Скопје одржа свечена празнична поворка по повод празникот на Лазаревото Воскресение

Сите случајни минувачи со воодушевување и се приклучуваа на поворката.

Голем број деца, заедно со своите родители ја започнаа својата музичка обиколка од Плоштад „Македонија“, продолжувајќи кон Градскиот Трговски Центар па се до Diamond Mall. Со пеење, свирење на традиционални инструменти и весели гранчиња во рацете, ги ослободија срцата на секој случаен минувач.

Ова музичко патување, воедно и вистинско празнично изкуство, не само што означи почетокот на Воскресението Христово, туку ги исполни сите со радост и веселие, истакнувајќи го духот на православните празници.

Пеењето на најрадосните каланди, што се одржа во Скопје, Кичево и Реканскиот крај, во најсоодветен дух го најави најголемиот православен празник - Воскресението Христово.

Продолжува одливот на медицински сестри од јавното здравство

И по 40 медицински сестри месечно барале исписници од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри – „За нас“.

Најголем дел од нив заминувале на работа во европските земји. Претседателката на здружението Бешлиовска вели дека секоја власт мора да направи регистар за бројот на медицински сестри нивното признавње и потребата на секој оддел во болниците.

Веруваат дека она што било ветено од страна на идната влада ќе се исполни и медицинските сестри ќе бидат соодветно платени и задржани на нивните работни места.

Мотото оваа година во неделата на сестринството, е „Инвестицијата во образованието на сестрите е инвестиција во здрава нација“.

Израснатата трева во дворот на владата „ги скара“ Џафери и Арсовска

Дворот и околината на зградата на македонската Влада која е еден од најважните објекти во земјава и претставува симбол на државноста е целосно запуштен и со обрасната трева висока над еден метар.

Oва е сликата која ја гледаат сите оние кои минуваат пред најважниот државен објект. Проблемот со требата стигна и до највисоките ешалони на власта кој ја префрлаат одговорноста.

Запрашан за ова Техничкиот премиер Талат Џафери кажа дека тоа било обврска на градот Скопје, бидејки според прописите земјиштето било во негова сопственост и надлежност.

-Според договореното и обврските, ‘Паркови и зеленило’ како јавно претпријатие што се грижи за изгледот на градот е надлежно и за оваа работа. Владата ниту има предвидено средства ниту, пак, може да предвиди средства за работи што се надлежност на друга институција. Во овој контекст, јас жалам што изгледа вака, но, секако, и на изборите соодветен одговор доби и градоначалничката на градот Скопје во однос на изборниот резултат. - Талат Џафери- технички премиер.

Со ова не се согласува градончалнмичката. Во рекација на фејсбук кажа дека од Владата воопшто не склучиле договор со со ЈП „Паркови и зеленило“ за да се одржува дворот на Владата. Во реакцијата таа објаснува и дека јавното претпријатие ги одржува градските булевари и паркови површини кои се надлежност на претпријатието согласно Закон.

- Талат Џафери ако до сега не знае дека сам треба да си го уреди сопствениот двор, таа лекција ни денес нема да ја научи сигурно. Од ВД премиерот од Форино, што кога излегува од дома до Влада ги гаси попатно сите семафори и прави хаос низ градот, не е ни очекувано дека би требало да знае што е негова обврска, тој само знае какви бенефиции може да искористува. “- стои во реакцијата на Арсовска.

Но, неискосената трева не ја сокрива целаснота запустеност на доворот и платото на Владата, за кое што канал 5 снимаше повеќе репортажи изминатата година. Меѓу другото во катастрофална состојба се и жардињерите, фасадата, патетеките, оградата на објектот..

Дали некогаш ќе се дознаат мотивите за „Диво насеље“?

Девет години по Диво насеље, се уште не се знае кои се вистинските мотиви за вооружениот напад, ниту пак кои се нарачателите на истиот.

Девет години по Диво насеље, се уште не се знае кои се вистинските мотиви за вооружениот напад, ниту пак кои се нарачателите на истиот, иако во првичните разговори со лицата, кои претходно се предале на полицијата, било посочено дека цели на групата биле напади на државни и цивилни цели.

Екс полицискиот генерал, Стојанче Ангелов кој во моментов е на безбедноста конференција во Вашинготн, за Канал 5 вели дека МВР имало доволно време да ги расветли мотивите за нападот во кој настрадаа осуммина припадници на полицијата.

„Делото од кривично правен аспект е расветлено, терористите се осудени на долгогодишни казни затвор но остана во воздух да лебди неодговорено прашањето околу инспираторите затоа што до ден денес немаме одговор кои беа инспиратори на овој крвав настан.- - Стојанче Ангелов .

Дали можеме да бидеме сигурни дека Диво насеље веќе никогаш нема да се повтори? Изборната камапња ги погреа тензиите, но Ангелов смета дека како држава институционално може да се справиме со било какви закани, иако, вели, периодот до формирање на новата влада е ранлив.

-Во секое предизборие во државата се засилува националистичка реторика, тоа можевме да го слушнеме од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, но мислам дека со завршување на изборите ваквата реторика ќе биде смирена, единствена опасност постои доколку ДУИ, која очигледно ќе остане во опозиција, се обиде повторно да игра на карта на национализам, разгорувајќи ја меѓуетничката нетрпеливост со закани по безбедноста за државата и граѓаните,- - Стојанче Ангелов.

Во борбата против вооружената група што упадна од Косово осум припадници на македонската полиција загинаа а 42 беа ранети. Загинаа осумина и од терористите, а останатите над 30 издржуваат долгодишни казни затвор.

притисни ентер