво ги убедуваше сите дека „Економијата блеска, а резултатите се за поклонување“. Ги охрабри компаниите да имаат развојни планови и да исплаќаат награди, а сега предвидува неговата мерка да не важи за компаниите кои исплатиле дивиденда на своите вработени.

Исто така сите компании кои што веќе се корисници на мерките преку Агенцијата за вработување нема да можат да ги искористат овие 14.500 денари.

Затоа наместо импровизација ВМРО-ДПМНЕ предлага сериозни мерки.

Цели 200 милиони евра може да се обезбедат преку искористување на средствата од вториот пензиски столб, мерка која што сега ја имплементира Естонија.

ВМРО предложи субвенционирање за одржување на ликвидноста преку исплатата на бруто плата на работниците во компаниите за март, април и мај во износ од најмногу 50% од месечната бруто плата по работник. Висината на месечната субвенција по работник може да изнесува максимум до висината на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2019 година.

Македонската економија нема да се спаси со празни флоскули и пи-ар пропаганди на владата, туку со засукување ракави и макотрпна работа. Политиките и политиканството во овие моменти треба да се тргнат на страна, да се соработува и да се изнајде вистинско решение за проблемите.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер