ВМРО-ДПМНЕ: Марин плаќа половина милион евра за парк кој е веќе изграден

Градоначалникот на општина Аеродром Златко Марин плаќа половина милион евра за парк кој е веќе изграден, а нема пари за да ги ослободи родителите од плаќање паушал за градинки.

Денес сме на местото на новиот скандал во чие средиште е градоначалникот Златко Марин. Марин преку општинската каса ќе плати речиси половина милион евра за реконструкција на веќе постоечки парк во време кога огромниот број на граѓани немаат паркови или пак истите се руинирани.

Марин ќе троши половина милион евра пари на граѓаните за прекопување на постоечки парк иако граѓаните бараат сервисирање и решавање реалните проблеми.

Актуелен проблем кој упорно одбива да го реши градоначалникот е ослободување на плаќање на паушали за градинките во услови кога родителите не добиваат услуги за тоа, нивните пари ги троши за скапи паркови на места каде веќе парковите постојат.

Вистинското прашање е дали преку изградбата на паркот од половина милион евра каде веќе постои постоечки парк, не се перат пари на граѓаните на Општина Аеродром?

Зошто на тендерот е избран поскапиот понудувач и каква врска има оваа компанија со Марин ако се знае дека веќе истата ја изработуваше преплатената Боемска улица во Центар?

Златко Марин наместо да решава проблеми тој создава проблеми.

Општина Аеродром ја претвора во пералница на пари.

ВМРО-ДПМНЕ

Поради сообраќајна несреќа, сообраќајот помеѓу Прилеп и Лагово се одвива по стариот пат

 Поради сообраќајна несреќа што се случила патниот правец Прилеп – Битола сообраќајот помеѓу Прилеп и Лагово се одвива по стариот пат, информираат од ЈП Македонија пат.  

Екипите на ова јавно претпријатие се на лице место и работат на расчистување и нормализација на сообраќајот.

Кари се искачи на 30. место на листата на најдобри стрелци на сите времиња во НБА

 Најдобриот кошаркар на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари се искачи на 30. место по бројот на постигнати поени во историјата на НБА.

Триесет и шестгодишниот Американец ноќеска на натпреварот со Њујорк никс постигна 27 поени и сега има 23.360.

Кари го престигна Роберт Периш (23.334 поени) и се искачи на 30,место на вечната листа поентери во најсилната кошаркарска лига на светот.

Најдобар стрелец во историјата на НБА е актуелниот играч на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс со 40.179.

Цане Мирков дарувал крв 75 пати, благодарници за крводарители доделени во Кавадарци

Цане Мирков дарувал крв 75 пати, благодарници за крводарители беа  доделени синоќа во Кавадарци, настанот го реализираше Општинската организација на Црвен крст од овој град. 

Претседателот на Црвен крст Кавадарци, Димитар Каракулев, потсети дека годинава се одбележуваат 79 години од основањето на Црвениот крст на национално ниво.

- Бележиме врвни резултати. На врвот сме по крводарување во државата, минатата година бевме најдобри по проекти изработени од млади, за промоција на хумани вредности, нагласи Каракулев, споменувајќи дека организираат и нега во домашни услови за стари и изнемоштени лица.

Млади волонтери прочитаа свои литературни творби, а пред присутните се обрати и Перо Николов, советник во Советот на Општината. На сите крводарители, тој им упати честитки и им порача да продолжат, покажувајќи ја хуманоста и солидарноста.

притисни ентер