Герасимовски: Додека не најдеме законско и прифатливо решение, нацрт-ДУП-от „Барутана“ нема да го ставам на дневен ред на Советот
1Герасимовски: Додека не најдеме законско и прифатливо решение, нацрт-ДУП-от „Барутана“ нема да го ставам на дневен ред на Советот
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Бугарскиот амбасадор Филипче, кој се обиде да се камуфлира во партизан, одработи ли со Заев повторно за Бугарија и Радев во случајот со Ива Михаилова?Бугарскиот амбасадор, Венко Филипче откако дословно ги испромовира и долго време јавно ги застапуваше позициите на Румен Радев, прво Бугари во Устав, па се друго, сака да се камуфлира во партизан.Истиот тој Венко Филипче кој сака да стане партизан и кој заедно со неговиот ментор Зоран Заев, од македонскиот Устав ги избришаа одлуките на АСНОМ. Тоа е истиот Филипче кој сака да облече партизанско руво, и истиот ментор Заев, кои јасно подвлекоа дека во Втората светска војна, бугарските фашисти во Македонија не биле окупатори туку администратори. Партизанскиот дрес на Венко Филипче и маршот во градот херој Прилеп, во очи 11 Октомври е само камуфлажа, откако виде дека македонските граѓани не прифаќаат ново предавство на националните интереси. А од друга страна, додека се случуваше преправањето на Филипче во партизан, зад превезот, очигледно, повторно одработуваше за Румен Радев и Бугарија и во најновиот случај со Ива Михаилова која побегна во соседната земја. Така, доктор кој во периодот на власт на СДС во 2017 година беше директор на Клиниката на неврологија, Иван Барбов, поставен лично од Зоран Заев и Филипче, изготвил медицински извештај на неколку страници во кои јасно се вели дека методата за лекување на пациентот Ива Михаилова ја нема во Македонија, а дека истата ја има во една од соседните земји како што е Република Бугарија. Името, докторот Барбов не е непознат за македонската јавност, тој е правосилно осудено лице за криминалниот случај „Метастаза“, каде тој е еден од обвинетите кој се гонел за посредување во издавањето на инвалидски пензии. Според тогаш објавените информации, Барбов и останатите наплаќале од 1.500 до 4.000 евра за барател, со цел нелегално издавање на инвалидски пензии, каде што за двете години додека дејствувала групата, заработиле 165.000 евра, но и за 53.000 евра го оштетиле Фондот за здравство. Тука се поставува прашањето, дали Венко Филипче со неговиот ментор Зоран Заев, затоа што се уценети од Румен Радев, ургирале кај нивниот криминален другар, доктори и поранешен нивен директор, Барбов да постави дијагноза и да изготви таков извештај во кој јасно укажува дека методата за лекување на Михаилова ја нема во Македонија и дека истата може се направи во соседна Бугарија. СДС, Филипче и Заев има за што да дадат одговори и тоа треба да го направат во најкус можен рок, јавноста очекува одговори. Воедно, очекуваме и истрага по допрен глас за да се испита нашиот и сомнежот на јавноста дека во овој случај, преку нивниот доктор Барбов имаат вмешано прсти Филипче и Заев и дека зад целата операција стојат Радев и бугарската држава. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Додека не најдеме законско и прифатливо решение, нацрт-ДУП-от „Барутана“ нема да го ставам на дневен ред на СоветотГрадоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на денешниот брифинг со новинарите истакна дека нацрт-ДУП-от „Барутана“ нема да биде ставен на дневен ред на Советот.Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на денешниот брифинг со новинарите истакна дека нацрт-ДУП-от „Барутана“ нема да биде ставен на дневен ред на Советот сè додека не се најде законски издржано и прифатливо решение за сите отворени прашања, особено за стабилноста на теренот и пристапната сообраќајница. „Мојот став е јасен. Сè додека не најдеме законско и прифатливо решение за сите отворени прашања, јас како градоначалник нема да предложам овој нацрт-ДУП да биде ставен на дневен ред на Советот. За Водно мора да бидеме особено внимателни. Не е доволно само да се исполнат формалните процедури, туку мора да бидеме сигурни дека решенијата се безбедни, законски и во интерес на граѓаните“, истакна Герасимовски. Тој информираше дека Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) дала позитивно мислење за нацрт-ДУП-от „Барутана“, потврдувајќи дека условите од областа на заштитата и спасувањето се соодветно вградени во планската документација. Позитивни мислења и оценки доставиле и Комисијата за урбанизам на Град Скопје, Агенцијата за катастар на недвижности, ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, Секторот за води и Секторот за природа при Министерството за животна средина и просторно планирање, Агенцијата за електронски комуникации, ЕСМ-Топлификација, Агенцијата за цивилно воздухопловство, Управата за заштита на културното наследство, АД „Водостопанство“ и Министерството за внатрешни работи. Герасимовски нагласи дека позитивните мислења од институциите не значат автоматско донесување на нацрт-ДУП-от, ниту дека со нив завршува постапката. „Мислењата на институциите се важни, но за мене е подеднакво важно да ги отстраниме сите сомнежи околу стабилноста на теренот. Затоа, покрај анализите што веќе ги имаме, ќе ѝ наложиме на планерската куќа да нарача посебна студија од Градежниот факултет за процена на ризикот од ерозија, свлекување и нестабилност на падините. Сакам да имаме јасна и целосна стручна слика пред да се носат какви било конечни одлуки“, рече Герасимовски. На крај, Герасимовски потенцираше уште еднаш дека Општината има законска обврска да ја води постапката за нацрт-ДУП-от „Барутана“, но тоа не значи дека планот мора да биде усвоен. „Имаме законска обврска да ја водиме постапката, но тоа не значи дека нацрт-ДУП-от мора да биде усвоен по секоја цена. Ќе ги разгледаме сите забелешки, ќе ги направиме потребните дополнителни анализи и ќе бараме решение кое нема да ја доведе во прашање безбедноста на граѓаните. Додека не ги расчистиме овие прашања, нема да предложам нацрт-ДУП-от „Барутана“ да се најде на дневен ред на Советот“, порача Герасимовски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
МакедонијаОдбраната на Артан Груби се оградува и им се извинува на граѓаните за синоќешниот спонтан собирОдбраната на Артан Груби ја информира јавноста дека се оградува од самоиницијативното одржување на собир на граѓани, соседи и пријатели, по повод укинувањето на мерката домашен притвор за Артан Груби по 8 месеци притвор. Собирот беше спонтан, пред домот на Артан Груби, без говори, без пораки, и без политички одбележија. Укинувањето на мерката претставува одлука на надлежните органи во рамките на законски предвидените постапки. Во името на нашиот штитеник, им се извинуваме на сите граѓани кои може да биле вознемирени синоќа од неколкуминутниот спонтан настан, што би можел да создаде погрешна слика во јавноста. Одбраната нагласува дека почитувањето на институциите, судските постапки и владеењето на правото е од суштинско значење. Секое одлучување на надлежните органи треба да се почитува без политички притисоци, лични интерпретации и јавен притисок. Воедно, потенцираме дека Артан Груби не учествувал во организацијата, ниту таа претставува некаков негов политички став или иницијатива. Секое изразување поддршка од страна на граѓани или групи е нивен личен избор и не треба да се поврзува со одбраната. Нашиот фокус останува исклучиво на правните аспекти на предметот, заштитата на правата на Артан Груби и обезбедувањето законита и правична постапка, стои во соопштението до јавноста од одбраната на Артан Груби.Тагови: Артан Груби Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
ЖивотМаж со месеци бил болен, а потоа поставил камера – сопругата, тестот и тештата завршиле во затвор!Грчката полиција во атинската населба Перистери истражува шокантен случај на обид за убиство, во кој главна осомничена е 40-годишната сопруга на воен лекар, со кого е во бракоразводна постапка. „Ертњуз“ пренесува дека лекарот (41) со месеци страдал од необјасниви здравствени проблеми, кои се појавувале главно по јадење, поради што се посомневал дека нешто не е во ред и одлучил да постави скриени камери. Случајот целосно бил разоткриен кога на снимките било забележано како неговата сопруга, со која има малолетно дете, става непозната супстанца во храната, за која се утврдило дека е атропин. Лекарот првите здравствени проблеми ги забележал уште во февруари. Откако сфатил дека мачнината и слабоста се појавуваат исклучиво по оброците, се посомневал во сопругата. Клучниот пресврт се случил пред околу два месеца во еден ресторан во северното предградие на Атина. По вечерата, лекарот повторно почувствувал здравствени тегоби, па се вратил во ресторанот и побарал да ги види снимките од безбедносните камери. На нив видел шокантна сцена – сопругата тајно му сипала сомнителна течност во чашата додека тој бил во тоалетот. За да биде целосно сигурен и да собере неоспорни докази, поставил скриен видеонадзор и во нивниот дом. Во неделата попладне, камерата ја снимила 40-годишната жена како става опасен атропин директно во тегла со мед. Воениот лекар веднаш ја алармирал полицијата. Откако сфатила дека е откриена, жената се обидела да избега, што довело до филмска потера низ улиците на Перистери. Полицајците на мотоцикли од единицата ДИАС успеале да ја пресретнат и уапсат во близина на домот. Медиумите објавиле и видеоснимка од самото апсење, на која се гледа како осомничената трча и вика „Помош“, додека гостите во блиските кафулиња во паника ја набљудуваат полициската акција. Но, тука не завршиле шокантните откритија. Набргу биле уапсени и нејзините родители, кои ја чекале во автомобил во близина. Полицијата во нивното возило пронашла дури 10 литри атропин, како и соодветна медицинска опрема. Атропинот е фармацевтска супстанца која, меѓу другото, се користи како противотров при одредени видови труење. Внесувањето на оваа супстанца во несоодветни и прекумерни дози предизвикува сериозни несакани ефекти и директно го загрозува животот. Примероците од храната во која бил ставен отровот итно биле испратени на лабораториско испитување за да се утврди точната концентрација. Мотивот за овој застрашувачки обид за убиство сè уште не е официјално потврден, бидејќи осомничената допрва треба да ја изнесе својата одбрана пред надлежните правосудни органи во Грција. Фото:Илустрација/ChatGpt Извор: НИН Тагови: жена мажот труење Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00