ВМРО-ДПМНЕ бара Џафери да ја стави на дневер ред оставката на Филипче - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ бара Џафери да ја стави на дневер ред оставката на Филипче

 И денес пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара од Претседателот на Собранието Талат Џафери, да ја стави на дневен ред Одлуката за оставка министерот за здравство, Венко Филипче.

ВМРО-ДПМНЕ бара Џафери да ја стави на дневер ред оставката на Филипче

До овој момент, Зоран Заев одбива да ја испрати до Собранието оставката на Венко Филипче од министер за здравство што самото кажува дека во рамки на внатрешните договори помеѓу себе идејата е оваа оставка никогаш да не се реализира.

Согласно договорот, Собранието работи само до следниот петок, затоа што потоа почнува кампањата за локалните избори и целта е да се превесла целиот овој период од некаде 10-тина дена и оставката на Венко Филипче да не се достави до Собранието на Република Македонија, а во исто време да не се стави точка за разрешување на Венко Филипче како што бара ВМРО-ДПМНЕ.

Целта е јасна, а тоа е да се заштити неспособноста и криминалот кој што чини човечки животи.

Сосема ирелевантно е чувството на вина и морална одговорност кај Венко Филипче, Зоран Заев, Илир Хасани и било кој друг доколку тоа не се материјализира низ оставките. А уште поголемо понижување на јавноста и на народот е кога се обидува јавноста да се излаже и замае.

Јавно некој да каже дека поднесува оставка, а потоа да си игра со таа оставка, само покажува за какви морални луѓе се работи.

Уставот е многу јасен и вели дека секој министер има право да поднесе оставка и тука завршува затоа што се знае дека кога се поднесува оставка тоа е завршен чин, не може да се поднесе оставка, па истата да ја повлечете или да не ја прифатите, затоа што некој самостојно одлучил дека веќе не сака да ја врши таа работа.

Така што овие игри и овој театар за јавноста, само покажува дека нема чесна намера.

Го слушнавме Зоран Заев како вели дека Владата не требала да падне заради пожарот кој што се случи во Тетово.

Еве јавно оттука прашувам, колку животи треба да се загубат? Колку нерасветлени случаи и несреќи треба да се случат за да почнат оставките за некој да почувствува одговорност и да падне Владата?

Одговорите кои се бараат се разумни дилеми.

Поважна ли е фотелјата на Венко Филипче или вистината за 14 загубени човечки животи?

На кој начин и со какви материјали е градена модуларната болница во Тетово, како и останатите болници кои што само заради фактор среќа, не ја доживеаја истата судбина како болницата во Тетово.

Зошто се градат објекти чии што материјали немаат никаков атест или сертификат? И клучното прашање на кое што до денес немаме одговори е, кој ги правел проектите за модуларните болници, дали е тоа согласно Закон лиценцирана компанија со А градежна дозвола или истите биле проектирани незаконски во рамките на министерството за здравство и таканаречената проектна единица во министерството за здравство?

Ова се прашања кои што до денес немаат одговор, како што и нема одговор прашањето кој земал мито за да има подобра односно основна нега за пациенти?

Овде се работи за човечки животи и се работи за одговорност и затоа апелирам до Зоран Заев да не си игра и да превземе одговорност.

Одговорноста ќе се случи на локалните избори кои што доаѓаат за еден месец, но доблесно е одговорност да се превземе веднаш затоа што никој не гарантира дека со ваков јавашлук, со ваква комбинација на неспособност и корупција, нема да има уште неколку трагедии во следниот период.

Александар Николоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија

Вучиќ на клупа за вежбање: Да бидам за нијанса помалку дебел (Видео)

Александар Вучиќ објави видео на Инстаграм од парк каде што седи на клупа за вежбање.

Вучиќ на клупа за вежбање: Да бидам за нијанса помалку дебел (Видео)

„Далеку сум од добра форма, но Србија е повторно на вистинскиот пат“, напиша српскиот претседател во описот на објавата. Во видеото, тој почна да ги наведува проектите што има намера да ги заврши во наредниот период.

Потоа рече:

„И треба да го искористам ова кратко време пред ручек како да правам нешто, за да биде помалку забележливо она што ќе го јадам. Во секој случај, Србија е повторно на вистинскиот пат. И време е да ги подобрам моите физички карактеристики, да бидам за нијанса помалку дебел и со малку повеќе енергија отколку во претходните неколку месеци.“ Тој не правеше никакви вежби.

Неговото видео набрзо се прошири на социјалните мрежи, а луѓето му пишуваа дека се бламира.

„Лошо се храниш“, се пошегуваа некои во коментарите со емотикони за сендвичи.

Алмеида нoв тренер на Севиља

Шпанскиот фудбалски прволигаш Севиља го назначи денеска поранешниот аргентински репрезентативец Матијас Алмеида (51) за нов тренер, потпишувајќи тригодишен договор.

Алмеида нoв тренер на Севиља

За време на неговата фудбалска кариера, Алмеида мина една сезона во Севиља, што беше негова прва европска станица по пристигнувањето од Ривер Плата, а подоцна играше во Италија за Лацио, Парма и Интер.

Алмеида го постигна најголемиот успех во својата тренерска кариера досега со грчкиот АЕК, со кој ја освои грчката титула и трофејот во Купот во својата прва сезона на клупата на клубот од Атина./МИА

Условни затворски казни за навивачите кои обесија кукла со ликот на Винисиус

Четворица навивачи на Атлетико Мадрид се осудени на вкупно 64 месеци условна затворска казна за злосторства од омраза против напаѓачот на Реал Мадрид и на бразилската репрезентација, Винисиус.

Условни затворски казни за навивачите кои обесија кукла со ликот на Винисиус

Инцидентот се случи во јануари 2023 година кога четворицата навивачи на Атлетико закачија црна кукла облечена во дресот на Винисиус на еден од градските мостови, со натпис „Мадрид го мрази Реал“ пред натпреварот меѓу Атлетико и Реал во Купот на Шпанија.

Првиот обвинет е осуден на вкупно 22 месеци, од кои 15 месеци за злосторства од омраза и дополнителни седум месеци за закани и споделување фотографии од стореното кривично дело преку интернет, додека преостанатите тројца се осудени на по седум месеци за злосторства од омраза и по седум месеци за закани.

Сите четворица осудени потпишаа писмо со извинување упатено до Винисиус, Реал, Ла Лига и Шпанската фудбалска федерација./MИА

притисни ентер