ВМРО-ДПМНЕ: Поддршка за кампањата против насилство врз жените, собирањето политички поени во оваа битка треба да се заборави
ЈСП заштедило половина милион евра за гориво, Скопје ќе добие новогодишен дочек со македонски изведувачи
1ВМРО-ДПМНЕ: Поддршка за кампањата против насилство врз жените, собирањето политички поени во оваа битка треба да се заборави
2ЈСП заштедило половина милион евра за гориво, Скопје ќе добие новогодишен дочек со македонски изведувачи
ЕвропаВо Романија паднаа 20 сантиметри снег- интервенира тешка механизација, фрлаат сол (ВИДЕО) Зимата пристигна рано на Трансфагарасан, спектакуларен планински пат во Романија што ги преминува Карпатите, или Фагараш Планини. На езерото Балеа, снегот падна толку обилно што на некои места се формираше дебел слој. Патот и околните падини се целосно покриени со снег, а условите за сообраќај брзо се променија, иако сè уште е септември. Обилни снежни врнежи го зафатија Трансфагарасан. Сообраќајните работници мораа да интервенираат со механизација и материјал против лизгање во среда наутро за да го исчистат коловозот откако се формираше дебел слој снег во планинската област. Романскиот портал „Антена Обсерватор“ објави дека на локацијата наврнале 20 сантиметри снег. Регионалната дирекција за патишта и мостови на Брашов соопшти дека две машини интервенирале на патот и дека се расфрлани повеќе од пет тони сол. „Обилни снежни врнежи на Трансфагарасан! Интервениравме со две машини и повеќе од пет тони сол за да го исчистиме патот, но сообраќајот сè уште се одвива во зимски услови, особено во планинската област, во близина на езерото Балеа“, објави Регионалната дирекција за патишта и мостови на Брашов. Сообраќајните работници ги предупредуваат возачите дека временските услови ќе останат исти во наредните денови и им препорачуваат на оние кои сакаат да возат по Трансфагарасан однапред да се информираат за условите во сообраќајот. На возачите им се советува и да не тргнуваат по патот освен ако не се подготвени да возат во зимски услови. Снег падна во областа претходниот ден, но тогаш немаше потреба од интервенција на механизација. Минатата година, првиот снег во Романија беше забележан на почетокот на октомври.Тагови: Романија снег Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Поддршка за кампањата против насилство врз жените, собирањето политички поени во оваа битка треба да се заборавиВМРО-ДПМНЕ како политичка партија дава јасна поддршка против насилство врз жените. Вакви теми не треба да се злоупотребуваат за политички поени од никој.Прво, сите овие случаи на насилство врз жените мора да бидат проследени со институционален одговор, и тоа не само од МВР. Второ, дотолку е поважно функционирањето на превентивни механизми. Како општество целта треба да биде една и јасна, да не стигнуваат работите до тој степен. Значи не треба да ни се случуваат случаи како убиството на 31-годишната Ајнет во Битола, убиството на 17-годишната Билјана Кириќ во Богданци, случајот со Ивана и нејзината ќерка и слично. Трето, за сите случаи треба да следи соодветен одговор од правосудството, односно и од обвинителските и од судските инстанци. Во борбата против ваквиот тип на насилство врз жените не смее да има селективност, иако некои опозициски кругови се обидуваат да го користат за политички поени. Појавата на овие случаи не е од вчера и пред сè треба да се стават во целосна функција превентивните механизми, бидејќи целта е пред сè да го спречиме насилството врз жените. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈСП заштедило половина милион евра за гориво, Скопје ќе добие новогодишен дочек со македонски изведувачиЈСП годинава остварило заштеда од околу половина милион евра за гориво, и покрај тоа што бројот на автобуси во сообраќај е зголемен за околу 50, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.ЈСП годинава остварило заштеда од околу половина милион евра за гориво, и покрај тоа што бројот на автобуси во сообраќај е зголемен за околу 50, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на вклучување во живо на Фејсбук, во кое разговараше со граѓаните за подготовката на буџетот за следната година. Тој посочи дека кога ја презел функцијата сообраќале 148 автобуси, а денес на линиите има над 200. Заштедата ја поврза со подобрата контрола на потрошувачката преку ГПС-систем и сонди за мерење на горивото. Најави и дека наскоро се очекува пристигнување на 100 нови еколошки автобуси, за кои се подготвува потребната инфраструктура за полнење. Ѓорѓиевски најави и дека Скопје ќе организира дочек на новата 2027 година со програма посветена на македонската музика и домашните изведувачи. Во организацијата повторно ќе помогне Државната лотарија, а новогодишната програма ќе започне околу 15 дена пред 31 декември. Градоначалникот најави дека градот навреме ќе биде украсен за претстојните празници. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
МакедонијаИзвештајот на ЕК пред Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграцииИзвештајот на Европската комисија за земјава денеска ќе се најде пред членовите на на Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции, коишто ќе одржат заедничка седница.Во годишниот извештај е констатиран напредок во спроведувањето на реформската агенда и планот за раст, стопроцентна усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, како и напредок во дигиталната трансформација и науката. Денеска предмет на собраниска расправа е и работната верзија на предлог-законот за организација и работа на органите на државната управа, во организација на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, во рамки на 90. седница. Предложеното законско решение ги опфаќа организациската поставеност, надлежностите и начинот на функционирање на органите на државната управа, како дел од извршната власт.Тагови: ЕК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter