ВМРО-ДМПНЕ:СДСМ и Зоран Заев се ставаат во заштита и промоција на криминалот и продолжуваат да ја бранат Катица Јанева

СДСМ  со сите сили се обидува да ја одолговлекува целата постапка за да не може да се спроведе независна истрага која ќе стигне до Зоран Заев кој е главата на овој криминален рекетарски октопод,се навњедува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. 

Медиумите секојдневно објавуваат нови информации за вмешаност на функционери од СДСМ во аферата Рекет. Затоа СДСМ одбиваат да ја разрешат Јанева, бидејќи со тоа што ја бранат Јанева, тие се бранат самите себе.

Повеќе е од јасно е дека наредбите доаѓале од Зоран Заев бидејќи невозможно е Јанева, Боки 13 и Зоран Кичеец цела година да вршат рекет, а за тоа власта да не знаела и да не му давала ветар во грб.

Фактот дека Јанева беше притворена дури по месец дена и што јавниот обвинител постапува по нејзина наредба од притвор говори дека намерите СДСМ и Зоран Заев се Рекет да не добие ефективна правна разрешница.

Невиден преседан и удар врз правниот систем во Република Македонија е Јавниот обвинител да постапува по наредба на лице притворено за тежок криминал и злоупотреба на службената положба.

Очигледно е дека Зоран Заев наместо одговорност и соодветни санкции сака амнестија на криминалот и не дозволува професионална истрага за рекетот, а ниту независно обвинителство.

Заев е исплашен човек и знае дека со независен јавен обвинител тој ќе треба да одговара за рекетот, но и за сите местенки кои заедно со Катица Јанева ги конструирале злоупотребувајќи го СЈО.

Потребно е независно обвинителство кое нема да биде компромитирано како што е СЈО и ќе биде ослободено од прангите на оваа криминално рекетарска влада. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори за конечно СДСМ и Заев си заминат и да се врати правната држава и довербата на граѓаните во системот во Република Македонија.

ДТИ добил петнаесет пријави за непочитување на препораката за денот на изборите

До државниот трудов инспекторат пристигнале петнаесет пријави во однос на непочитување на заклучокот на влада за неработни денови за денот на изборите, потврди за канал 5, директорката на инспекторатот, Весна Томовска.

Од инспекторатот велат и дека за работодавачите кои не ја почитувале одлуката на Владата ќе следуваат казни.

Од Државниот пазарен инспекторат пак, велат дека трговците ја почитувале препораката на Владата.

-За време на изборниот ден 24 април, немаше нерегуларности забележани од ДПИ и Одлуката на Владата се почитуваше од страна на трговците. - ДПИ

Работодавачите на први мај, како и за време на велигденските празници не треба да извршуваат дејност со исклучок на оние работодавачи каде работните процеси заради својата природа не можат да се прекинат.

Од ДПИ таму велат дека доколку добијат насоки за постапување, во следниот период, за време на првомајските и Велигденските празници, ќе постапуваат во согласност со надлежностите.

Европски фронт во Чаир: Ќе предложиме закон за легализација

Кандидатот за пратеник на Европскиот фронт од Првата изборна зона, Хатиџе Топали, на нејзиниот предизборен настап ја искажа загриженоста со која се соочуваат граѓаните на општина Чаир.

Кандидатот за пратеник на Европскиот фронт од Првата изборна зона, Хатиџе Топали, на нејзиниот предизборен настап ја искажа загриженоста со која се соочуваат граѓаните на општина Чаир, вклучувајќи ги дивоградбите и имотно-правните прашања. Граѓаните во Чаир, според Топали, немаат ниту тротоари, ниту паркинзи, ниту паркови за деца. Таа понатаму вели дека во Собранието ќе предложат Закон за легализација на објектите, а на 8 мај ќе побараат поддршка и за Европскиот фронт.

Во продолжение целиот говор:

Почитувани граѓани на Чаир, браќа и сестри,

Јас сум Хатиџе Топали, учителка и жител на Чаир.

По 22 години општествена активност заедно со вас, денес се кандидирам за пратеник и ја барам вашата поддршка.

На Чаир му треба повеќе и ова ќе го направиме заедно.

Нашата верба беше злоупотребена во Чаир, многу ја злоупотребија и ја доведоа во мизерна состојба, каде што нема тротоари, нема паркинг, нема патишта, нема зеленило, нема игралишта, нема водовод и канализација, нема инвестициски капитал, но има узурпација на јавни простори, непотизам, корупција и злоупотреба.

Денеска ви се обраќам како кандидат за пратеник за сериозно прашање кое не засега сите нас.

Сведоци сме на масовни градби без дозвола и без план во нашата општина, во нашиот чаир. Нашите маала се преполни, граѓаните немаат место за паркирање, децата немаат каде да играат, мајките немаат простор за прошетка.

Над 30 висококатници во Чаир се изградени незаконски и немаат ниту тапии ниту дозволи.

Челниците на Чаир во овие 20 години ги измамија граѓаните и инвеститорите, но и нивните соседи, за лична корист со тоа што ги измамија граѓаните со последните пари, да купуваат станови кои немаат имотни листови и дозволи, додека инвеститорите ги инвестираат нивните во објекти кои го немаат регулирано имотно-правното прашање.

Не се виновни ниту граѓаните што купиле станови, ниту инвеститорите што ги изградиле, туку виновни се челниците на општина што ја злоупотребиле нашата доверба за лична корист и што го уништиле нашиот Чаир и квалитетот на живот.

Затоа, ние како Европски фронт и пратеници во следното Собрание, од причина што граѓаните и инвеститорите не се виновни за овој урбанистички хаос во Чаир, ќе предложиме Закон за легализација на објекти изградени без дозвола за да ги спасиме граѓаните и инвеститорите, а ќе бараме правна одговорност за оние кои ја дозволија оваа состојба, челниците на општина Чаир.

Граѓаните, бизнисите, општеството, со нас се сигурни и треба со нивниот глас да ја осудат оваа неизвесност, урбан хаос, коруптивна измама, со масовно гласање на 8 мај, затоа што ќе ја средиме кашата што им ја приредија 20 години челниците на Чаир,с е наведува во партиското сопштение.

Дали празничните неработни денови ќе влијаат врз излезноста на денот на изборите?

Дали празничните неработни денови кои претстојат во пресрет на 8 мај би можеле да се одразат на излезноста на денот на изборите?

Од денеска започнува еднонеделниот пролетен распуст за учениците, среда 1ви мај е неработен ден за сите граѓани, потоа следува и Велики петок, неработен ден за сите Христијани. Неработен е и идниот понеделник, првиот ден од Велигден, по што следува уште еден неработен ден, 8ми мај денот на изборите.

Туристичките агенции кои ги контактиравме, велат дека има голем интерес за патување надвор од државата за време на овие неработни денови, а најмногу за соседните земји. Аранжманите се речиси распродадени, а велат интересот би бил уште поголем доколку граѓаните би имале можност навремено да извадат пасоши.

-Луѓето знаат да си ги спојат двата празници или само Велигден тие што одат сепак петок и понеделник е неработен така да го коритат на патување, предност е што и децата се на распуст. Поголем би бил интереот доколку навремено се извадеа пасошите, меѓутоа со ситуацијата луѓето неможат да патуваат сеуште некои што се сликани сеуште ги немаат добиено пасошите, малку се ограничени за патување.- Ана Марија Алексова Малева

Сепак, најголемиот дел од граѓаните кои ги анкетиравме велат дека ќе останат во земјава за да го искористат своето право на глас, а празниците ќе ги поминат во домашна атмосфера.

- Па дома ќе бидам, нема да одам никаде на прошетка и ќе гласаме.

- Ние остануваме и чекаме да гласаме, оти најбитно е гласот народот на кој ќе го даде и да има легитимитет, тоа е најбитно.

- Ќе останеме да гласаме како прво, а бидејќи ни е кратко времето планираме летно време да одиме негде, сега не е време за одмори.

- Обавезно ќе гласам, остануваме тука, се што планираме ќе биде после тоа.

Инаку, деновите од пролетниот распуст основците ќе ги обработуваат така што учебната година ќе трае до 17ти јуни наместо до 10ти, додека наставата од двата изборни дена и од неработниот ден од Соетот на министри на ОБСЕ, ќе се обработува во текот на работната недела преку подолг престој на учениците во училиштата.

притисни ентер