Претседателот на Ла Лига ги понизи Флорентино Перез и Реал Мадрид: Јас не сум сопственик на натпреварувањето, но...
1Претседателот на Ла Лига ги понизи Флорентино Перез и Реал Мадрид: Јас не сум сопственик на натпреварувањето, но...
3Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Неработникот Петре Шилегов ќе одговара за проневера на 12,5 милиони евра Неработникот Петре Шилегов ќе одговара за проневера на 12,5 милиони евра од Градската куќа, парите ги нема, а нема ни проекти.Неспособниот неработник Петре Шилегов кој ветуваше чуда, потроши четири години во кои не направи ниту еден проект за скопјани. Четири години стагнација за Градот Скопје, четири години тонење и уништување. Мрзеливиот Шилегов ветуваше тунели, булевари, мостови, подземни сообраќајници, трамвај и ред други проекти, но наместо да ги изгради овие проекти за подобар живот на скопјани, тој ја продаде Градската куќа, а парите кои ги зеде мистериозно исчезнаа. Неработникот Шилегов треба да одговара за проневера на 12,5 милиони евра кои ги зеде од продажбата на Градска куќа кои апсолутно никој не знае каде се потрошени. Нема нов објект за градот, а ги нема ниту ветените големи проекти кои им ги ветуваше на скопјани. Нема проекти, ама нема ни 12,5 милиони евра. Шилегов е должен на скопјани да им објасни каде се потрошени парите од Градската куќа, дали се потрошени и на што се потрошени. Дали завршиле во лични џебови и кој се профитирал од нив? Освен што е способен да потроши на ништо 12,5 милиони евра граѓански пари, Шилегов е способен да ги остави скопјани на цедило во состојба кога во Скопје беснееја пожари. И тоа е се што треба да се знае за овој неспособен градоначалник кој си уживаше на плажа, додека граѓаните беа во опасност од пожар. Во меѓувреме нема почист воздух, нема тунел под кале, Илинденска не е продолжена, нема жичарница, нема подземна железница, нема трамвај, нема враќање на сјајот на СРЦ Треска, нема Луна парк, но затоа има скапи клупи од тропско дрво, скап Дино парк среде економска криза и потрошени 12,5 милиони евра кој никој не знае каде. Шилегов наместо да гради, тој краде, а градот тоне. Токму затоа му порачуваме на неспособниот неработник Петре Шилегов да ги пакува куферите затоа што заврши неговата политичка кариера и да се спреми да одговара за проневерата за Градската куќа и сите други криминали изминатите четири години. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаДали роботите ќе ги заменат луѓето во опасните мисии- во Пекинг се одржува натпревар (ВИДЕО)Првенството „Роботски воин“, на кое ќе учествуваат и хуманоидни и четвороножни роботи, ќе се одржи во октомври во Пекинг, објави Комитетот за управување со зоната за економски и технолошки развој.Роботите ќе се натпреваруваат во спасувачки операции за време на вонредни состојби и природни катастрофи (земјотреси, поплави, пожари) и ќе извршуваат задачи во средини со висок ризик. Предизвици со пречки Покрај тоа, овие интелигентни машини ќе ги демонстрираат своите вештини во следењето и управувањето со урбаната инфраструктура, објавува „Глобал тајмс“. Настанот во Пекинг има за цел да го забрза развојот и имплементацијата на роботиката во услови на реалниот свет. Програмата на првенството вклучува 14 видови предизвици со пречки. Според сценариото, роботите ќе се искачуваат по стрмни падини, ќе се движат по урнати мостови и низ урнатини. Како што е наведено, досега 24 тима аплицирале за учество на ова натпреварување. Тие ќе се натпреваруваат во шест категории врз основа на контрола (далечинска или автономна навигација) и тип на возило (хуманоидно, четвороножно или на тркала). Платформа за обука Хуманоидните роботи на првенството ќе извршуваат задачи како што се отворање врати, деактивирање експлозивни направи, затворање вентили и гаснење пожари. Други машини ќе бидат тестирани преку инспекција на тунели, враќање на електричната енергија, реагирање на водни итни случаи и испорака на товар низ пречки. За да ги подготват учесниците, организаторите ја лансираа платформата за обука BotWorld, која им нуди на роботите 14 задачи за симулација на ситуации што опфаќаат навигација на терен и интерактивни операции. Тимовите ќе имаат пристап до материјали за обука и ќе можат виртуелно да ги вежбаат потребните вештини. Домаќин на предизвикот „Роботски воин“ ќе биде високотехнолошката компанија Шангиченг во Пекинг од 17 до 18 октомври.Тагови: Пекинг роботи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАрбен Таравари во „Само интервју“Почитувани, утре во Само Интервју ќе гостува лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.Оправдана ли е поддршката на албанските партии за пресудите на ОВК во Хаг? Кој и зошто потпалува етнички теми? Уставните измени заглавени низ политичките лавиринти, какви сценарија се можни ако останеме во чекалната до недоглед? Што договорија со Ахмети за вонредните избори во Брвеница и дали тие значат вовед во коалиција за следните парламентарни избори – редовни или предвремени? Утре кај Гоце Михајлоски во Само Интервју гостува Арбен Таравари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаВо Романија паднаа 20 сантиметри снег- интервенира тешка механизација, фрлаат сол (ВИДЕО) Зимата пристигна рано на Трансфагарасан, спектакуларен планински пат во Романија што ги преминува Карпатите, или Фагараш Планини. На езерото Балеа, снегот падна толку обилно што на некои места се формираше дебел слој. Патот и околните падини се целосно покриени со снег, а условите за сообраќај брзо се променија, иако сè уште е септември. Обилни снежни врнежи го зафатија Трансфагарасан. Сообраќајните работници мораа да интервенираат со механизација и материјал против лизгање во среда наутро за да го исчистат коловозот откако се формираше дебел слој снег во планинската област. Романскиот портал „Антена Обсерватор“ објави дека на локацијата наврнале 20 сантиметри снег. Регионалната дирекција за патишта и мостови на Брашов соопшти дека две машини интервенирале на патот и дека се расфрлани повеќе од пет тони сол. „Обилни снежни врнежи на Трансфагарасан! Интервениравме со две машини и повеќе од пет тони сол за да го исчистиме патот, но сообраќајот сè уште се одвива во зимски услови, особено во планинската област, во близина на езерото Балеа“, објави Регионалната дирекција за патишта и мостови на Брашов. Сообраќајните работници ги предупредуваат возачите дека временските услови ќе останат исти во наредните денови и им препорачуваат на оние кои сакаат да возат по Трансфагарасан однапред да се информираат за условите во сообраќајот. На возачите им се советува и да не тргнуваат по патот освен ако не се подготвени да возат во зимски услови. Снег падна во областа претходниот ден, но тогаш немаше потреба од интервенција на механизација. Минатата година, првиот снег во Романија беше забележан на почетокот на октомври.Тагови: Романија снег Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50