ВМРО-ДПМНЕ: Коларевиќ и Абази го претворија обвинителството во штит на криминалот на СДС и ДУИ - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: Коларевиќ и Абази го претворија обвинителството во штит на криминалот на СДС и ДУИ

Коларевиќ и Абази го претворија обвинителството во штит на криминалот на СДС и ДУИ, политичко влијание и семејни релации ги амнестираа осомничените за случајот „Мазут“ вреден 167 милиони евра.

ВМРО-ДПМНЕ: Коларевиќ и Абази го претворија обвинителството во штит на криминалот на СДС и ДУИ

Случајот „Мазут“ тежок 167 милиони евра е доказ за селективна правда и политичко влијание на СДС и ДУИ врз обвинителството.

За личните интереси на обинителите избрани во Зајас и Струмица од Заев и Ахмети, Коларевиќ и Абази не беа доволни ниту доказите од МВР, не беа доволни ниту извештаите од ДЗР, ниту пак сомнежите за штета врз здравјето на граѓаните и буџетот.

Семејните и личните интереси на обвинителите Коларевиќ и Абази ги амнестираше осомничените блиски до СДС и ДУИ за случајот „Мазут“ вреден 167 милиони евра. Абази и Коларевиќ ја запреа постапката против лица блиски до СДС и ДУИ.

Коларевиќ е со семејни врски со кадри избирани од СДС нејзиниот татко бил избран за државен правобранител во 1998 година, а нејзината мајка за Уставен судија во 2004 година, додека пак Абази е со познати релации со ДУИ и Али Ахмети, со кој е растен во Зајас и се комшии.

Обвинителството е штит за криминалните активности на кадрите од СДС и ДУИ. Наместо правда има амнестија за најголемиот енергетски скандал во Македонија.

Кој и зошто наредил постапката да биде запрена?

Дали постојат финансиски мотиви зад оваа одлука?

Зошто СДС молчи за случајот и не бара одговорност од Васко Ковачевски?

Зошто Советот на јавни обвинители не отвори проверка за постапувањето на обвинителите?

Правдата не смее да биде селективна. Обвинителството мора да работи во интерес на граѓаните, а не да штити политички структури.

Неопходна е целосна и независна истрага за случајот „Мазут“ и одговорност за сите инволвирани.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Црвен аларм во Грција поради шумски пожари

Денес во Атика и неколку други региони во Грција беше издадена црвена тревога за шумски пожари, а властите го кренаа нивото на подготвеност на највисоко ниво.

Црвен аларм во Грција поради шумски пожари

Денес во Атика и други региони на Грција беше издадена црвена тревога за шумски пожари, објави Генералниот секретаријат за цивилна заштита на Министерството за климатска криза и цивилна заштита.

Државниот апарат е ставен во висока оперативна подготвеност поради опасноста од пожари, објави „ERT News“. Црвената тревога за шумски пожари е издадена за регионот Атика, вклучувајќи ја Китера, како и регионалните единици Коринт, Арголис, Аркадија и Лаконија.

Истата тревога е издадена и за регионот Крит и регионалните единици Беотија, Фтиотида и Евија.

Во северниот Егеј, црвената тревога се однесува на регионалните единици Лезбос, Хиос, Самос и Икарија, како и на Кикладите во јужниот Егеј.

Активирањето на црвената тревога за пожар значи дека националниот механизам за цивилна заштита е ставен во целосна мобилизација, со распоредување на потребниот персонал, опрема и ресурси за справување со потенцијални пожари.

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Со нетрпение го чекаме Мицкоски од екскурзија

Брисел е многу популарна дестинација за летување, особено за екскурзии.

СДСМ: Со нетрпение го чекаме Мицкоски од екскурзија

Екскурзија е организирано патување на група луѓе - најчесто ученици или студенти, заради учење, запознавање нови места, култура, историја… или во овој случај, заради одмор и политичко препакување.

Со нетрпение го чекаме враќањето на Христијан Мицкоски.

Одвои осум дена. Остануваат уште седум.

Четири дена Брисел - „стручна екскурзија“.

Таму, како што доликува на сериозна стручна посета, ќе се запознава со фабрики, институции и, секако, со Европската комисија. За да стекне практични знаења за… францускиот предлог.

Ќе почекаме да се врати.

Па сите да научиме дека францускиот предлог воопшто не е лош.

Исто како што од Мицкоски научивме дека НАТО не е лош - напротив, феноменален.

Исто како што од Мицкоски научивме дека Преспанскиот договор е ремек-дело на дипломатијата и многу други убави работи.

Ќе треба само малку повеќе време гласачите на ВМРО да го сфатат тоа.

Затоа што до вчера Мицкоски ги учеше сосема спротивно, додека клечеше и ветуваше само за да дојде на власт.

Единствена трајна последица од тоа патриотско клечење во претходната кампања е што сега го болат колената.

Затоа и го зеле седиштето 11D - да може да ги испружи.

Со нетрпение го чекаме.

Ќе имаме многу да учиме.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Струмица заврши 21. „Астерфест“

Синоќа, со проекција на пет наградени филмa, заврши 21. издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“, коешто се одвиваше под мотото „Со отворени очи“.

Во Струмица заврши 21. „Астерфест“

По свеченото отворање од градоначалникот Петар Јанков, на самиот почеток, лауреатката Синоличка Трпкова ја прими наградата „Астер“ од претседателот на „Астерфест филм фестивал“, читајќи ја беседата „Ода за уметникот“.

Во текот на петдневните чествувања во знакот на филмската уметност, во преполниот Амфитеатар беа прикажани 20-тина кусометражни филмови. Покрај натпреварувачката, имаше и ревијална долгометражна програма во која специјални проекции имаа „Версус: филмовите на Кен Лоуч“ на Луиз Осмонд, „Железна тврдина“ на Митко Панов, „Филм до вжештување“ на Дарко Баиќ и „Жртвопринесување“ на Андреј Тарковски.

Гостите имаа Тивериополска филмска посета на Манастирот во Велјуса, а се одржаа и промоција на филмска литература и авторска средба низ прашања и одговори од публиката.

Жири-комисијата, составена од Теа Китаришвили, Бернард Дичек и Ана Витанова-Рингачева, едногласно одлучи и ги соопшти наградите за најдобрите филмови.

Гран прито за најдобар краток филм го понесе „Неми филмови“ на Крсте Господиновски, во македонско-романска копродукција. Златната потковица му припадна на „Крајолици на човештината“ на Јана Хунтерова, во чешко-македонско-британска копродукција. Сребрената потковица отиде во рацете на данскиот „Душа птица“ на Тобијас Кампан, а со Бронзената потковица се закити Маријам Бакачо Хачвани за грузискиот „Земјата на мажите“. За најдобар режисер со наградата „Ацо Алексов“ беше прогласена Елвира Барбоза за францускиот филм „Франсин, исток-запад“, а наградата за најдобро сценарио „Ѓорги Абаџиев“ отиде кај Бранко Костески за македонскиот краток филм „Остров“. Специјални признанија од жирито добија и јужнокорејскиот „Разденување“ на Хе-о Парк и бугарскиот „Оџачарот“ на Настимир Цачев.

Најголем број гласови од публиката освои канадскиот оскаровец „Девојчето што ронеше бисери“ на Крис Левис и Мациек Шчербовски, а нововостановената награда за најдобра женска улога „Зора Георгиева“ ѝ припадна на британската актерка Софи Томпсон во филмот „Нешто бесмислено“.

Фестивалот продолжува со намерата да го афирмира светскиот авторски филм, но и дела од македонската кинематографија.

Овогодишниот „Астерфест“ беше поддржан од Агенцијата за филм на Македонија и од Општина Струмица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер