Манасиевски со аргументи до Кузеска: Вие сте предавници, ние имаме јасен став, измена на Устав под бугарски диктат не може
2Манасиевски со аргументи до Кузеска: Вие сте предавници, ние имаме јасен став, измена на Устав под бугарски диктат не може
3Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од ЕУ
Невиден момент на тениски меч: Французин сервираше, па наеднаш си замина- противникот шокиран (ВИДЕО)
Со куршум во главата е убиен бугарски милионер и претседател на фудбалскиот клуб „Ботев“ – Пловдив (ВИДЕО)
1Невиден момент на тениски меч: Французин сервираше, па наеднаш си замина- противникот шокиран (ВИДЕО)
2Со куршум во главата е убиен бугарски милионер и претседател на фудбалскиот клуб „Ботев“ – Пловдив (ВИДЕО)
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: ЈО по допрен глас да отвори случај за молкот на Филипче за загадената вода во Гостивар додека беше министерВМРО-ДПМНЕ го повикува Јавното обвинителство по допрен глас да отвори предмет и да го истражи непостапувањето на Венко Филипче додека бил министер за здравство, во врска со анализите за квалитетот на водата, како во Гостивар, така и низ државата.Документите и информациите доставени од свиркачи укажуваат дека биле направени околу 400 анализи за квалитетот на водата, кои ја покажале неисправна за пиење. Токму затоа, се поставува прашањето дали и зошто надлежните институции, предводени од тогашната власт на СДС, не презеле соодветни мерки. Граѓаните имаат право да знаат зошто не биле навремено информирани доколку водата не била безбедна, зошто проблемот со години не бил решаван и дали Филипче бил запознаен со извештаите, а сепак не постапил. Затоа бараме Јавното обвинителство да ги провери сите анализи и документи, да утврди кој знаел и кој не постапувал и, доколку постои одговорност, таа да биде санкционирана. Никој не смее да биде заштитен поради политичка припадност или функција. Граѓаните заслужуваат одговори, одговорност, вистина и правда. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаРусија изврши досега најголем напад врз украинската енергетска мрежа (ВИДЕО)Русија го изврши најголемиот напад врз енергетската инфраструктура на Украина од пролетта, а главните цели беа Киев и неговата околина, потврди украинскиот премиер Сергеј Корецки. Во ноќните напади низ целата земја, најмалку шест лица беа убиени, а 33 беа ранети, вклучувајќи и едно дете во регионот на Киев, објавија локалните власти. Нападите влијаеја и на снабдувањето со електрична енергија. Најголемата приватна енергетска компанија во Украина, ДТЕК, објави дека по „тешка ноќ“ за главниот град, електричната енергија е вратена во 8.000 домаќинства. Руското Министерство за одбрана објави дека една од целите била термоцентралата Трипилска, најголемиот снабдувач со електрична енергија за Киев. Украинските власти сè уште не ја потврдиле оваа информација. 🤬 A moment of one of strikes on TPP-5 in Kyiv, according to local channels. Due to the shelling, there are already power outages in the capital and the surrounding region. And the attack isn't over yet. A new group of about 10 drones is flying toward Kyiv and the surrounding region. — MAKS 26 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) September 30, 2026 Прв голем напад од пролетта Во објава на Телеграм, украинскиот премиер напиша дека практично не поминал ниту еден ден од летото без напад врз енергетската мрежа. „Сепак, масовен и комбиниран напад од ваков обем се случи за прв пат од крајот на минатата грејна сезона“, додаде Корецки. Украина очекуваше нова продолжена руска кампања на напади врз енергетската мрежа, која се повторува секоја зима од почетокот на инвазијата во 2022 година. Корецки изјави дека вкупно 11 региони биле нападнати во текот на ноќта, а цел биле и станбени згради, социјална инфраструктура, цивилни компании и железница. Kiev is shrouded in smog and smoke after a night of Russian attacks. The State Emergency Service has asked people to keep their windows closed and for drivers to exercise caution on roads. https://t.co/nbqcZN6LVC — DD Geopolitics (@DD_Geopolitics) September 30, 2026 Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека клучната инфраструктура во регионите Житомир, Николаев, Кировоград и Ривно е погодена. Министерството за енергетика објави дека во среда некои домаќинства во регионите Киев, Дњепропетровск, Донецк, Суми и Харков сè уште немаат електрична енергија. Државниот оператор на електричната мрежа Укренерго им советуваше на граѓаните да не користат моќни електрични апарати помеѓу 10:00 и 16:00 часот по локално време, бидејќи снабдувањето е намалено. Ситуацијата во Киев Жителите на Киев се разбудија со град обвиен во густ, остар чад по ноќта на експлозии. Заканата од воздух сè уште беше на сила, а низ маглата можеше да се чуе далечно противвоздушно пукање. На граѓаните во неколку населби им беше советувано да ги затворат прозорците додека не се расчисти чадот. Гувернерот на Киевската област, Тимур Ткаченко, рече дека меѓу загинатите е и дете чие тело е пронајдено во урнатините на куќата. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, потврди дека три лица загинале во главниот град, вклучувајќи и работник во комунална компанија кој починал во магацин. Не е јасно дали во тој број е вклучено и едно дете. Гувернерот Олех Хрихоров пријави два смртни случаи во североисточниот Сумски регион, а вршителот на должноста гувернер Георгиј Решетилов потврди една жртва во Николаевската област. Рускиот претседател Владимир Путин започна инвазија на Украина во 2022 година. Москва моментално контролира околу 20 проценти од територијата на Украина.Тагови: русија енергетска мрежа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски со аргументи до Кузеска: Вие сте предавници, ние имаме јасен став, измена на Устав под бугарски диктат не може На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистина“ гостуваше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски кој се осврна на актуелните случувања поврзани со уставните измени и односите со Бугарија.На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистина“ гостуваше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски кој се осврна на актуелните случувања поврзани со уставните измени и односите со Бугарија и порача дека ВМРО-ДПМНЕ е против уставни измени под бугарски диктат. „Мора јасно да знаеме од каде започна оваа ситуација, уставните измени апсолутно сме против само заради тоа што се под бугарски диктат. Не може да велите пред Европската Унија, да прифаќате некои договори кои не ни биле барани можеби од вас, а тоа е да речеме Бугарите во Устав, ги пренесувате како предлог, ги прифаќате, а немате механизми како да ги донесете во Собранието. Без ВМРО-ДПМНЕ, уставни измени нема да се случат. Уставни измени под диктат на Бугарија нема да дозволиме“, рече Манасиевски и додаде: „Зошто ги прифативте уставните измени а немавте механизми како да ги донесете во 2022 година? Зошто сте го дале тој услов? Дали гарантиравте дека со промената на уставното име Македонија ќе беше дел од Европската Унија и НАТО? Зошто 8 години потоа ние не сме дел од Европската Унија? Тоа прашање треба да го одговорите“. Манасиевски посочи дека постои суштинска разлика меѓу политиките на претходната и актуелната власт, при што ја обвини поранешната власт за низа одлуки и договори кои не биле во интерес на државата, при што ги потенцираше уставните измени и потребата од гаранции за непречено продолжување на европскиот пат. „Апсолутно има многу голема разлика од вашето владеење до владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, вашето владеење беше поданичко, расипничко кое само интересите беа на Димитар Ковачевски, Зоран Заев, Венко Филипче, наспроти тоа денес имаме државничка политика која е чесна, одговорна, транспарентна и работи сите тие лоши договори што ги прифативте, денеска да ги промениме и да имаме една јасна слика како да станеме дел од Европската Унија. Доколку утре ги спроведеме уставните измени, како имаме сигурност дека Бугарија утре ден може да ни стави вето на било која друга тема, мора да имаме ние некакви гаранции дека тоа ќе ни го предвиди патот кон Европската Унија“, посочи Манасиевски. На крај Манасиевски истакна дека државата треба да води исправна и самостојна политика, наместо да се прифаќа сè што ќе биде побарано од неа и се осврна на ставовите на Бугарија со што предупреди дека со евентуалното спроведување на уставните измени би можеле да следуваат и нови барања. „Мора да водиме политика којашто е исправна а не поданичка и да прифаќаме се што некој друг ќе побара од нас, ако ги спроведеме уставните измени потоа Бугарите ќе бараат многу повеќе од нас, вие знаете кој е ставот на Бугарите за нас, дека ние сме од 1944 година, дека јазикот е бугарски, дека е дијалект на бугарскиот, дека ние како Македонци не постоиме како нација“, дециден е Манасиевски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од ЕУЗаменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски е во дводневна работна посета во Брисел, каде ќе земе учество на официјални средби организирани од Европската Комисија.На средбите ќе се разговара за актуелните економски и политички прашања, реализацијата на инфраструктурните проекти, Планот за раст и процесот на интеграција и проширување на Европската Унија. “ Овие два дена сум во посета на Брисел, на средби со претставници на Европската Kомисија, каде ќе разговараме за актуелните економски, инфраструктурни политики во државата, како и за процесот на интеграција и на проширување на Европската Унија и секако за Планот за раст каде што Македонија бележи огромни резултати, каде што Македонија е лидер во регионот. Она што е особено значајно и на што сум особено горд е дека на покана на „Пријатели на Европа“, вечерва ќе бидам дел од главната сесија на којашто ќе учествуваат околу 200 лидери од Европа. Тука се пет комесари, претставници на Европската Комисија, преку 20 европратеници, премиери на држави, вицепремиери, министри, претставници на бизнис секторот, каде што ќе зборуваме за иднината на Европа и што е она што ја определува иднината на Европа и на Европската Унија и на поширокиот европски континент”- изјави Николоски. Во текот на утрешниот ден, вицепремиерот Николоски ќе се обрати на Самитот посветен на транспротните коридори, каде со високи преставници на ЕУ и европските финансиски институции ќе се разговара за развојот на коридорите. “ Утре исто така ќе бидам дел од транспортниот самит каде што заедно со генералниот директор на Европската инвестициска банка, Роберт де Грот, банка којашто инвестира многу во Македонија, од којашто добивме 150 милиони евра грант за изградба на железницата на Коридорот 8 кон Бугарија, ќе зборуваме за големите инфраструктурни проекти коишто ги има Македонија и тоа ќе е вовед во посетата на претседателката на Европската Комисија, којашто во петок доаѓа во Скопје. Исто така, на утрешната сесија на „Пријатели на Европа“ ќе зборуваме за процесот на проширување во друштво на вицепремиерот на Украина, понатаму вицепремиерот на Молдавија, претставници од регионот, каде разговараме за процесот на проширување и за она што е потребно да се направи за процесот на проширување. Секако тука е многу важно земјите членки на Европската Унија да сфатат дека не смеат да ги блокираат земјите кандидати. Тука се надевам дека ќе има мудрост кај Бугарија и дека Бугарија ќе направи чекор напред и дека ние ќе ги почнеме преговорите за членство во Европската Унија. Овие се ретки моменти каде што се добива можност директно да се комуницира на формален и на неформален начин со оние коишто ги носат одлуките во Европската Унија и затоа сите ќе продолжиме да се бориме за Македонија” – истакна заменик претседателот Николоски. Министерство за транспорт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11