Пожар зафати куќи кај Бит – пазар, има материјална штета - Канал 5

Пожар зафати куќи кај Бит – пазар, има материјална штета

Пожарот што попладнево избувна во куќи во близина на Бит-пазар во Скопје е ставен под контрола, но причинета е материјална штета, соопштија од скопската противпожарна единица. 

Пожар зафати куќи кај Бит – пазар, има материјална штета

Командатот на единицата Звонко Томески, кажа дека со пожарот зафатени биле индивидуални куќи. Избувнал на кров на двокатна куќа, а потоа поради близината на околните објекти, зафатил делови од уште две други куќи. Интервенирале со девет возила и со 22 пожарникари, кои го ставиле пожарот под целосна контрола. Повреднеи нема, а висината на материјалната штета допрва ќе се утврдува.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трагедија кај Златибор: Пронајдено тело на девојка – се сомнева на убиство

Вистинска трагедија се случи денеска на Златибор, каде што е пронајдено безживотно тело на млада девојка на возраст од дваесетина години.

Трагедија кај Златибор: Пронајдено тело на девојка – се сомнева на убиство

Утрово, пред зграда во поширокиот центар на Златибор, во локва крв е пронајдено телото на млада Русинка. Причината за смртта засега е непозната, полицијата била известена од граѓани кои го забележале телото на тротоарот.

„Извршен е увид на лице место, а се проверуваат и нејзините контакти од последно време. Наредена е обдукција со која ќе се утврди точната причина за смртта. Во оваа фаза не е јасно дали станува збор за несреќен случај, самоубиство или убиство. Сето тоа ќе се утврди преку понатамошната истрага“, потврдија за РИНА од Вишото јавно обвинителство во Ужице.

Според досегашните информации, починатата е млада жена од Русија, која имала изнајмено стан во зграда во поширокиот центар на Златибор. Нејзиниот идентитет сè уште не е познат.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма кај Крит: Пронајдени 13 тела, спасени 180 луѓе

Грчките власти извлекоа тела на 13 мигранти од пловен објект пронајден рано во понеделникот наутро, јужно од грчкиот остров Крит.

Драма кај Крит: Пронајдени 13 тела, спасени 180 луѓе

Од 180-те лица спасени од истото пловило, едно подоцна починало во болница на Крит, соопшти Крајбрежната стража.

Засега нема информации за идентитетот или националноста на лицата кои биле на бродот, ниту пак за причините за смртта на 14-те жртви.

Одделно, Крајбрежната стража објави дека во понеделникот наутро биле пронајдени повеќе од 180 луѓе на три други пловни објекти кои патувале од Северна Африка кон Крит, преку Средоземното Море. Како што пренесува АП, често се случува пловила да го минуваат патот од Либија до Грција – една од главните мигрантски рути кон Европа.

Пловилото на кое беа пронајдени жртвите е забележано рано во понеделникот наутро, на околу 28 километри јужно од Крит, најјужниот голем грчки остров. Крајбрежната стража првично извести дека од бродот се извлечени 12 тела, додека 180 преживеани биле спасени од товарен брод под мароканско знаме што се наоѓал во близина. Сите биле пренесени на Крит.

Подоцна, Крајбрежната стража го коригираше бројот на пронајдени тела на 13. Од 180-те спасени, четворица биле пренесени во локални болници на Крит. Меѓу нив имало и едно лице кое било во бесознание уште во моментот кога пристигнале службите за итна помош. Ова лице подоцна било прогласено за мртво во болницата, соопшти Крајбрежната стража. Јужно од Крит биле откриени уште три пловни објекти. На еден од нив имало околу 47 луѓе, на друг околу 40, а на третиот околу 100 лица. Сите три пловила биле забележани од летала или беспилотни летала на Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс). Според Крајбрежната стража, сите патници требало да бидат пренесени на Крит.

Грција претставува една од главните влезни точки во Европската унија (која брои 27 земји-членки) за луѓето што бегаат од конфликти и сиромаштија на Блискиот Исток, во Африка и во Азија. Во последните месеци, илјадници луѓе се обидоа да го минат опасното море од Северна Африка – најчесто од Либија – кон Крит. Други се упатија на многу пократко, но често подеднакво опасно патување од турскиот брег до блиските грчки острови во Егејското Море, најчесто пловејќи во дотраени гумени чамци или други мали пловни објекти.

Во октомври, Фронтекс објави дека источномедитеранската рута е најфреквентната рута за мигранти кон Европската Унија, иако бројот на илегални преминувања на границите е намален за една третина од почетокот на годината.

Според податоците на агенцијата, во текот на првите три квартали од 2026 година биле забележани приближно 31.800 преминувања – што претставува намалување од 15 отсто во споредба со истиот период минатата година.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер