„SpaceX“ ќе испрати милион сателити за вештачка интелигенција во вселената – Научниците се вознемирени
1„SpaceX“ ќе испрати милион сателити за вештачка интелигенција во вселената – Научниците се вознемирени
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Чудно е што СДС и ДУИ се против обвинителите кои сами ги поставијаЧудно е што СДС и ДУИ се против обвинителите кои сами ги поставија и поради кои судството и обвинителството има сега под 2 посто доверба.Исто така нелогично е што СДС и ДУИ сега се бунтуваат против истрагата, а на позиции во ОЈО се Гаврил Бубевски, Љупчо Коцевски и Ислам Абази, од прв до последен кадри на СДСМ и ДУИ. Воедно како СДС и ДУИ немаше желба за анкетна комисија за модуларната болница, за несреќата во Ласкарци, за Беса транс и Дурмо Турс, за тендерите на Стабри и профитерството на Венко Филипче. Ние сме да има истрага за сето ова, наместо од несреќата да пробуваат да печалат политички поени, се наведува во апртиската реакција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНови униформи, боди-камери и апликација за сејф-сити: Што најави министерот Тошковски?„Нема да има веќе не видов или не беше така“, секој полицаец во земјава идното лето ќе добие „Боди – камера“ која исто така ќе ја утврдува состојбата на терен, особено при пријави на семејно насилство, најави министерот за внатрешни работи .„Нема да има веќе не видов или не беше така“, секој полицаец во земјава идното лето ќе добие „Боди – камера“ која исто така ќе ја утврдува состојбата на терен, особено при пријави на семејно насилство, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој во вчерашното „Само Интервју“ кажа дека камерите ќе имаат директна видео-врска со команден центар и ќе доведат до попрофесионална полција, а и поради ова, очекува МВР да се прочисти од оние кои ги заобиколуваат процедурите и законите. -Боди-камера, која што не е обична боди-камера, туку е боди-камера која покрај другото може да преведе и на повеќе од 40 јазици во живо, може да испрати видео-сигнал до команден центар, може врз основа на вештачка интелигенција да утврди одредени факти кои што така едноставно не можат да бидат утврдени и се она што ќе се утврди како фактичка состојба, а при овие констатирања и повици за семејно насилство особено ќе бидат должни да ја имаат боди-камерата на себе,- - Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи. Наскоро видео-повик со ЦУК и МВР при пријавување ќе можат да остварат и жртвите додека насилникот ги тепа или малтретира во моментот, запис кој како и кај боди камерите на полицајците, ќе се користи како доказ на суд. -Жртва како што може сега да се јави и гласовно да комуницира со МВР преку ЦУК, така во идинина ќе може да оствари видео-повик со ЦУК и со МВР, кој што видео повик во рамки на доказите кои што ќе бидат евидентирани, ќе можат да се користат во рамки на судска постапка,- - Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи. До крајот на годината полицајците ќе добијат и нови униформи, налик на австриските, кажа министерот, а како новина ја најави и апликацијата за Сејф – Сити која граѓаните ќе можат да си ја преземат на своите мобилни телефони, преку која, меѓудругото, ќе можат да си ги плаќаат и казните. Наскоро системот ќе може да регистрира и несоодветно паркирање, кое особено ќе се „лови“ на булеварите. Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
МакедонијаРасчистено убиството кај Смилковско езеро во Скопје, уапсен 38-годишен скопјанецЕкспресно, за само пет дена, полицијата го расчисти убиството на 38-годишниот маж кај Смилковското Езеро во Скопје. Вчера бил уапсен 38-годишниот Б.Ј. од Скопје, против кого денеска Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава по брза постапка за убиство. Како што информираат од МВР, до осомничениот полициските инспектори дошле по серија оперативни сознанија , а тој во службениот разговор со полицијата го појаснил и начинот на извршување на кривичното дело. -Вчерта по преземени оперативно тактички мерки на полициски службеници на единицата за насилен кримнал лишен од слобода е Б.Ј. од Скопје поради сторено дело убиство. Лицето е лишето од слобода по претходна пријава на 21 ноември кога поретходна пријав а во СВР Скопје на кога случаен минувач на скопската обиколница „Мајка Тереза“, во близина на селото Смилковци забележал безживотно тело на маж. По извршениот полициски увид било утврдено дека станува збор за 38-годишниот Ш.Е. од скопското село Љубин, на чие тело била констатирана прострелна рана во пределот на ногата,- изјави – Гоце Андреевски, МВР. Инаку, во непосредна близина на телото беше пронајден и автомобил „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кој претходно го управувал починатиот. По целосното документирање на случајот, денеска, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, полицијата поднела кривична пријава по брза постапка против Б.Ј. за кривичното дело „убиство“, велат од мвр. Засега не се знае мотивот за убиството, ниту во каков однос биле осомничениот и убиениот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
МакедонијаТошковски: Имаме индиции за можни инциденти, полицијата е подготвена Сакам да им порачам на сите оние кои што – има некои така некои гласини дека ќе имало обиди за незаконити дејствија во текот на утрешниот ден. Воочи утрешниот ден 28 ноември - одбележувањето на денот на албанското знаме и независноста на Албанија, ден што со години наназад е проследен со прослави и кај нас - министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски откри дека полицијата веќе има индиции и најави за евентуални инциденти, за кои објасни дека доаѓаат од одредени провокации на социјалните мрежи. Тошковски вели дека евентуални прекршувања на јавниот ред и мир се очекуваат во делот на сообраќајот, но посочи и дека полицијата е подготвена. – Сакам да им порачам на сите оние кои што – има некои така некои гласини дека ќе имало обиди за незаконити дејствија во текот на утрешниот ден. Министерството за внатрешни работи ќе биде максимално фокусирано на одржување на безбедноста и редот на државата, така да нема да дозволиме она коешто се случи пред некоја година да имаме доведување во ризик на учесниците во сообраќајот, еве така да речеме, бидејќи не очекувам друг тип на нарушување на јавен ред и мир,- изјави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи. Министерот не откри во кои градови покрај Скопје ќе има засилени полициски сили утре, но посочи дека секој кој ќе сака во Македонија достоинствено да го прослави денот на албанското знаме, истото ќе му биде овозможено. – Па не би навлегувал во детали сега тука, имаше нешто по социјални мрежи, одредени така провокации во насока на нарушување на јавен ред и мир, но спремни се ќе одговориме на сите предизвици и оние коишто ќе си сторат прекршоци ќе си бидат казнети за тоа, а на сите оние коишто ќе си го прослават денот како што доликува ќе им овозможиме услов да си го прослават денот како што доликува,- изјави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи. Најпознат случај со инциденти при прославата на албанското знаме доаѓа од пред две години, кога беа уапсени 18 лица во повеќе градови - неколку лица беа приведени во Скопје поради тоа што го кинеле и палеле македонското државно знаме, додека полицијата истата вечер уапси и две лица од Прилеп, кои го запалиле албанското знаме како реакција на снимките од палењето на македонското знаме во Скопје. Деновиве пред прославата пак се отвори прашањето дали се почитува законот за употреба на знамињата на заедниците – првиот човек на Гостивар објави видео од општината на кое не се гледаше ниту едно македонско знаме, но во одговор за Канал 5 оттаму велат дека сепак на градскиот плоштад го истакнале и државното знаме. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter