МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Доказ за безидејноста и конфузијата која владее во СДС е денешната прес-конференција на Венко ФилипчеДенешната прес-конференција на Венко Филипче е доказ за конфузијата и хаосот кој владее во СДС.Веројатно ниту Венко Филипче не знае зошто држеше прес со милион теми а ништо конкретно и суштински. СДС е во паника и хаос поради стравот од избори и нивен пораз затоа го блокираат Изборниот законик обединети со ЛЕВИЦА И ДУИ. Венко Филипче зборува за реформи а не може ниту сопствената партија да ја реформира. Ако Венко сега бара експертска група за Изборен законик зошто преговараше за истиот 4 месеци во Собранието. Како сега се сети дека му требаат експерти. Филипче е контрадикторен, од една страна вели треба во ЕУ час поскоро, а го кочи новиот Изборен законик кој е директива од ЕУ. Филипче нема ниту визија, ниту план за сопствената партија а уште помалку за државата, доказ за безидејноста и конфузијата која владее во СДС е денешната прес-конференција на Венко Филипче. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканТриесет и една година по геноцидот во Сребреница - уште десет жртви погребани во поточари Со погребување на посмртните останки на уште десет жртви, во меморијалниот центар Сребреница – Поточари се одбележа 31-годишнината од геноцидот во 1995-та година.Меѓу нив е и најмладата жртва, Сенад Јусиќ, кој имал само 20 години кога бил убиен. Со денешната погребна церемонија, бројот на жртвите погребани во меморијалниот центар поточари ќе достигне 6.772. Од институтот за исчезнати лица на Босна и Херцеговина информираат дека сè уште се трага по околу 900 лица кои се водат како исчезнати. Податоците покажуваат дека во јули 1995 година, силите на војската на Република српска, под команда на Ратко Младиќ, убиле повеќе од 8.000 бошњачки мажи и момчиња. Генералното собрание на Обединетите нации пред две години го прогласи 11 јули за меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница, осудувајќи го негирањето на геноцидот и глорификацијата на воените злосторници.Тагови: Сребреница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишени од слобода 12 лица, кај нив при преглед е пронајдена дрогаЛишени од слобода 12 лица во Скопје, на Граничниот премин Табановце, Прилеп, Неготино и Дебар, кај нив при преглед е пронајдена дрогаНа 10/11.07.2026 во Скопје, на различни локации полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Г.С.(43), Т.Б.(28), Ч.З.(52), А.Н.(22) сите од Скопје В.С.(26), од Прилеп, К.С.(29) од Куманово и В.Т.(49) од Р.Србија затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и кафеава прашкаста материја. На 10.07.2026 во 14:45 часот на Граничниот премин Табановце на влез во државата полициски службеници го лишија од слобода М.С.(21) од Р.Швајцарија затоа што при извршен преглед на возило „ленд ровер“ со швајцарски национални ознаки во кое тој бил сопатник во неговиот ранец била пронајдена и одземена марихуана. Известен бил јавен обвинител и истиот бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. На 10.07.2026 во 22:30 часот на ул„Александар Македонски" во Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Л.К.(23) од Прилеп бидејќи при преглед кај истиот била пронајдена прашкаста материја. На 11.07.2026 во 01:00 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Б.М.(25) од Неготино, затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. На 10.07.2026 во 19:20 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода В.Ч.(27) од Неготино. При преглед, тој проголтал бела грутчеста материја и по кратко исфрлил од устата дел од неа, по што бил пренесен во Итна медицинска помош Неготино за укажување лекарска помош. Известен бил јавен обвинител. На 10.07.2026 во 19:15 часот, во ОВР Дебар приведен е В.К.(26) од Дебар. При контрола, полициските службеници го затекнале во моторно возило „голф“ со дебарски регистарски ознаки и притоа кај него пронашле марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаШтерјова: Во Чаир законите не важат – со амин на ВМРО, ВЛЕН без Бадентер менува имиња на улициВажат ли законите во општина Чаир? Очигледно не!Се уште не се решени огромните скандали со дивоградбите, досега никој не одговараше. Коалициските партнери ВМРО и ВЛЕН се штитат меѓусебно. Последниот скандал е со амин на ВРМО, нивниот коалицискиот партнер ВЛЕН, во Советот на Општина Чаир ги промени имињата на две улици без Бадентерово мнозинство. Грубо е прекршен механизмот за една од клучните гаранции на Охридскиот договор за носење одлуки за прашања што ги засегаат меѓуетничките односи, во овој случај Македонците. Улиците се именувани по припадници на УЧК. Носење на вакви одлуки може да создаде меѓутнички тензии и да ја поткопа довербата кај граѓаните – Македонци. Очигледно коалицијата на власт намерно сака да создаде меѓуетнички тензии во општина која важи за толерантна и каде луѓето се почитуваат меѓу. Само за да ги покријат своите скандали. Лажниот патриотизам на ВМРО се гледа насекаде и создава проблеми на секое ниво. Се е лага кај ВМРО. Со лаги и манипулации дојдоа на власт, така и владеат. Ги штитат своите функционери и нивните коалициски партнери од одговорност за дивоградбите а ги газат механизмите што ја штитат државата и меѓуетничките односи. Граѓаните веќе јасно гледаат дека за ВМРО и ВЛЕН законите не важат, ги интересораат само бизнисите, тендери и привилегиите. СДСМ бара повлекување на оваа незаконска одлука веднаш. Законот мора да важи за секого и насекаде. Кети Штерјова-Советничка од СДСМ во Советот на Град Скопје Тагови: Кети Штерјова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26Мицкоски во посета на Општина Охрид09:47Ќе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38Продолжува амандманската расправа за ребалнасот на буџетот09:28
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38