Орце Ѓорѓиевски: Кој работи и греши, а ме радува кога најголемиот проблем во Скопје е печатена грешка
2Орце Ѓорѓиевски: Кој работи и греши, а ме радува кога најголемиот проблем во Скопје е печатена грешка
3Влада за состојбата со водоснабдувањето во Гостивар:Од првиот момент сме во постојана координација со сите надлежни институции и внимателно го следи развојот на настаните.
3Волшебен момент од Светското првенство: Англичаните ја прекинаа церемонијата на доделување медали и побараа уште еден бронзен медал
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Кога СДС говори за корупцијата нека почне прво со чистење на својот двор кој е полн со криминалци 65,7 милиони евра за Македонија од Планот за раст за спроведени реформи од Реформската агенда, најмногу од целиот регион, а кога СДС говори за корупцијата нека почне прво со чистење на својот двор кој е полн со криминалци.Лидер во Реформската агенда за Западен Балкан е Македонија. Не Црна Гора која е фронтранер за влез во ЕУ, не Албанија за која исто така се вели дека е фронтранер, не Србија, Босна и Херцеговина или Косово. Македонија. Од 4 извештаи за Реформската агенда, Македонија 3 пати е на првото место во исполнување на реформите. Последен доказ за тоа се доделените 65,7 милиони евра за Македонија од Европската комисија за остварување на реформите. Ако не правите реформи нема да има пари. Со тоа што имаме најмногу добиено од цел регион, тезата на СДС пропаѓа во вода. А токму тоа им смета на СДС, кои не знаат како да се однесуваат кога некој во државата работи во интерес на граѓаните. Тие се навикнати на неработа, на крадење и на местење тендери, договори и анекси. Кога говорат за корупцијата и криминалот, ги посочуваме да погледнат во својот двор. Имаат човек во Извршниот одбор кој е осуден на 8 месеци затвор, Филип Андов – Сокол. Поранешен потпретседател на СДС и дете на Заев, Стефан Богоев фатен со мито за местење тендер. Поранешен градоначалник на општина Свети Николе од редовите на СДС, добил кривична пријава за злоупотреба на службената положба. Поранешниот функционер на СДС, Васко Ковачевски, избеган во странство поради криминал. Модуларната болница во Тетово, поради 20% анекс на договор кој го потпишал Филипче се запали и изгореа 14 наши сограѓани. Корупцијата и криминалот е во сржта на СДС. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрогласена епидемија во Гостивар: – над 300 нови пациенти со стомачни тегоби за еден ден18:00Гостивар пред прогласување на епидемија – над 300 нови пациенти со стомачни тегоби за еден ден15:00МЗ: За епидемиолошката состојба на подрачјето на Гостивар13:39Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18
Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05
Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18
АвтомобилизамHonda Super EV: Мал електричен автомобилHonda Super EV: Мал електричен автомобил за голема забава. .На традиционалниот фестивал на брзината „Goodwood“ во Англија, Honda го претстави новиот Super EV – мал електричен градски автомобил инспириран од јапонските „кеи“ (kei) автомобили, но со јасен фокус на уживањето во возењето. Со должина од само 3,6 метри и тежина помала од 1,1 тон, Super EV се движи со помош на електромотор со моќност од 64 коњски сили. Посебната функција „Boost“ привремено ја зголемува моќноста на 95 коњски сили, овозможувајќи му на автомобилот да забрза од 0 до 100 км/ч за приближно 8,8 секунди. Honda вклучи и неколку интересни карактеристики, како што се симулирано менување брзини преку рачки на воланот и вештачки звук на моторот што го засилува спортското чувство. Британскиот автомобилски новинар Мет Вотсон истакна дека Super EV е еден од најзабавните мали електрични автомобили што некогаш ги возел. Што се однесува до практичноста, Super EV располага со батерија од 30 kWh, која нуди автономија до 206 километри според WLTP стандардот. Со максимален капацитет за брзо полнење со еднонасочна струја (DC) од 50 kW, автомобилот е првенствено наменет за градско возење. Нуди багажен простор со капацитет од 210 литри. Продажбата веќе започна во Обединетото Кралство, каде што почетната цена изнесува околу 22.650 евра, додека датумот за лансирање на другите европски пазари останува непознат, пренесува b92.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизЛуксузната вила на разведената двојка Џенифер Лопез и Бен Афлек се уште без купецЛуксузната вила што светските ѕвезди, Џенифер Лопез и Бен Афлек ја купија за време на нивниот брак повторно не успеа да најде купувач, иако, според извештаите на американските медиуми, заинтересирано лице веќе имало уплатено капар. Имотот во Беверли Хилс, кој располага со 12 спални соби и 24 бањи, првично беше понуден за 68 милиони долари; подоцна цената беше намалена на 52 милиони долари, а последната барана цена изнесуваше 49,95 милиони долари. Тоа е значително помалку од 60,85 милиони долари што поранешните сопружници ги платија за овој огромен имот во 2023 година. Џенифер Лопез и Бен Афлек официјално го финализираа својот развод на почетокот на 2025 година, по обновената романса и двегодишниот брак што привлече големо внимание во јавноста. Според извештаите на американските медиуми, Афлек веќе го пренел својот сопственички удел на својата поранешна сопруга, што значи дека приходот од евентуална продажба ќе ѝ припадне нејзе, иако е речиси сигурно дека притоа ќе се претрпи финансиска загуба. Вилата – која меѓу другото располага со базен, терени за кошарка и пиклбол, боксерски ринг, теретана, луксузен пентхаус за гости и паркинг за 80 возила – моментално повторно е повлечена од понудата, па не се знае кога повторно ќе се најде на пазарот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизКејти Холмс има ново момче, девет години помлад од неаСпоред дел од светските медиуми холивудската актерка Кејти Холмс повторно ја пронашла љубовната среќа. Актерката беше забележана на проекцијата на филмот „The Invitation“ во Ист Хемптон во друштво на уметникот од Њујорк, Боби Вутен Трети – иако во првичните извештаи тој погрешно беше идентификуван како Џејсон Бирд Џармоски. Парот пристигна на настанот држејќи се за раце, со што не оставија многу простор за шпекулации околу природата на нивната врска. „Џејсон ѝ шепотеше на уво, а таа се смееше цела вечер. Изгледаа многу опуштено заедно“, изјави извор за списанието „People“. По проекцијата, Кејти Холмс и нејзиниот придружник се упатија на забава во ресторанот „The Boathouse“, каде што продолжија да се дружат со пријателите. Актерката Кејти Холмс е широко позната по бракот со Том Круз – или поточно, по нивниот скандалозен развод. Еден од најпознатите холивудски парови беше во брак само шест години, а веста за нивниот развод во 2012 година многумина ја дочекаа со изненадување. Холмс ретко зборува за својот поранешен сопруг; се шпекулира дека таа поднела барање за развод поради силното влијание што Скиентологијата го имала врз Круз. Според достапните информации, тој во последниве години ниту еднаш не се видел со својата ќерка Сури. Оттогаш, Холмс беше во врска со актерот Џејми Фокс, а се поврзуваше и со музичарот Боби Вутен, наведува списанието „Hello!“.Тагови: кејти холмс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрогласена епидемија во Гостивар: – над 300 нови пациенти со стомачни тегоби за еден ден18:00Гостивар пред прогласување на епидемија – над 300 нови пациенти со стомачни тегоби за еден ден15:00МЗ: За епидемиолошката состојба на подрачјето на Гостивар13:39Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18
Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05
Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18