1Митева: Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја унапредува својата соработка со жените од ЕПП
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ останува на ставот да нема уставни измениМицкоски очекува 14ти или 21ви мај како краен рок да се случат предвремени избори.Иако министерот за надворешни работи Бујар Османи најави дека од следната недeла ќе се интензивираат консултациите за двотретинско мнозинство за уставни измени, лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски останува на ставот- овој парламентарен состав нема да ги вметне Бугарите во Уставот, какви и гаранции да постојат. На брифинг со новинарите тој рече дека поединечно преговарање од власта со негови сопартијци нема, а за следните парламентарни избори во партиската програма ќе имаат понудено решение за проблемите со Бугарија и деблокада на евроинтеграциите. Мицкоски очекува 14ти или 21ви мај како краен рок да се случат предвремени избори, а истите би се распишале во втората половина на јануари. За протести засега ВМРО-ДПМНЕ не размислува бидејќи од членството немало голем интерес. -Состојбата во државата е неподнослива, но и внатре во владејачките партии пред се СДСМ- ДУИ и Алтернатива. Потребно е ресетирање на системот. Нереално е она што говори Ковачевски за избори во 2024 година и тоа прво претседателските, а потоа парламентарните. Во таков случај претседателските избори ќе бидат неуспешни и функцијата ќе ја извршува претседателот на Собранието, а ДУИ покрај функцијата претседател ќе има и технички премиер сосгласно договорот што го имаат со СДСМ, што значи монопол.- Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Според последната анкета на ВМРО-ДПМНЕ спроведена овој месец, излезноста на следните избори би била 53 отсто, или над 900 илјади гласачи. За опозициската партија се изјасниле 19,4 отсто, наспроти СДСМ 11,7 отсто. Анкетата на ВМРО-ДПМНЕ покажала и дека за мнозинството од граѓаните најголеми проблеми се нискиот стандард, високите цени и невработеноста, а најмалку доверба имаат во судството, владата, собранието... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
МакедонијаМитева: Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја унапредува својата соработка со жените од ЕППСилната соработка се гради со присуство, со размена на идеи и со заедничка визија.Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја унапредува својата соработка со EPP Women, како дел од нашето европско политичко семејство. Овие два дена учествувам на академијата „Да ја искористиме силата на жените“ во Атина, која претставува можност за споделување на искуства, воспоставување нови иницијативи за градење соработки, како и за отворена дискусија за актуелните предизвици со кои се соочува Европа. Упатувам искрени честитки до Mairead McGuinness за изборот за претседателка на организацијата на жени на европската народна партија. Нејзиното долгогодишно искуство и посветеност се значаен потенцијал за понатамошно зајакнување на организацијата. За нас ова е континуитет на долгогодишното партнерството што го градиме, со амбиција за уште поголема соработка, посилно поврзување и поголема видливост на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во европското политичко семејство. Продолжуваме заедно, со јасна европска перспектива и зајакната соработка. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеНаучниците предупредуваат на опаѓање на стапките на вакцинација кај децата во ЕвропаСтапките на вакцинација кај децата во Европа стагнираат или опаѓаат во последните години, според нова студија што ги анализира податоците за вакцинацијата против седум болести во земјите на Европската Унија во периодот од 1980 до 2024 година.Од 2019 година, 16 земји забележале пад на опфатот со вакцинација за четири или повеќе од анализираните вакцини. Вакцинацијата се смета за една од најефикасните мерки во јавното здравство. Сепак, научниците предупредуваат дека колебањето во врска со вакцините и сомнежите во рамките на Европската Унија придонеле за намалување на опфатот и за повторна појава на болести што можат да се спречат со вакцинација. Стапките на вакцинација опаднале за сите седум анализирани вакцини во Бугарија, Кипар, Ирска, Холандија, Романија и Шведска. Германија и Шпанија забележале пад кај пет од седумте вакцини. Во Франција и Италија, стапките на вакцинација се зголемиле за четири вакцини, а опаднале за три. Најниска стапка на вакцинација во Романија Највисоки стапки на вакцинација се забележани во Луксембург и Португалија, каде што опфатот за сите седум анализирани вакцини достигнал најмалку 95 проценти. Најниска стапка е забележана во Романија, каде што таа паднала под 80 проценти. Научниците истакнуваат дека падот на стапките на вакцинација започнал во периодот помеѓу 2019 и 2022 година, што се совпаѓа со пандемијата на КОВИД-19 и периодот непосредно по неа. Како една од можните причини тие ги наведуваат прекините во рутинските програми за вакцинација на децата за време на пандемијата. Тие предупредуваат дека намалувањето на опфатот со вакцинација го зголемува ризикот од слабеење и на колективната и на индивидуалната заштита од заразни болести. „Потребни се меѓународни, национални и локални мерки за да се променат овие трендови“, заклучија научниците. Извор: Индекс.хрТагови: вакцинација деца Европа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
МакедонијаСДСМ: Транспарентни 244 илјади евра во 2018 година наспроти матни 5,5 милиони евра сега Транспарентни 244 илјади евра во 2018 година наспроти матни 5,5 милиони евра сега – Обвинителството мора да постапиПрес конференција на СДСМ, Маја Серафимовска -Борозан Само една едноставна споредба која целосно ја разоткрива разликата меѓу домаќинско и криминално управување со народните пари. Во 2018 година, по повод поканата за членство во НАТО, Владата предводена од СДСМ организираше прослава во 15 градови низ целата држава. Целата прослава чинеше 244 илјади евра, платени од буџетот. Сè беше јавно и транспарентно објавено. Јавноста беше информирана колку чини прославата и за што се трошат парите. Така е домаќински и правилно. Сега со Мицкоски и ВМРО 5,5 милиони евра се потрошени. Дваесет и три пати повеќе пари! Пари од Државната лотарија, од нераспределената добивка која требало како дивиденда да заврши во државниот буџет. Затоа, лагата дека ова не се буџетски или народни пари не поминува. Тоа се пари на граѓаните. И мора да има одговори каде се потрошени и да има одговорност. Мицкоски прво излажа дека прославата ќе чини „нула денари“. Потоа се обиде да ја сокрие сметката, докуметните, анексите, договорите, фактурите. Наместо отчетност и транспарентност, криење, молк за провизиите и за тоа во чии џебови завршија 5,53 милиони евра. Ете ја разликата. Мицкоски организираше една вечер за 5,53 милиони евра – скриено, нетранспарентно и преку сомнителна шема со Државната лотарија. Тоа е разликата кога државата организира домаќински и кога организира банда. Овде мора да постапи Јавното обвинителство. Обвинителот Ненад Савески треба веднаш да отвори предмет, да ја обезбеди целокупната документација и да ја следи трагата на парите. Не мора само Мицкоски да го повикува на телефон за да постапува, не мора да чека да седне до него. Одговорност мора да има. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook