ВМРО-ДПМНЕ: Државата меѓу последните ќе набавува вакцини против корона

Поради неспособните Филипче и Заев, државата меѓу последните ќе набавува вакцини против корона, што ќе значи повеќе загубени животи

Додека сите земји се борат за итна и неодложна набавка на анти корона вакцини, неспособниот Филипче најави дека таквите вакцини би можело да пристигнат дури во март наредната година. Тоа значи изгубено време, а тоа ќе доведе до поголем број загубени животи.

Во соседна Србија првите вакцини пристигнуваат.

Во соседна Бугарија до Нова Година ќе има вакцини.

Во соседна Грција и во Франција вакцинирањето започнува во јануари, додека во Велика Британија веќе тој процес отпочна исто како и во Русија.

Филипче пак последен ќе ја набави вакцината која значи спасување на живот, што значи дека бројката на заразени и починати ќе расте.

Власта целосно потфрли во справување со корона кризата, 1901 граѓанин ги изгубија своите животи како резултат на неспособноста на Заев и Филипче.

Неспособноста, неодговорноста и негрижата на Зоран Заев и Венко Филипче ја носи државата во амбис.

Заев и Филпче го урнисаа македонското здравство и ја разнишаа довербата на граѓаните во здравствените установи.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поскапуваат горивата

Горивата од полноќ поскапуваат од пола до денар и пол. Дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за пола денар, а Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 за денар и пол. 

Според денешната одлука на Регулаторната комисија, од полноќ се зголемува и цената на мазутот за 0,337 денари за литар.

Од полноќ, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 81 денар за литар, а Еуросупер БС-98 по цена од 83 денари за литар. Новата цена на дизелот ќе биде 76 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 75,5 денари за литар.

Пролонгирана исплатата на европски пари за Хрватска

Владата на Хрватска побара одложување на исплатата на 835,6 милиони евра од Механизмот за заздравување и отпорност, бидејќи сè уште не е донесена законската рамка која треба да ја редефинира и подобри работата на државните компании.

Хрватската Влада упати барање за исплата на 20 декември, но по барањето за одложување средствата ќе бидат исплатени во март.

Шестата транша според Механизмот требаше да изнесува 835,6 милиони евра и да послужи за исполнување на 26-те фази и реформски цели предвидени во Националниот план за закрепнување и отпорност. Хрватска досега повлече речиси 63 отсто од средствата од грантот, а вкупната сума се планира да биде 10 милијарди евра. Ова финансирање трае до 2026 година.

Нема причина за загриженост. И други земји-членки, исто така, претходно побараа одложувања. Владата има доволно време да ја усвои законската рамка во грејс периодот. Нацрт-правната рамка е на консултација со јавноста и очекуваме да биде усвоена до март, изјавија претставници на Европската комисија

Австралискиот новинар Тони Џонс јавно им се извини на Ѓоковиќ и српските фанови

Австралискиот новинар Тони Џонс им се извини на Новак Ѓоковиќ и на фановите на Србинот за коментарите што ги даде на телевизија во петокот, а кои десеткратниот шампион на Австралија опен ги оцени како „навредливи“.

Ѓоковиќ одби да го даде своето вообичаено интервју на теренот по неговата победа во четвртото коло над Чехот Јиржи Лехечка во неделата, чекајќи јавно извинување од Џонс и официјалниот преносител на турнирот во Мелбурн, „Канал 9“.

Џонс се потсмеваше на Ѓоковиќ и српските навивачи кои се собраа пред кабината за пренос на „Канал 9“, велејќи дека 24-кратниот Гренд слем шампион е „преценет“ и „минато“.

Во денешното интервју за каналот, Џонс рече дека коментарите ги смета за „шега“ и веднаш му се извини на „штабот на Ѓоковиќ“ откако сфати дека тие не се прифатени со смисла за хумор.

-Се извинувам на Новак и на српските навивачи. Ние изградивме добри односи со српските навивачи со текот на годините... имаше мајтапење и мислев дека тоа што го правам е продолжение на тие шеги. Сосема е јасно дека ова не беше така протолкувано. Се чувствувам како да ги разочарав српските навивачи, прокоментира новинарот.

Џонс рече дека единствениот коментар за кој особено зажалил е „избркајте го“, што тој прифатил дека може да се толкува како упатување на депортацијата на Ѓоковиќ од Австралија затоа што не бил вакциниран против КОВИД-19 на почетокот на 2022 година.

-Тоа го налути Новак, што сега целосно го разбирам. Тоа беше непријатна ситуација, додаде тој.

Седмиот носител Ѓоковиќ во вторник во четвртфиналето игра против светскиот рекет број 3, Карлос Алкараз.

притисни ентер