Европски фронт во Чаир: Ќе предложиме закон за легализација

Кандидатот за пратеник на Европскиот фронт од Првата изборна зона, Хатиџе Топали, на нејзиниот предизборен настап ја искажа загриженоста со која се соочуваат граѓаните на општина Чаир.

Кандидатот за пратеник на Европскиот фронт од Првата изборна зона, Хатиџе Топали, на нејзиниот предизборен настап ја искажа загриженоста со која се соочуваат граѓаните на општина Чаир, вклучувајќи ги дивоградбите и имотно-правните прашања. Граѓаните во Чаир, според Топали, немаат ниту тротоари, ниту паркинзи, ниту паркови за деца. Таа понатаму вели дека во Собранието ќе предложат Закон за легализација на објектите, а на 8 мај ќе побараат поддршка и за Европскиот фронт.

Во продолжение целиот говор:

Почитувани граѓани на Чаир, браќа и сестри,

Јас сум Хатиџе Топали, учителка и жител на Чаир.

По 22 години општествена активност заедно со вас, денес се кандидирам за пратеник и ја барам вашата поддршка.

На Чаир му треба повеќе и ова ќе го направиме заедно.

Нашата верба беше злоупотребена во Чаир, многу ја злоупотребија и ја доведоа во мизерна состојба, каде што нема тротоари, нема паркинг, нема патишта, нема зеленило, нема игралишта, нема водовод и канализација, нема инвестициски капитал, но има узурпација на јавни простори, непотизам, корупција и злоупотреба.

Денеска ви се обраќам како кандидат за пратеник за сериозно прашање кое не засега сите нас.

Сведоци сме на масовни градби без дозвола и без план во нашата општина, во нашиот чаир. Нашите маала се преполни, граѓаните немаат место за паркирање, децата немаат каде да играат, мајките немаат простор за прошетка.

Над 30 висококатници во Чаир се изградени незаконски и немаат ниту тапии ниту дозволи.

Челниците на Чаир во овие 20 години ги измамија граѓаните и инвеститорите, но и нивните соседи, за лична корист со тоа што ги измамија граѓаните со последните пари, да купуваат станови кои немаат имотни листови и дозволи, додека инвеститорите ги инвестираат нивните во објекти кои го немаат регулирано имотно-правното прашање.

Не се виновни ниту граѓаните што купиле станови, ниту инвеститорите што ги изградиле, туку виновни се челниците на општина што ја злоупотребиле нашата доверба за лична корист и што го уништиле нашиот Чаир и квалитетот на живот.

Затоа, ние како Европски фронт и пратеници во следното Собрание, од причина што граѓаните и инвеститорите не се виновни за овој урбанистички хаос во Чаир, ќе предложиме Закон за легализација на објекти изградени без дозвола за да ги спасиме граѓаните и инвеститорите, а ќе бараме правна одговорност за оние кои ја дозволија оваа состојба, челниците на општина Чаир.

Граѓаните, бизнисите, општеството, со нас се сигурни и треба со нивниот глас да ја осудат оваа неизвесност, урбан хаос, коруптивна измама, со масовно гласање на 8 мај, затоа што ќе ја средиме кашата што им ја приредија 20 години челниците на Чаир,с е наведува во партиското сопштение.

ЗНАМ: Максим Димитриевски политичар за кого 48% од граѓаните во Македонија со позитивно мислење

На листата на омилени политичари во земјата Максим Димитриевски го презема приматот. 

Имено, според објавената анкета на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт, Максим Димитриевски е политичарот за кој 48 посто од испитаниците во земјава дале позитиво мислење. Од нив 33 посто се изјасниле дека имаат позитивно мислење и 15 проценти многу позитивно.

За Христијан Мицковски позитивно се изјасниле за три проценти помалку испитаници, односно 45 посто, додека 46 проценти имаат негативно или многу негативно мислење.

Димитар Апасиев 31 процент го оцениле позитивно, а 54 процент од испитаниците имаат негативно или многу негативно мислење за него.

За Димитар Ковачевски само 23 проценти од анкетираните граѓани имаат позитивно мислење, а дури 68 проценти од испитанците за него искажале негативно или многу негативно мислење.

Али Ахмети и Арбен Таравари имаат позитивна оценка од 19 проценти, со тоа што кај Ахмети 10 проценти се изјасниле дека имаат многу позитивно мислење, а 9 позитивно, додека кај Таравари 5 проценти се со многу позитивно, а 14 со позитивно мислење.

Од податоците изнесени во анкетата може да се заклучи дека најнеомилен политичар во Македонија е Али Ахмети за кого 72 посто од испитаниците рекле дека имаат негативно или многу мислење за него, додека за Арбен Таравари 68 посто рекле дека имаат негативно или многу негативно мислење за него, исто како за Димитар Ковачевски.

Инаку во анкетата на Институтот се опфатени и други прашања од значење за животот на граѓаните во земјите од Западен Балкан.

На прашањето дали би го поддржале приклучувањето кон ЕУ доколку денес се одржи референдум 68 отсто од испитаниците одговориле позитивно. Но, 47 проценти од нив се сомневаат во сериозните намери на Европската унија да им понуди членство на земјите од Западен Балкан.

Испитаниците во Македонија членството во НАТО го оценуваат како позитивно за што се изјасниле 70 посто од испитаниците, од кои 32 посто како многу позитивно и 38 проценти позитивно.

Повеќето испитаници, 55 проценти, одговориле дека знаат што е иницијативата Отворен Балкан, а 48 проценти ја поддржуваат.

Резултатите од анкетата покажуваат дека 78 проценти од испитаните граѓани во земјава сметаат дека државата оди во погрешен правец. 90 проценти од анктираните граѓани се изјасниле дека корупцијата ја сметаат за сериозен проблем, од нив 72 посто рекле дека е многу сериозен, а 18 сериозен проблем.

Крадењето и лошото менаџирање се оценети како основен тип на коруптивно однесување со 26 проценти, а потоа доаѓа работењето во личен, наместо во интерес на граѓаниете со 25 посто.

Како најкорумпирани се оценети поличарите 26 посто, а потоа судството со 23 проценти. Корупцијата преовладува на државно ниво, 48 посто, додека на локално ниво неа ја перцепираат 11 проценти од ипитаниците.

Граѓаните сметаат дека нема искрена намера во институциите за борба против корупцијата. Па така 59 проценти оцениле дека ја нема во судството, 50 проценти во парламентот, исто толку сметаат дека ја нема и кај премиерот, а 42 проценти кај претседтелот.

Во однос на медиумите 11 од испитаниците рекле дека се слободни, а 42 посто дека се делумно слободни.

Информирањето за политички прашања најмногу оди преку телевизиите за што се изјасниле 52 проценти од граѓаните, а социјалните медиуми само 20 посто.

Податоците за истражувањето се собрани од 2 февруари до 5 март 2024 година од 1.220 возрасни испитаници во Македонија.

Сектор за односи со јавност

Движење ЗНАМ

Работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и „ВРЕДИ“ на прва средба, ја усогласуваат програмата

Работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и „ВРЕДИ“ на прва средба, ја усогласуваат програмата на идната влада.

По лидерската средба викендов во седиштето на ВРЕДИ, пред околу еден час партиските групи ги почнаа преговорите, за владината коалиција.

Но овојпат во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Таму е Елизабета Спасеновска Дамјановска.

Бети што може да се очекува од оваа прва средба на работните групи и во кој состав се работните групи?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

На Фицо ќе му биде извршена уште една операција, атентаторот се соочува со доживотен затвор

По петте испукани куршуми, од кои најмалку два завршиле во телото на Роберт Фицо, словачкиот премиер е во стабилна, но се уште сериозна состојба.

Со повреди во стомакот и едната рака, останува на одделението за интензивна нега во болницата во Банска Бистрица.

-Операцијата траеше пет часа, на која беа вклучени два тима доктори. Хируршки и трауматолошки, пациентот има повеќе прострелни рани, чии последици ќе влијаат на неговото заздравување. , изјави Мириам Лапуникова, докторка во болницата.

Полицијата јавно не го соопштува ниту мотивот, ниту идентитетот на атентаторот, иако медиумите веќе го прогласија 71-годишниот словачки писател Јурај Цинтула за извршител. Проструи и наводна видео снимка од неговото сослушување во полициска станица, на која тој признава дека нападот е политички мотивиран.

-Не се согласувам со политиката на владата. Масовните медиуми се ликвидираат, зошто се напаѓа РТВС, зошто Мажак е сменет? , изјави Јурај Цинтула, наводно осомничен за атентатот.

Словачките власти алармираат да се смират политичките страсти. Миниситерот за внатрешни дури алармираше дека земјата е на праг на граѓанска војна, за што обвини дел медиумите и социјалните мрежи за ширење говор на омраза. Новоизбраниот претседател повика на разум.

-Како иден претседател, згрозен сум од степенот на омраза поради различно политичко мислење. Не смееме да одговараме на омраза со повеќе омраза, инаку ова зло никогаш нема да престане. Петер Пелегрини, новоизбран претседател на Словачка.

На удар на јавноста се најде и обезбедувањето на Фицо. Дел од експертите во Словачка избројаа неколку клучни грешки - од тоа дека бодигардите делувале некоординирано и никој од нив не скокнал да го заштити со што дозволиле напаѓачот да испука дури пет куршуми од непосредна близина. Ова уште повеќе што и самиот Фицо пред еден месец алармираше дека можеби ќе биде мета на напад.

-На улица грубо се навредуваат владините политичари, а јас само чекам оваа фрустрација, која толку интензивно ја продлабочуваат Деник Н, „Сме“ и „Актуалити“, да се претвори во убиство на еден од водечките владини политичари. Не претерувам ниту за милиметар. , изјави тогаш Роберт Фицо, премиер на Словачка (10 април).

Ова е и прв напад врз политички лидер во модерната историја на Словачка и во последните две децении во Европа. Последен пат жртва на атентат беше беше екс српкиот премиер Зоран Ѓинѓиќ во 2003-тата.

притисни ентер