ВМРО-ДПМНЕ: Апасиев ист Артан Груби, и двајцата купуваа по багателни цени деловен простор - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: Апасиев ист Артан Груби, и двајцата купуваа по багателни цени деловен простор

Новиот Артан Груби е Димче Апасиев.

ВМРО-ДПМНЕ: Апасиев ист Артан Груби, и двајцата купуваа по багателни цени деловен простор

Ќе потсетиме дека деловниот објект кој семејството Груби го стекнало за околу 100 илјади евра, односно по помалку од 650 евра за квадрат, самата банка која му го доделила кредитот го проценила истиот локал за 200.000 евра.

Од друга страна Димче Апасиев исто како и Груби купува деловни простории по багателна цена. Имено, опозициската Левица купила имот во центарот на градот од 409 метри квадратни на Адвокатска улица, кој е купен со договор во ноември минатата 2024 година за цена од 295.000 евра со ДДВ. Тоа значи дека, согласно овој договор, овој објект Левица на Апасиев го купила за 721 евро за метар квадратен.

Додека пак цената која Град Скопје им ја пресметал за овој објект е 1.150 евра по метар квадратен, а данокот којшто партијата Левица го платила за купувањето на овој објект е во вредност од 739.285 денари.

Освен тоа што Димче има мерак како Артан да купува деловни објекти по центарот на Скопје, втората заедничка карактеристика е што сакаат да купуваат за џабе.

Трговецот Димче Апасиев е новиот Артан Груби. Левица не е ништо друго туку спаринг партнер од истото криминално лице за ДУИ СДС.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ е обединето и силно, во постојана координација и комуникација со членството

Вчерашниот ден го завршивме со состанок со општинскиот комитет во Неготино.

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ е обединето и силно, во постојана координација и комуникација со членството

ВМРО-ДПМНЕ е обединето и силно, во постојана координација и комуникација со членството. Во директна комуникација со членовите разговаравме за развојни проекти, нови политики кои ќе донесат уште поголем развој на државата.

фб објава на Александар Николоски, вицепремиер и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Чупиќ ги распиша претседателските избори во Србија

Претседателот на српскиот Парламент, Александар Чупиќ, денес ги распиша вонредните претседателски избори, кои ќе се одржат во недела, на 27 декември.

Чупиќ ги распиша претседателските избори во Србија

Чупиќ ја потпиша одлуката за распишување на изборите напладне во Домот на Народното собрание.

„Почитувани граѓани, во согласност со член 114, ги распишувам изборите за претседател на Србија, кои ќе се одржат на 27 декември.„Се надевам дека ќе имаме тежок избор помеѓу водечките кандидати и нивните програми, нека јавните дебати и демократскиот изборен процес бидат покана за голема излезност“, рече претседателот на Народното собрание и продолжи: „Ги повикувам граѓаните да бидат одговорни и да излезат на гласачките места на 27 декември. Нека јавните дебати бидат повик за голема излезност. Ги повикувам граѓаните да бидат одговорни за волјата да роди претседател со силен интегритет. Да живее Србија.“ изјави Александар Чупиќ.

„Оваа одлука стапува на сила од денот на објавувањето во Службен весник“, рече Чупиќ на прес-конференцијата.

Роковите за спроведување на изборните дејствија почнуваат од денот на распишување на изборите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поради процесот Брдо-Бриони во Охрид и Струга посебен режим на сообраќај

Поради претстојниот состанок на лидерите на земјите учеснички во процесот Брдо-Бриони, што денес и утре ќе се одржи во Охрид, од денеска во Охрид и Струга, на сила се засилени безбедносни мерки и посебен режим на сообраќај, информираат од МВР.

Поради процесот Брдо-Бриони во Охрид и Струга посебен режим на сообраќај

Станува збор за активности насочени кон физичко и сообраќајно обезбедување на сообраќајниците, објектите и локациите опфатени со протоколот за посета. Полициските станици за безбедност во патниот сообраќај во Охрид и Струга, на трасите предвидени за движење на возилата под придружба, интензивно спроведуваат мерки за сообраќајно обезбедување, контрола и регулирање на сообраќајот во двата града, особено по булеварот „Туристичка“ во Охрид, на дел од автопатот Охрид-Кичево, во централното градско подрачје во Струга, по регионалниот пат Струга Струга-Дебар, како и по други улици и сообраќајници каде што нема да биде дозволено запирање и паркирање моторни возила. Тука, предвидени се краткотрајни застои во сообраќајот кои ќе трааат до поминување на возилата со кои се превезуваат учесниците на средбата. Со цел безбедно и непречено одвивање на предвидените активности на терен, СВР Охрид навремено воспостави контакти и координација со службите на локалната самоуправа, со правните субјекти задолжени за одржување на патиштата и улиците, со Фондот за комунални дејности, сообраќај и улици во општините Охрид и Струга, јавните претпријатија и други релевантни институции. Апелираме до граѓаните-возачи на патнички и други моторни возила, да ги почитуваат насоките на полициските службеници на терен, со цел непречено одвивање на сообраќајот и безбедноста на сите учесници а своите возила, да ги користат само во неопходни случаи во периодот на спроведување на мерките, стои во соопштението од Министерството за внатрешни работи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер