ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да покрене постапка за Филипче - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да покрене постапка за Филипче

Зачудува заштитничкиот однос на Јавното обвинителство кон претседателот на СДС, Венко Филипче.

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да покрене постапка за Филипче

Како да постои само да го заштити Филипче, да не биде гонет за разните корупциски скандали и криминални афери од кои дебело профитирал.

Венко Филипче добил луксузен џип, вреден 130.000 евра од фирма добитник на тендери во време кога СДС беше на власт, а обвинителството молчи и не отвора случај.

Посебно симптоматичен е молкот на обвинителство за луксузниот џип на Филипче, имајќи го во предвид фактот дека за ист ваков случај отворило предмет за поранешниот директор на СОЗР кадар на СДС, Пеце Мирчевски кој добил автомобил од фирма добитник на тендери.

Која е разликата меѓу Мирчевски кој е процесуиран од обвинителството и за случајот од судот му бил определен 30 дневен притвор, и Филипче за кого обвинителството се прави и глуво и слепо за ист таков случај.

Или пак привилегијата на Венко Филипче е што е претседател на СДС, а Мирчевски обичен директор од СДС, кој треба да оди курбан, што кај нив е нормална работа, за Филипче да се спаси од прогон.

Крајно време е, по разните корупциски скандали и криминални афери, Јавното обвинителство да покрене постапка за претседателот на СДС, Венко Филипче.

Ако обвинителството не го процесуира и не го истражи случајот за луксузниот џип на Филипче, ќе потврди дека е во служба на негова одбрана и заштита и дека работи под диктат на СДС.

Но едно е сигурно, ЈО и да отвори и да не отвори постапка за Венко Филипче, тој веќе нема легитимитет, народот јасно гледа дека тој главен учесник и во криминалните афери како Онкологија и модуларната и дека е заштитен.

А, тоа ќе биде мотив уште повеќе да го казни на избори.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Почнува изградбата на интерконекторот со Грција, ќе го гради кумановската „Рапид билд“

Во близина на Неготино денеска ќе почне изградбата на гасниот интерконектор со Грција кој од македонска страна ќе го гради кумановската компанија „Рапид Билд“ со која во мај беше потпишан договор. 

Почнува изградбата на интерконекторот со Грција, ќе го гради кумановската „Рапид билд“

На настанот, што е во организација на државната компанија која управува со националната гасоводна мрежа НОМАГАС, најавено е присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерката за енергетика Сања Божиновска, првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и други владини претставници и меѓународни партнери.

Компанијата „Рапид Билд“ понуди најниска цена од 59,9 милиони евра, што беше за 12 милиони евра пониска од второрангираната понуда на фирма од Србија.

Министерката за енергетика, во мај кога се потпишуваше договорот, изјави дека очекувањата се изградбата да трае 22 месеца, а интерконекторот да биде готов во 2027 година.

Вкупната инвестиција е околу 60 милиони евра. Македонскиот дел од интерконекторот е во должина од 67 километри и е протега од Гевгелија до Неготино. Од грчка страна интерконекторот е со должина од 123 километри и тој е речиси готов.

Гасното поврзување со Грција ќе и овозможи на земјава да има повеќе извори на природен гас затоа што во моментот единствената врска за природен гас е преку Бугарија.

Активни седум пожари, два локализирани, ЦУК регистрирал вкупно 31 пожар на отворен простор

Центарот за управување со кризи утринава информира дека заклучно до седум часот на територија на цела држава активни се седум пожари, а два се локализирани. 

Активни седум пожари, два локализирани, ЦУК регистрирал вкупно 31 пожар на отворен простор

Според информациите на ЦУК, имало вкупно 31 пожар на отворен простор од кои 22 се изгаснати.

Активни остануваат пожарите кај селото Самоков и помеѓу селата Црешнево, Локвица и Слатин во општина Македонски Брод, потоа меѓу селата Блаце и Чучер во општина Чучер Сандево, кај селото Љубанци во општина Бутел, кај селото Николич во општина Дојран, како и пожарите под Солунска глава меѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина дупка и селото Крушевица во општина Кавадарци.

Локализирани се пожарите кај селото Рамне во општина Македонски Брод и кај Градската депонија во општина Делчево.

Трамп планира нови царини за фармацевтските производи до 200 проценти

 Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека размислува за воведување на дополнителни царини од 200 отсто на увоз на фармацевтски производи и 50 проценти на увозот на бакар.

Трамп планира нови царини за фармацевтските производи до 200 проценти

- Наскоро ќе објавиме нешто за фармацевтските производи. Ќе им дадеме на луѓето една година, една и пол година да дојдат тука, а потоа ќе имаат царини, посочи Трамп.

Тој веќе воведе царини од 50 проценти за увоз на челик и алуминиум, во обид да ја поттикне реиндустријализацијата на САД.

Трамп вчера наведе дека од 1 август ќе стапат дополнителни царини за десетици земји кои имаат трговски суфицит со САД и оти повеќе нема да има одложување на мерката.

притисни ентер